Како да направите поубави фотографии од Крушево?

Без разлика дали имате телефон или фотоапарат со себе. Без оглед дали сте аматер или професионален во фотографијата, или, пак, можеби никогаш не сте фотографирале. Без оглед дали Крушево го сакате повеќе во зима или лето… Еве ги нашите препораки како да направите најубавите фотографии од Крушево.

Поставеноста на куќите е навистина интересна. Тие се распоредени по падините на Бушева планина, а нивната висина варира. Варираат и стиловите на куќите, а најинтересно е скалестото подредување на живеалиштата на Крушевчани.

Што треба да направите?

За да ги направите најубавите фотографии од Крушево и со тоа да си создадете незаборавни спомени од нашиот град ќе треба да направите една мала обиколка на Крушево. Но, не се грижете, обиколката не е подолга од 2 километри и доволно е само да ја следите главната улица во градот.

Вашата прошетка со телефон/апарат и мало шише вода треба да започне од влезот на градот и да се движите во правец кон излезот кон Битола. Првата угорнина ќе ви понуди одлични пејзажи за да ја фотографирате гелеријата Никола Мартиноски, потоа жичарницата, скалесто подредените куќи и сите оние со уникатен традиционален изглед на фасадите. Фотографијата подолу е илустрација за првите фотографии кои можете да ги направите.

Потоа, како што наближувате кон излезот од градот и хотел Монтана Палас доаѓата до местото „Кај клупата“ кое на тацна ви ја дава Пелагонија. И ова е одлично место за да покажаете на вашите драги и пријатели дека Крушево е како во рајот – од горе се’ се гледа.

„Кај клупата“

Го одминувате хотел Монтана Палас кој е една импозантна градба и ликот хотелот го зачувал уште од времето на поранешна Југославија. Влезете и пробајте го крушевското традиционално јадење Чомлек и нема да зажалите. Излезете на тераса и направете уште неколку фотографии.

Од хотел Монтана Палас Крушево

По неколку стотини метри пристигнувате пред споменикот на Питу Гули (од лева страна). Ги искачувате скалите и од тука имате неколку одлични можности за зграпчување пејзажи. Погледнете подолу.

Фото: од локација на споменикот на Питу Гули, близу хотел Монтана Палас

Продолжувате по истиот пат и патоказите ќе ве одведат до жичарницата. Ја одминувате и стигнувате до наредната кривина. На тоа место ќе забележите огледало за побезбендо разминување на автомобилите, а веднаш пзоади него го имате делот од Крушево по кој чекоревте до тој момент. Тука можете да ја фотографирате црквата Св. Никола, која се наоѓа во центарот на градот, гордо развиореното македонско знаме, а јасно ќе се гледаат многу ридови и планини во далечината.

Ова се нашите предлози како да направите поубави фотографии од Крушево. Кога сте во Крушево меѓу другите уникатни работи кои што може да ги пробате фотографирајте, правете „селфиња“ и воодушевувајте се на пејзажите кои одземаат воздух.

Ова се нашите предлози, но кои се вашите? Испратете ваш текст на vikendvokrusevo@yahoo.com или на нашите профили на ФБ и Инста.

Илинденско востание од 1903: историски пораки и значење

За време на Илинденското востание најголемиот успех бил постигнат во револуционерниот округ Крушево. Во летото 1903, на оваа територија е формиран штаб на востанието предводен од раководителот на револуционерните окрузи од Крушево Никола Карев. Подоцна Карев станал претседател на новооформената Крушевска Република. Тој го напишал Крушевскиот Манифест кој што повикувал на сите луѓе кои што живеат во Македoнија, без оглед на вероисповест и етникум, да му се придружат во борбата за слобода.

На 02.08.1903, на денот на Христијанскиот празник св. Илија, околу 750 револуционери го нападнале Крушево. После неколкучасовни битки градот бил преземен од Отоманите. Во месноста наречена Гумење бунтовниците ја креирале Крушевската Република, која што постоела во периодот од 03.08.1903 до 13.08.1903. 

Републичката организација на локалните власти била импресивна. Главните револуционери се погрижиле за безбедноста на граѓаните, додека Советот на Републиката се состоел од 60 члена со што имало по 20 членови од секоја етничка заедница во Крушево (Македонска, грчка и влашка)

Изненадената Турска влада презела опширни воени мерки да го задуши востанието: 176,000 војници, 3,700 коњаница и 444 топови биле испратени во Македонија. После жестоки и херојски битки во близина на Слива и Мечкин Камен, Турските сили успеале да ја уништат Крушевската Република и ја покажале нивната вообичаена суровост во справувањето со бунтовниците во Крушево и другите места. Како резултат, 201 заедници биле избришани, 12,400 куќи биле изгорени до темел и преку 70,000 луѓе останале бездомници, додека 8,816 биле убиени. Иако 30,000 лица избегале од нивните домови да избегнат одмазда, цената била превисока. 

Мечкин Камен – во чест на македонскиот отпор

Востанието предизвикало огромен интерес во Европа. Весниците го следеле текот на активностите одблизу со голема симпатија. Тие штампале детали од суровите масовни одмазди изведени од Турците кон населението во бунтовничките делови. Следел моќен бран на протести од познати писатели, активисти, политичари и други. Меѓу водечките претставници биле Лав Толстој, Максим Горки, Анатол Франц, Жан Жауре, Виктор Бернард, Артур Еванс, Хенри Бреилсфорд, Џорџ Клеменсе и други. 

