Преку диџеингот ги прикажувам моите емоции и уживам во тоа, вели Dj Estephano.

Dj Estephano е еден од најперспективните диџеи кои можеби е познат цела наша држава. За да го запознаете подобро во продолжение прочитајте што кажа тој за себе и за тоа што го работи во краткото интервју од неколку наши прашања.

Прво што го прашавме е кога е роден, каде и што студира и која година е? А тој ни одговори: Роден сум на 1-ви април 1996 година, студирам во Скопје на УКИМ, Економски факултет (насока Е-бизнис) и сум апсолвент оваа година.

И него исто така го запрашавме од кога се занимава со диџејство? На диџејската сцена сум веќе 7 години, одговори.

Следното прашање за Dj Estephano беше зошто се занимава со диџејство, а како одговор следуваше дека причината е едноставна, публиката која доаѓа на неговите настапи се забавува. „Мислам дека ги прикажувам моите емоции преку диџеингот и уживам со тоа“, вели Естефано.

На прашањето дали во иднина мисли да се занимаваш со диџејството, тој ни одговори: „Секако, чест ми е и посебно драго што бројам настапи низ скоро цела Македонија, тоа веќе активно трае 2 години, благодарение на мојата менаџмент екипа ,, Lollipop Entertainment” , која го забележа мојот талент и работа, па и го лансира на некој начин“, констатира нашиот другар и ди џеј.

„Дали имаш некои познати личности, странски и наши, кои ти служат како инспирација? – ,,Секој човек мислам дека има барем по еден идол, па така и јас. Секако дека имам повеќе идоли, дел од нив веќе сум ги запознал, разменил збор-два, пуштал рамо до рамо музика и се стремам во идно време да сум на нивно ниво“.

Летото 2019 година имав една ,, нереална” шанса за мене, да го запознаам Dj Dannic, кој за мене важи како еден од најкомплетните и најуспешните ди џеи ширум светот. Таа ноќ нема никогаш да ја заборавам, бидејќи покрај можноста што бев поканет да се дружам со него и неговата екипа во бекстејџ, јас го запознав мојот идол, а од тогаш и пријател. Убаво е кога ќе го запознаеш својот идол, гледаш како размислува и посакуваш да го стигниш барем приближниот ,,mindset”. ,,

Следно – Како започна приказната со диџејството? – „Приказната кај мене започна постепено. Интернетот сега ни’ помага да видиме што слуша светот, што слушаат различни народи и при рака ни е секоја музика. Едноставно диџеингот е створен за мене, а јас за него. Кога го сакаш она што го работиш, ти си среќен човек викаат, сосема се согласувам“.

На прашањето: Што ќе им порачаш на сите кои ја слушаат твојата музика?, тој ни одговори кратко – Кога Ве гледам вас среќни и јас сум среќен.

И како последно прашање, кој е твојот предлог за подобрување на културно забавниот живот во Крушево? Вели: На одличен пат е, и не ме изненадува воопшто тоа, имате одличен тим и стремете се да се надминувате себеси секој нареден пат.

Нас само ни преостанува да му се заблагодариме на Dj Estephano за одвоеното време и му посакуваме многу успех како во диџејството, така и на секое поле во животот. Крушево е гордо да има успешен и амбициозен сограѓанин како тебе, а верувам дека во блиска иднина ќе не направиш уште погорди.

Интервјуто го водеше Марија Филипова/

Крушевскиот Dj Tasesskii: Од хоби „диџејството“ ми стана начин на живот

Dj Tasesskii е еден од поновите и помлади ди џеи во нашиот град. Направивме интервју од неколку прашања, па дознавме интересни работи за него. Прочитајте што сподели тој со нас.

Прво го прашавме за тоа кога е роден и во кое средно училиште учи, а тој ни одговори: ,,Роден сум на 10-ти април 2002 година, учам во средното училиште ,, Орде Чопела” во Прилеп и сега сум трета година.

Потоа, го прашавме колку години е диџеј, а како одговор следуваше дека со „диџејство“ се занимава веќе три години.

Каде се’ има настапувано?

Најчесто настапува во нашиот град и во добро познатите локални клубови: ,,Клуб Планет, Сноу бар, Најт клуб Белами и Најт клуб Вип во Прилеп. Има настапувано и на неколку фестивали кои се одржуваат во Крушево и тоа на: Крушево Будно, Тејст Крушево (Taste Krushevo), Еду штанд како музика во позадина, како и за празникот Илинден во склоп на програмата ,, 10 дена Крушевска Република”.

