Споменик Слива, каде што Илинденското востание било задушено
Споменикот Слива е уште едно обележје на славното историско минато на Крушево. Тој се наоѓа на околу 3 километри од градот и во себе носи богата историска вредност.

Споменикот „Слива“, заедно со Мечкин Камен го обележуваат последниот отпор на македонскиот народ во Илинденското востание. При нападот на турискиот аскер на 12-ти август 1903 година на „Слива“ и Мечкин Камен се воделе последните битки на востаниците и борци за слобода. На овие две места востанието било конечно задушено после 10 дена слободно Крушево.

Секој 2-ри август, кога се одбележува празникот Илинден, на ова место се полага свежо цвеќе. Но, ова место е многу популарно затоа што се наоѓа на патот кон манастирот Св. Преображение, а учесниците во планинарски и велосипедски тури на фестивалот на отворено When in Krusevo поминуваат покрај оваа точка и оддават почит на паднатите борци.
Препорачуваме да направите една голема прошетка до манастирот Св. Спас и да застанете покрај ова место. Таму ќе ја почувствувате историјата, ќе го доживеете херојството и ќе сфатите зошто Крушево во себе носи големо историско и културно богатство.