Олимпискиот спорт спортско качување достапен и во Крушево

Со поставувањето на карпата за искачување во спортската сала во Крушево градот станува уште попривлечна дестинација од аспект на понуда на модерни алатки за спорт и авантуристички туризам. Спортското качување станува олимписки спорт и за прв пат се воведува на олимписките игри во Токио 2021 година, а со поставувањето на карпата за искачување овој спорт е достапен за туристите во Крушево.

Проектот на општина Крушево со посебен фокус на карпата за искачување е избран за проект на неделата. Еве што пишуваат од официјалната „Фејсбук“ страница на Проектот за локална и регионална конкурентност.

„Спортското качување за првпат ќе биде воведено како спорт на летните Олимписки игри кои се одржуваат 2021 година во Токио, а болдерингот ќе биде една од трите негови дисциплини.

Фото: Проект за локална и регионалн конкурентност

Болдеринг е спортска дисциплина која обично се изведува на карпи високи до 6-7 метри, без никаква помошна опрема, а за заштита од повреди се користат единствено душеци, кои се поставуваат под карпата на која се качува натпреварувачот. #LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ПотпроектНаНеделата“, стои во објавата.

Поставувањето на карпа за искачување е во рамки на пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ кој е финансиран од ЕУ, а го имплементира општина Крушево со крајна цел збогатување на авантуристичката понуда и привлекување поголем број на авантуристички туристи.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)