Која е најстарата црква во Крушево?
Најстара црква во градот е црквата св. Богородица, која е изградена во 1867 година. Црквата е трибродна базилика и е сместена на периферија, или поточно во Мијачкото маало.

Во Крушево има четири цркви. Во минатото нивниот број бил и поголем, меѓутоа тие биле попримитивни, се до изградбата на модерни градби што започнала со доселувањето во градот на најпознатите балкански градители – Мијаците. Крушевските цркви импресионираат со својата архитектура, особено со внатрешниот простор. Во концепцијата на овие цркви, присутни се влијанијата на домашната традиција во оживувањето на базиликалната форма, како и на современите тенденции на романтичарските движења, што е карактеристика на градбите од овој вид низ Македонија.
Црквите денес покрај тоа што се верски објекти тие се едно од најсилните обележја на Крушево кои ги симболизираат историјата, културата и туристичкиот потенцијал на градот. Црквите Св. Никола, Св. Јован. Св. Троица и Св. Богородица се отворени секој ден за посета.