Овој септември најубав во Крушево
Ми се чини дека овој септември е поинаков и особено поубав од претходните. Некако овој септември го доживуваме послободен заради се’ уште топлото време, заради задоцнетото активирање на туристичката сезона и заради сфаќањето дека нашиот град е еден од поубавите.

Градот е жив, раздвижен. Рестораните и кафулињата околу пладне и во вечерните часови се полни. Улиците се свежи, како сега да почнало летото. Туристи гледаме секој викенд, а природата „на велико“ се истражува.
Септември е поинаков затоа што се’ уште не сме се наситиле од летото. Сакаме уште лето, сакаме авантура, сакаме да истражуваме, да зборуваме за убавините да перцепираме зелена боја.
Времето деновиве е посвежо. Ова е доцно лето и летото во септември не може да биде толку топло на 1 250 м.н.в. како во останатите месеци. Но, убаво е. Преубаво.

Речиси секоја вечер го посетувам Крушевското Езеро, а викендите се резервирани за прошетки кон Мечкин Камен, Црн Врв, Станич и други локалитети и области во бујната и широка природа на Крушево.
При моите прошетки покрај стандардните практикувачи на здрав живот гледам скараџии и риболовци кои не се откажуваат од Езерото и ги црпат и последните моменти за оваа година.
На Гумење е уште повеќе раздвижено, а спортските терени се исполнети до доцните вечерни часови.

Крушево, имам впечаток, живее поинаку овој септември. Живее убаво и мирно. Го пишувам ова не само заради моите впечатоци, туку и заради тоа што Крушево е привлечно за туристи. Немам параглајдинг натпревари, но имаме параглајдеристи, немаме фестивали како Taste Krusevo но програмата беше исполната со најпознатото дуо во моментов Дац и Александар Митевски.
Овој септември за мене е толку убав шо мислам дека нема никогаш да го заборавам. Нека биде и за вас.