Крушево – неисцрпна инспирација

Времето изминатиот викенд беше променливо како никогаш досега, но ако навистина сакате да го восприемете ќе го искористите времето, паметно и максимално.

Денот го започнуваме со првото утринско кафе. Изминатиот викенд ја избравме локацијата хотел Панорам & спа. Вкусно кафе и прекрасен поглед додека чекате дождот да престане. Се надевате упорно на подобрување на временските услови додека гледате во градот кој е постелен под хотелот.

Само што сте тргнале да станете забележувајќи дека дождот спласнал, бранот се засилува повторно и продолжува да врне. Дождот ве обесхрабрува и повторно седите и надежно очекувате подобрување на времето.

Кога времето е добро за шетање Крушевско Езеро е неизбежен дел. Облаците не се обесхрабрувачки. Токму напротив, тие се поле за нови пејзажи.

Првичната желба беше патување со жичарницата, повторно, но несигурните временски услови не‘ повлекоа кон Гумење и Крушевско Езеро.

Направивме неколку одлични фотографии и полека, но сигурно времето се подобри и повторно бевме сведоци на сончевото време и уште поубави погледи.

Крушево е неисцрпна инспирација ?

Пишува: Сотир Габелоски

БРАЌА ЗЕМЈАЦИ, Крушево низ корија овој викенд

Браќа земјаци и мили комшии!….. Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познаници од убавото Крушево и од неговите китни села, ве каниме на седмиот по ред фестивал на отворено Крушево низ корија, без разлика на вера, народност, пол и убедувања..!
Годинава фестивалот ќе се случи на 18 и 19 Септември(сабота и недела)…активностите и стартот на турите традиционално ќе бидат во кампот на Мечкин камен.

Утре и задутре (18 и 19) септември ќе се одржи Крушево низ корија кој содржи велосипедски тури, тандем параглајдинг и КЗЖ со ди џеј сетови.

Целосната агенда погледнете ја на следниот линк.

Многу спорт, многу култура – убаво лето во Крушево

Ова лето Крушево беше домаќин на бројни спортски настани, покрај рестартираните музички, театарски, ликовни и други настани. Сето тоа доведе Крушево да биде повторно она препознатливо од пред Ковид 19.

Ајде, да поразговараме за дел од настаните…

Втора година по ред во Крушево се одржа пливачки маратон на Крушевско Езеро. На едно место повторно се собраа најдобрите спортисти од овој спорт, а глетката и доживувањата на гостите и крушевчани беа поголеми од минатата година. Маратонот по втор пат се одржува во Крушево и сигурно ќе стане традиција во нашиот град.

Покрај настани од натпреварувачки карактер неколку тимови од различни спортови го искористија чистиот воздух и пријатното време да се подготват за новата сезона. Најпрво младинската кошаркарска репрезентација престојуваше во Крушево и секојдневно ги користеше природните убавини за свои подготовки.

Потоа, тука беше тимот Volley Star Shape кој донесе бројни млади заљубеници во одбојката. Исто така, традиционално се одржаа подготовки и школа за тенис од МТП тенискиот клуб од Скопје.

Голем интерес предизвика градската трка на 5 километри која се одржа по повод Денот на независноста на Македонија и Денот на ослободување на Крушево. Но, и после тоа продолжуваат активните спортски активности, како на пример Крушево низ корија кој ќе се одржи овој викенд во Крушево.

Полека се ближи крајот на едно многу убаво лето кое што ни дојде како добро освежување после година дена и повеќе без настани. Веќе имаме најава за нови настани во Крушево оваа есен, но за тоа во наредниот пост 😛

„Еден маж и повеќе жени“ театарска претстава која не се пропушта

Дека Крушево целосно се враќа со туристичка и културна понуда е доказ рестартот на театарските претстави, предводени од талентираните крушевски актери.

Во петок во 19 и 30 часот во оспособената сала за театар и кино во горната училишна зграда ќе се одигра претставата Еден маж и повеќе жени во изведба на Михајло Миленкоски, Захарија Ангелеска и Аница Бебиќ.

Еден маж и повеќе жени ”, е претстава која ве поканува во светот на Гарунски, маж кој е зашеметен од низата изненадувања кои му ги приредуваат жените околу него. Создадени од истата природа, жени обединети, кои постојано се менуваат – една е премногу обична, друга премногу вознемирена, една премногу добра, друга премногу авторитетна, трети очајни или неизлечиво романтични, успеваат да го трансформираат Гарунски во мажот на денешницата. Тоа е една константна борба помеѓу половите – тема која потсетува на разноликоста и спектарот на нивните мисли и дејствувања.

Но, ако некогаш беше актуелно дека мажите се од Марс, а жените од Венера, денес ќе се запрашаме од каде всушност доаѓаат нашите битија и на што сé се спремни, за да остават трага во историјата на своето постоење. Оваа претстава преку нејзината едноставност ќе ви ја долови деликатноста на прашањето ” Што сум јас? “, се вели во најавата за настанот.

Влезот е 150 денари, а местата се ограничени во рамки на протоколите за заштита од Ковид 19.

Резервирајте го вашето место! Линк до настанот.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)