Во Британија, Франција, Италија и Америка биле основани „Македонски одбори“, кои што организирале масовни митинзи за поддршка на македонските бунтовници. Слични активности биле преземани и во Русија и Романија и други држави низ светот.

После неуспехот на востанието македонските револуционери направиле напори да ги прочистат своите редови. На Рилскиот конгрес (одржан во 1905 година во Манастирот Рила во Пиринска Македонија), покрај разликите во интереси на двете страни, имало генерално осудување на надворешните влијанија особено на Бугарскиот суд, а крајната цел – ослободување на Македонија – била потврдена. 

Кога е основано Крушево?

Многу научници кои што пишувале за Крушево, мислеле дека Крушево било нова населба основана во 18ти век, со наслување на Влашките одгледувачи на говеда во оваа област. Подоцна се докажало дека Крушево е многу постара населба.

Последните достапни документи потврдуваат дека Крушево е за прв пат спомнато во 1767 година како мезра (место без популација кое што понекогаш е населувано и подоцна мигрирано, или никогаш не било населено, но требало да биде дадено во сопственост на земјопоседник со цел да се насели) во сопственост на земјопоседникот Хусеин Бег, заедно со Прилеп и другите села.

Има и други турски и други извори кои што тврдат дека Крушево постоело како населба долго пред 18ти век. Изгледа дека првите жители на Крушево биле Македонци кои што го дале името на оваа населба. 

На почеток, Крушево било мала населба за одгледување говеда, а брзиот раст е поврзан со населувањето на Власите во 18ти век, за потоа да следи бројна македонска популација. Најголемиот број на Власи дошле од Москополе, Албанија, и други региони, бегајќи од Отоманската опресија, додека Македонците се од Дебарскиот регион и други места од западна Македонија кои исто така бегале од насилството барајќи подобар живот. Меѓу нив имало вешти трговци (особено меѓу Власите), а исто така имало и доста занаетчии, одгледувачи на стока, професии кои што дале одреден карактер на градот.

4 причини зошто треба да го посетиш Крушево уште ова лето

Крушево е атракција и затоа секогаш има зошто и има нешто што те привлекува да дојдеш тука и да отседиш неколку дена. Без оглед дали е зима или лето, дали времето е сончево или облачно Крушево цела година изобилува со атракции кои ќе те намамат да го посетиш.

Еве ги нашите причини зошто уште ова лето треба го посетите Крушево.

  1. Најбезбедна дестинација

Крушево ова лето е најбезбедната дестинација за летување. Додека коронавирусот живее Крушево се покажа како безбедно место за живеење и посета. Во моментов нема заболени од овој вирус, а во целата криза тука се заболија само тројца.

Локалните угостителски објекти ги почитуваат препорачаните мерки за безбедност и заштита, така што и во објектите безбедноста е на највисоко ниво за вас.

  • 2. Чист воздух

Чистиот воздух е секогаш причина плус да се посети Крушево. Особено ова важи за луѓето од поголемите градови и во зима кога воздухот е особено загаден во поголемите градови.

Но, тоа не значи дека луѓето не доаѓаат заради воздухот и во другите годишни времиња. Свежината која Крушево ја нуди во летниот период е она што им треба на многу луѓе. Одморот, многу од туристите, го наоѓаат во таа свежина, во тивкиот ветeр и во уникатна миризба на воздухот.

Во летниот период не само што ќе го почувствувате чистиот воздух тој ќе ви донесе И добар одмор. На ова додадете ја надморската висина од над 1 200 м.н.в и Крушево ќе биде вашиот рај.

  • 3. Неодоливи пејзажи

Пејзажите на Крушево ќе ги доживеете и на социјалнтие мрежи, но она што ќе го видите при самиот влез во градот, при прошетка низ градот и околната шума и престојот во хотелите ќе ви го одземе здивот. Ќе сакате и да се изнагледате и да направите фотографии од сите агли. Ќе се обидете да го зграпчите најдобриот пејзаж за кога од дома ќе го погледнете ќе замислувате како го вдишувате воздухот и го издишувате сиот насобран стрес.

Во Крушево можете да дојдете само заради пејзажите. Не мора да има попосебна причина од ова.

  • 4. Параглајдерство

Веќе од април месец секоја година параглајдеристи од цела Европа започнуваат да доаѓаат во Крушево. Како што навлегуваме во летото небото е се почесто исполнето со параглајдеристи и се погусто со различни бои. Кога ќе почнат меѓународните првенства тогаш е уште повозбудливо да сте на Мечкин Камен и да следите како по неколку пилоти еден по друг полетуваат и чувствувате како адреналинот ви се крева додека ги гледате акробациите во воздух.

Начинот на дружење на крушевчани во летниот период е следниот: кафе во 12 часот, веднаш потоа се упатуваме кон полетиштето за параглајдери и со часови ги следиме полетувањата на параглајдерите и змајарите.

Ова лето е резериврано за чист воздух, неодоливи пејзажи и многу адреналин од авантуристички спортови.

Ова лето бидете во Крушево, затоа што Крушево е вашата најбезбедна дестинација за летување.

Ова се нашите четири причини за ова лето – кои се вашите?

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)