Флајмастер опен – уште едно параглајдинг првенство во Крушево
Веќе неколку дена во тек е уште едно големо параглајдинг првенство. Се работи за Флајмастер опен кој традиционално се одржува во Крушево со години на назад.
Крушево е исполнето со параглајдеристи од цела Европа, но и други континенти, а крушевското небо…. не е потребен опис, само погледнете ја фотографијата подолу.

Ова е второ првенство кое се одржува ова лето во Крушево, а до крајот на септември ќе с еодржат уште две. Но, тука се и параглајдеристи од целиот свет со различно ниво на познавање на спортот кои доаѓаат рекреативно и не се учесници на првенствата. Тука се да го восприемаат крушевското небо, пријатниот ветер и чистиот воздух.

Од почетокот на август тимот на Викенд во Крушево доби многу повици и пораки за тандем параглајдинг. Интересот за ова искуство е навистина голем. Бидете и вие авантуристи и пробајте го ова несекојдневно чувство.