Промовирајте се на Викенд во Крушево

Една од главните идеи на новиот веб портал weekendinkrusevo.com е Крушево и се што нуди да биде видливо на интернет и овој портал, од една страна, да претставува уште една опција за промоција на локалните капацитети, а, од друга страна, заеднички да создадеме еден сервис за потенцијалните туристи.

Целта на овој портал е да ги услужиме нашите гости и weekendinkrusevo.com да биде местото каде што луѓе ширум светот ќе пристапуваат и ќе ги добиваат сите информации за градот.

Примарната карактеристика на новиот портал е да им отвори простор на сите локални бизниси, даватели на услуги, угостители да преку фотографии, текст, видео и настани да ги нудат и промовираат своите услуги. Но, немаме контакти од сите даватели на услуги во Крушево, како сместување, ресторани, пицерии, кафулиња, продавници, такси и слично. Преку оваа објава сакаме да ви дадеме до знаење дека можете да не’ контактирате во секое време и на тој начин да ни’ испратите фотографии, текстови, опис на вашите услуги и производи и се она што сакате да биде објавено на страницата, а во насока на подобро претставување на вашиот бизнис. Контактирајте не’ на: 075 252 133 facebook.com/weekendinkrusevo и vikendvokrusevo@yahoo.com.

Прочитајте повеќе: Откриј го Крушево

Weekendinrusevo.com претендира да стане меѓународен веб портал кој ќе биде главен информатор на многубројните туристи, искористете ја шансата и бесплатно промовирајте го она што го нудите.

Со почит,
Викенд во Крушево – вашиот онлајн туристички водич

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)