Неговата музика се слушала и преку ден и навечер, така што одговара на сите вкусови и различни амбиенти.

Покрај клубовите и фестивалите, има настапувано и на приватни забави како што се матурите и полуматурите.

Следно го прашавме, зошто се занимава со „диџејство“? – „Од секогаш сум ја обожавал музиката и секогаш сум сакал да свирам на некаков инструмент, но како што поминуваше времето повеќе се интересирав за електронската музика. Со тоа се роди мојот сон и мојата желба“.

На следното прашање дали во иднина би се занимавал со пуштање музика, тој ни одговори дека дефинитивно би се занимавал со тоа, бидејќи започнало како хоби, но веќе прераснало во начин на живот.

И за крај – „Кои од познатите личности служеле како инспирација за Dj Tasesskii да се занимава со „диџејство“? – „Инспирација ми се: Тујамо Хугел, Џејмс Хајп, Армин Ван Бјурен, Сунери Џејмс и Рајн Марикано“.

Ние му се заблагодаруваме за краткото интервју на Dj Tasesskii и ни’ останува само да му посакаме многу среќа и успех во тоа што го работи.

Со нетрпение го очекувамe твојот следен настап!

Денот на ослободување на херојско Крушево

На 8-ми септември секоја година, по повод денот на независноста на Република Македонија и денот на ослободување на Крушево локалната самоуправа, Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ и во соработка со угостителскиот сектор организираат целодневна забавна програма.

Марш до Мусица, 2018

Во рамки на одбележувањето на овој ден се организира пешачка тура од манастирот Св. Преображение, до планинскиот врв Мусица, а во вечерните часот забава под отворено небо.

Во 2019 година во соработка и со Еурофарм аптеки настапи Кристина Арнаудова, додека во 2018-та, како првенче на одбележувањето на овој ден, настапија групата Шербет и ди џеј Марио Еди.

Крушево – ко шо го гледам јас…

Е тоа ти е бачко рај на земјата. Од кај да почнам да зборам за Kрушево, а да не пропуштам нешто важно.

Ај од сам почеток, а тоа ти е Скопската автобуска од кај шо си фаќаш комбе. Запамти го последниот здив шо си го земал скопски воздух зашо тоа понатаму многу ќе биде важно. И така тргнуваш, едно 3 саати клацкање у комбе, ама како викаат …. ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА.

Стигаш Крушево и сеа шо се дешава? Првиот воздух шо ке го вдишеш не се опишува, тоа треба да се доживее. Ладен грст свеж планински воздух ти проаѓа низ гради а само до пред 3 саати си дишел скопски смог и прашина. Затоа е битно да се запазат овие два момента зашо се случуваат во рок од неколку саати, а многу значат..

krusevo

На автобуска у Крушево ако си таксал приватен смештај нормално те чекаат домаќините. Срдечно ќе се поздравите и секако ке ти ја понуди својата помош за багажот. Затоа шо Крушевчани се големи домаќини нормално ќе те понудат во својот дом со кафе и локум, а сигурно нема да одбиеш и една домашна љута ракија која шо уште толку ќе ти ги отвори градите. После малиот одмор и први импресии, следи искачање и шетање.

Фото: Викенд во Крушево

Е сеа, места за шетање има да бираш, моеш да фатиш околу коријата и да гледаш недопрена убавина колку ти душа сака, едноставно Господ не штедел на ова место. Ако не си дента за околу коријата, моеш да тргнеш до месноста Гумење, па моеш да забегаш накај езерцето, а ако е топло моеш и да се брцнеш у него зашо водата си е чиста и проверена. Ако си со кола можеш комотно да зацепаш накај манастирот Свети Преображение. Е таму е прекрасно, значи преубаво. На дланка ти е се, значи пред тебе цел хоризонт шо не се догледува, а ти стоиш на врвот.Е таа убавина со пари не се плаќа, маѓијата шо ја има тоа место ќе допре до секој.

Фото: Филип Ристески

Откако убаво ќе се изнадишеш чист планински воздух, а секако у меѓувреме нема да запалиш цигара и да се заебеш, сфаќаш дека си огладнел и се враќаш назад у град нешо да стаиш у стомак. Е за јадењата можам до утре да расправам, ама ај ќе ги опишам најкратко.

