ЕДЕН ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА WHEN IN KRUSEVO: Наредното издание на фестивалот ќе биде најдобро досега

Што за тебе претставува When in Krusevo?

Како еден од организаторите на “outdoor” фестивалот  “When in Krusevo” во соработка со неколку другари, добивме идеја да ја промовираме алтернативната страна на нашиот град. Иако започнавме многу скромно, сепак во 2017 година остваривме една успешна приказна со околу 200 пријавени учесници и повеќе од 1.000 посетители. Како изминуваше времето, фестивалот добиваше сè поголема поддршка и сè повеќе учесници и посетители. Денес броиме веќе 5 успешни изданија (3 летни и две зимски) исполнети со многу љубов, дружење и забава. Учесниците имаа прилика да уживаат во Крушевските убавини преку кампинг зона околу крушевското езеро, велосипедска и планинарска тура низ недопрената крушевска природа, летање со параглајдер, јавање на коњи, кајак, јога, детски игри, посета на крушевски знаменитости и концертни вечери на отворено. Само на последното летно издание нашиот град го посетија над 3000 посетители и над 500 учесници.

Димитар Ангелкоски (втор од десно) и дел од тимот на When in Krusevo

Новост во вашиот концепт е зимското издание на When in Krusevo. Кажи ни’, Димитар, нешто повеќе за оваа страна на фестивалот?

Минатата година се одржа и првото зимско издание кое морам да признаам дека ги надмина сите наши очекувања. Тоа не мотивираше оваа година да го одржиме и второто зимско издание When in Krusevo – Winter is here кое ги исполни сите сместувачки капацитети на Крушево. На ова издание имавме над 250 учесници и повеќе од 2.000 посетители на Крушево. Учесниците имаа можност да уживаат во ноќните забави во локалните барови, дневните журки во Ресторан Алто, дегустација на крушевските специјалитети, зимско тандем летање со параглајдер, јавање на коњи, како и рекреативни и професионални планинарски тури низ крушевските убавини.

Која е вашата долгорочна идеја за When in Krusevo? Кои се вашите долгорочни цели и визии?

Нашата идеја за промоција на богатата традиција, култура и природните убавини на Крушево планираме да ја продолжиме и со дополнителни активности на наредниот “When in Krusevo” 2020. Имаме големи амбиции овој фестивал секоја година да биде на едно ниво повисоко од претходниот и секако со тоа да добиеме многу поголема поддршка и поголем број на посетители и учесници во Крушево. Од година во година добиваме навистина сè поголема поддршка најнапред од нашата Општина Крушево, од локалните угостители, локалното населние, но и огромна поддршка од разни институции, фондации и проекти.

When in Krusevo – Winter is Here 2020 – планинарска тура

Организирате настани кои се дел од туристичката понуда на Крушево, па сигурно имате некоја визија за развој на туризмот и збогатување на туристичката понуда на градот како дестинациа. Можеш да споделиш нешто околу тоа?

Мое мислење е дека локалното население недоволно ги посетува аутдор фестивалите во Крушево, а со тоа недоволно придонесува за поголема популарност на истите. Туристичката понуда на Крушево освен со нашиот фестивал верувам дека дополнително може да се збогати со заедничко вложување не само на Општина Крушево туку и на целото локално население кое со негова искрена дополнителна заложба и идеи може навистина многу да придонесе успешно да се подобри и збогати културната програма, спортските и останати активности во текот на целата година.

When in Krusevo – Winter is Here 2020 – јавање на коњи

Дали туризмот има иднина во Крушево?

Секако дека да. Еден добар пример за подобрување на туризмот и општествената одговорност во Крушево се доста млади ентузијасти како тимот на When in Krusevo, тимот на When in X , Културна Младинска Акција, Крушево Будно, Викенд во Крушево, Црвениот Крст, Вкуси го Крушево (Taste Krusevo), Гитар Фест, Крушевска Жена, основците, средношколците и други. Се надевам дека бројот на сите овие ентузијасти секоја година ќе се зголемува и нашиот град со слога, разбирање и многу љубов не само што ќе ја збогати туристичката понуда, туку и ќе го подобри животниот стандард и квалитетот на живеење.

