Од ски центар до место за сите сезони

Ски центарот Станич навистина прераснува во место за 4 сезони. Ако зимата се качувавме со жичарницата на ноќно скијање, деновиве тоа го правиме за да направиме прошетка, да го пробаме авантуристичкиот парк и остантите искуства на ова место.

Минатиот викенд се упатив кон жичарницата. Информиран бев дека работи и може да се користи од утрото, па се до 16 часот. Купив карта која вклучува користење и на ресторанот на Станич. Навистина, добра понуда!

Возењето со жичарницата е навистина убавина. Ние, крушевчани, жичарницата ја поистоветуваме со зима и ова е ново искуство. Но, навистина доживувањето беше едно од централните овој ден 😀

По симнувањет од жичарница следува спуштање до ресторанот каде што може да се почне со кафе и закуска или пак може да се проба возење со Go – cart или тестирање на авантуристичките способности во авантуристичкиот парк – спуштање на јаже, искачување карпа и друго. Ова место има и кошаркарски терен, така што спортските потреби можат да бидат целосно задоволени.

Мојот престој продолжи со закуска во ресторанот, кратка прошетка и спуштање со жичарницата. Спуштањето е уште поубаво искуство. Додека сте во воздух, но и штом стапнете на земја се чувствувате ослободен, релаксирано, сите мускули ви се разлабавени.

Станич е наше место за било кое време. Секогаш со содржини за да го направат престојот во Крушево поубав. Време е за четири сезонска авантура.

Пишува: Сотир Габелоски

Крушево во септември – еве што не очекува

Веќе неколку дена нова група на параглајдеристи од Европа престојуваат во Крушево и се подготвуваат нови меѓународни натпревари, а пред нас е уште еден викенд во кој ќе се одржи градска улична трка и Крушево низ корија.

Прочитајте повеќе: Градска улична трка овој викенд во Крушево

Сончевото време ја продолжува летната сезона во Крушево. Времето е исполнето со содржини, но и без некои несекојдневни настани тука се жичарницата во Крушево и ски центарот Станич кој е преобразен во центар за 4 сезони.

Пред само 2 дена во Крушево пристигна нова група на параглајдеристи. Како што претходно најавивме во месец септември не’ очекуваат два параглајдинг натпревари, а попатно гледаме дека има и многу настани.

Покрај Крушево низ корија и градската улична трка утре во 18 часот веќе наредниот викенд продолжува со Krushevo Trail Challenge кој беше преходно одложен.

Прочитајте повеќе: Настани се одложуваат, но не откажуваат

Но, има уште нешто. Тоа се вечерните пејзажи на Крушево. Верувајте тие се неодоливи.

Градска улична трка овој викенд во Крушево

На 4-ти септември со улична трка низ улиците на Крушево ќе се одбележи Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево.

Засега се пријавени околу 30 учесници, а трката ќе започне во 18 часот пред платото на Гумење. За и вие да се пријавите користете го следниот линк.

Подолу може да ја погледнете мапата каде ќе се одвива трката.

Градската улична трка е дел од проектот„Малдински активизам за еко туризам“ кој го спроведува НВО „Центар за хумани односи“ – Крушево со финансиска поддршка на Агенцијата за спорт и млади, а во партнерство со општина Крушево

Овој викенд покрај оваа трка не’ очекува и фестивалот Крушево низ корија што значи имаме исполнет викенд во Крушево.

Флајмастер опен – уште едно параглајдинг првенство во Крушево

Веќе неколку дена во тек е уште едно големо параглајдинг првенство. Се работи за Флајмастер опен кој традиционално се одржува во Крушево со години на назад.

Крушево е исполнето со параглајдеристи од цела Европа, но и други континенти, а крушевското небо…. не е потребен опис, само погледнете ја фотографијата подолу.

Ова е второ првенство кое се одржува ова лето во Крушево, а до крајот на септември ќе с еодржат уште две. Но, тука се и параглајдеристи од целиот свет со различно ниво на познавање на спортот кои доаѓаат рекреативно и не се учесници на првенствата. Тука се да го восприемаат крушевското небо, пријатниот ветер и чистиот воздух.

Од почетокот на август тимот на Викенд во Крушево доби многу повици и пораки за тандем параглајдинг. Интересот за ова искуство е навистина голем. Бидете и вие авантуристи и пробајте го ова несекојдневно чувство.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)