Шо и да одбереш, кое од кое поубаво. Е сеа бирај: сакаш пица која е неверојатно вкусна секаде и газдиве не штедат на матерјал. Ма боља е од Италија, таму уствари е ко лист хартија, а овде има бајаги за јадење. Ја препорачувам Влашката пица, и нека не ве лаже името, баш е богата, уствари најбогата. Ако нејќеш пица можеш да си земеш крушевско грне. Е тоа ти е бачко перверзии, јадеш и се топиш од шо ти е убаво. Ако си ултра гладен има една пита баш онака масивна и голема, со три типа месо, со печурки, кашкавали, чуда …. Е таа коа ќе ја видиш, прво око ти се храни, па после и влагаш ко да не си видел. Од префинетиве јадења моеш да си земеш и топено сирење, шпагети, тортелини и сето тоа помешано со убави зачини што му даваат шмек.

Е сеа ,ако си кафански чоек ќе си идеш у кафана на скара. Скарата е секаде лудило, крушевските кафеанџии се мајстори за скара. Прво моеш една ударна ракија со шопска, а потоа да улета некое свинско ребро или некоја масивна шарска, за на крај да си здрвиш едно ладно пивце и да викнеш сметка. Е сметките, коа сме кај нив се стварно смешни, за сите јадења шо ги спомнав нема да потрошиш поише од 3 евра, а ефектот е коа ќе си го ѕирнеш стомакот …. Цени пристапни баш за секој, услугата топ за разлика од она охриѓанине, морав да ги спомнам сеа зашо појма немаат од однос кон муштерија и туризам.

Ресторан Шапе Крушево

Откако добро ќе се најадеш и си идеш накај смештај, не е лошо да поминеш и да си земеш еден, два или поише локуми со ореви шо ти ги порачале твоите, и ке бидат многу љути ако не им ги однесеш.

Крушевскиот локум е бренд, турците шо им е традиција подзинуваат коа ќе го видат и вкусат. Откако добро ќе одмориш вечерта идеш по кафичи. Е таму ти е бачко екстра, љубезни луѓе се запознаваат со тебе, никој не те глеа попреку зашо си од надвор, едноставно питом, добар народ шо цени затоа шо ти си дошол у нивното градче. Цените на пијачките шо да кажам, багатела е мал збор. За 50 денари имаш коњак, џин и вотка, за исто толку пари пиво, се на се за 300 денара се праиш тиква и убаво ти е бе …..

Добро здрвен си идеш накај дома, ама пошо има угорници така убаво ќе си отрезниш и више осмици не праиш. Си легнуваш зашо си више изморен и кома. Ама се будиш рано посабајле, наспан и не те боли глаа ко у Скопје коа ќе се начукаш. Следи кафица у некој од локалните кафичи и нова рута на шетање и активности. Нешто шо мора да се види тука е Етно градот. Е тоа ти е атракција и концепт шо не моеш да го видиш на друго место у светот. Да ја доловиш атмосферата како шо била у 1903 г. е право совршенство. Низ градот шетаат комити и турци, чорбаџии и чорбаџики, па ќе ги видиш на некоја маса како седат заптијата и Питу Гули, уживаат у убавата влашка песна и си маваат по некое чоканче ракија.

А да гледаш крушевска свадба како шо била на времето е неповторливо. Невестата тенка, висока,во бел свилен фустан, а зетот напрчен, добро скоцкан и сето тоа во придружба на родителите на двајцата кои се наддаваат кој поише ќе ги дарува младиве. Е после тоа следат ора,зурли и тапани, општо весеље каде секој може да се фати за оро и да го долови моментот. Е не моеш секој ден на оро да играш со згодна чорбаџика, да се разбереме… Се на се,концептот на Етно градот е врвот, секоја чест.

Е вакво како шо го опишав е Крушево у моите очи. Ни за најдобрата моја бивша не сум користел поубави зборови, колку за овој рај. Има маѓија градов шо секогаш те враќа назад,а може и некоја Крушевчанка или Крушевчанец ќе те врати …. никад не се знае.

Шо да кажам друго освен дека сум ОТКАЧЕН ПО КРУШЕВО !!!!!!! ОТКАЧИ СЕ И ТИ … ПОЗДРАВ

Автор: Марјан Марги

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)