Разговорот го водеше: Сотир Габелоски

ПРЕДЛОГ ТУРА ЗА ВИКЕНД: Гумење – Бегова Корија – ски центар Станич

Пред нас е уште едеn викенд, се надеваме сончев, секако, и истиот треба да го поминете најубаво што можеме.

Тогаш, ви ја предлагаме следнава тура за овој викенд.

Од каде што сте сместени тргнете кон „Гумење“. По пат купете си вода (предлог: маркет Џокере). Кога ќе ја здогледате спомен куќата „Тодор Проески“ продолжете право со што таа ќе дојде од Вашата десна страна. Ја одминувате и продолжувате кон детското одморалиште „Бегова Корија“.

Ја одминувате Бегова Корија и навлегувате во тунелот од шума. Стигнувате до чешмата викана „АРМ“ и се исклучувате од главниот пат.

Зафаќате по земјениот пат и на „прва крстосница вртите лево. Патот ќе ве одведе до Станич. Ви препорачуваме да испиете кафе или топло вино во Брвнара Шапе или ресторан Алто.

Ресторан Алто

Можете да се вратите по истиот пат или да искористите жичарница.

Оваа пешачка тура е во групата „лесни“ и ја препорачуваме за сите возрасти.

Споменик Слива, каде што Илинденското востание било задушено

Споменикот Слива е уште едно обележје на славното историско минато на Крушево. Тој се наоѓа на околу 3 километри од градот и во себе носи богата историска вредност.

Споменик „Слива“

Споменикот „Слива“, заедно со Мечкин Камен го обележуваат последниот отпор на македонскиот народ во Илинденското востание. При нападот на турискиот аскер на 12-ти август 1903 година на „Слива“ и Мечкин Камен се воделе последните битки на востаниците и борци за слобода. На овие две места востанието било конечно задушено после 10 дена слободно Крушево.

Секој 2-ри август, кога се одбележува празникот Илинден, на ова место се полага свежо цвеќе. Но, ова место е многу популарно затоа што се наоѓа на патот кон манастирот Св. Преображение, а учесниците во планинарски и велосипедски тури на фестивалот на отворено When in Krusevo поминуваат покрај оваа точка и оддават почит на паднатите борци.

Препорачуваме да направите една голема прошетка до манастирот Св. Спас и да застанете покрај ова место. Таму ќе ја почувствувате историјата, ќе го доживеете херојството и ќе сфатите зошто Крушево во себе носи големо историско и културно богатство.

Што најпрво ќе направам кога ќе помине корона вирусот? (ДЕЛ 2)

Продолжува од: Што најпрво ќе направам кога ќе помине корона вирусот? (ДЕЛ 1)

Пристигнувам пред жичарницата и маркетот Џокере. Очигледно е дека имало движење и жичарницата се подготвува за работа. Тоа ќе биде вистинска атракција за туристите кои ќе ја користат жичарницата и во лето.

Продолжувам нагоре. Продолжувам да го „газам“ крушевското џаде, односно главната улица.

Се поздравувам со пријатели, се сретнуваме со гости од други градови, ги минувам продавниците и се довикуваме со луѓето од истите.

Доаѓам пред местото „Гумење“, уште едно историско место во Крушево. Чувствувам мирис на вкусни традиционални јадења од Крушевска Одаја.

Пред мене осветлена е спомен куќата „Тодор Проески“ и чекорм кон Крушевско Езеро пред да тргнам за назад, кон центарот на Крушево.

Веќе сум во центарот. Се слушаме со другарот на телефон и ми кажува дека е веќе во пицерија Скар.

Седнуваме таму и го правиме првото „селфи“. Го објавуваме со опис: „Повторно сме назад. На старото место. #Рестарт“. И, навистина! Се’ се враќа на старото вистинско место. Повторно сме во Скар. Се смееме, пиеме чај и потоа нарачуваме топено сирење, пица или пита „Скар“.

Околу 23 часот веќе сме дома. Го отворам лап топот и продолжувам со читање на материјалите од мастер студиите. Во 1 часот „се одјавувам“ и повторно можам јас, а и сите ние, да се псоветиме на нашето стандардно секојдневие, на нашите амбиции, нашата работа, нашиот убав живот.

Вака ќе изгледа првиот ден по завршување на оваа криза, а вашиот?

#ЗаштитиСе #ОдНасЗависи

Сотир Габелоски

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)