Крушево – домот на параглајдингот

Туристичката кампања за откривање на убавините на нашата земја ги дава посакуваните ефекти. Секое интересно место кое има што да понуди веќе е на мапата и на домашните, а многу повеќе на странските посетители . Така е и во Крушево, кое со многубројните содржини, а секако и со природата, ги одушевува туристите.

Крушево веќе пулсира 12 месеци во текот на годината како вистински туристички центар. Градот е преполн со гости. Прекрасната природа, параглајдингот, музеите, историјата се адутите на Крушево.

Мечкин Камен, Крушево. На 1420 метри надморска височина. Поглед на пелагониската рамнина што восхитува. Чуството е возвишено, се чини го имате просторот на дланка. Тоа е излетиштето на летачите, на „зависниците“ од адреналинот. На луѓето кои посакале и храбро го приграбуваат чувството да се биде човек-птица. Тоа се параглајдеристите. Македонските, европските, светските. Го пронајдоа своето идеално место за да се вивнат во височините, да остават сè приземно, да се доближат до небесните височини.

Пределите се фантастични за прецизното слетување и за долгите прелети во кои со часови трае уживањето. Небото над Крушево е полно со воздушни струења. Широките долини нудат повеќе места за сигурни и безбедни слетувања. Опкружено од сртови и ридови, Крушево нуди одлична инфраструктура за пристап до стартните места за полетувања, како и локации каде пилотите лесно можат да бидат соберени после подолги крос-кантри летови.

Во Крушево сезонски работат неколку параглајдинг клубови и нудат тандем параглајдинг летови по пристапни цени.

Автор: Стефо Јанкулоски

Крушевска сабја – специјалитет кој не се пропушта

Крушевската сабја е едно од најуникатните традиционални јадења во крушевските ресторани, а овој специјалитет се подоготвува и служи само во етно ресторанот Крушевска Одаја.

Во оваа објава накратко ќе ви го претставиме рецептот и начинот на подготовка на Крушевската сабја и ќе ви дадеме висока препорака штом сте во Крушево да го пробате.

Сабјата се подготвува со три различни вида на месо. Пилешко, свинско месо и мелено месо. Потоа се става кромид, тиквички, зелена пиперка и домат.

Во процесот на придотвување најпрво се става меленото месо на скара, потоа пилешкото и на крајот свинското. Исто така, според рецептот на ресторанот Крушевска Одаја, лепчето се става малку на скара заедно со доматот, тиквичката, зелената пиперка и кромидот. Сите овие намирници не се служат свежи, туку минално запечени на скара.

По печењето парчињата месо и зеленчук се редат на сабја и од таму името Крушевска сабја. Кога ќе се наредат месото и зеленчукот на сабјата таа е спремна за послужување.

Повеќе детали за ова јадење на линкот подолу и не заборавајте кога сте во Крушево да го пробате овој специјалитет.

https://www.facebook.com/jasakammakedonijasitel/videos/995753150519097/UzpfSTcwMjE1NjM5OTkyNzg0ODoxOTgwMzA1ODAyMTEyODk1/

Промовирајте се на Викенд во Крушево

Една од главните идеи на новиот веб портал weekendinkrusevo.com е Крушево и се што нуди да биде видливо на интернет и овој портал, од една страна, да претставува уште една опција за промоција на локалните капацитети, а, од друга страна, заеднички да создадеме еден сервис за потенцијалните туристи.

Целта на овој портал е да ги услужиме нашите гости и weekendinkrusevo.com да биде местото каде што луѓе ширум светот ќе пристапуваат и ќе ги добиваат сите информации за градот.

Примарната карактеристика на новиот портал е да им отвори простор на сите локални бизниси, даватели на услуги, угостители да преку фотографии, текст, видео и настани да ги нудат и промовираат своите услуги. Но, немаме контакти од сите даватели на услуги во Крушево, како сместување, ресторани, пицерии, кафулиња, продавници, такси и слично. Преку оваа објава сакаме да ви дадеме до знаење дека можете да не’ контактирате во секое време и на тој начин да ни’ испратите фотографии, текстови, опис на вашите услуги и производи и се она што сакате да биде објавено на страницата, а во насока на подобро претставување на вашиот бизнис. Контактирајте не’ на: 075 252 133 facebook.com/weekendinkrusevo и vikendvokrusevo@yahoo.com.

Прочитајте повеќе: Откриј го Крушево

Weekendinrusevo.com претендира да стане меѓународен веб портал кој ќе биде главен информатор на многубројните туристи, искористете ја шансата и бесплатно промовирајте го она што го нудите.

Со почит,
Викенд во Крушево – вашиот онлајн туристички водич

Секоја година во Крушево, Светски настани во параглајдерство и змајарство

Воздухопловната Федерација нa Македонија (ВФМ) во 2018-та година го организираше на 20-то Европско првенство во змајарство класа 1 (Hanggliding) и 8-мо Светско Првенство во змајарство класа 5 (Rigid wings) во дисциплината крос кантри. Натпреварите се одвиваа во Крушево, како стартна точка или полетиште, и Пелагонискиот регион, како слетиште, од 8 до 21 јули 2018 година.

Во периодот од 8-ми јули до 21-ти јули таа 2018 година Пелагонискиот Регион а посебно Крушево претставуваа една голема арена во која што се натпреваруваа повеќе од 150 пилоти од многу европски и светски држави.

National Geographic со препорака: Пробајте параглајдинг во Крушево

Овие две големи првенства, заедно со 16-тото Светско првенство за параглајдерство одржано во 2019 година, ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.

16-то Светско првенство во параглајдерство, 2019, отворање

Во 2021 Крушево го очекува уште еден голем светски настан од оваа област – Светско првенство во параглајдерство.

Поддржувачи на настанот: Агенција за Млади и Спорт НЛБ Банка АД Скопје Агенција за Поддршка и Промоција на Туризмот Општина Крушево

Корисни линкови: http://hgeu2018.mk
https://www.youtube.com/watch?v=AdqdlnhhQGA

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)