4 причини зошто треба да го посетиш Крушево уште ова лето
Крушево е атракција и затоа секогаш има зошто и има нешто што те привлекува да дојдеш тука и да отседиш неколку дена. Без оглед дали е зима или лето, дали времето е сончево или облачно Крушево цела година изобилува со атракции кои ќе те намамат да го посетиш.
Еве ги нашите причини зошто уште ова лето треба го посетите Крушево.
- Најбезбедна дестинација
Крушево ова лето е најбезбедната дестинација за летување. Додека коронавирусот живее Крушево се покажа како безбедно место за живеење и посета. Во моментов нема заболени од овој вирус, а во целата криза тука се заболија само тројца.
Локалните угостителски објекти ги почитуваат препорачаните мерки за безбедност и заштита, така што и во објектите безбедноста е на највисоко ниво за вас.

- 2. Чист воздух
Чистиот воздух е секогаш причина плус да се посети Крушево. Особено ова важи за луѓето од поголемите градови и во зима кога воздухот е особено загаден во поголемите градови.
Но, тоа не значи дека луѓето не доаѓаат заради воздухот и во другите годишни времиња. Свежината која Крушево ја нуди во летниот период е она што им треба на многу луѓе. Одморот, многу од туристите, го наоѓаат во таа свежина, во тивкиот ветeр и во уникатна миризба на воздухот.
Во летниот период не само што ќе го почувствувате чистиот воздух тој ќе ви донесе И добар одмор. На ова додадете ја надморската висина од над 1 200 м.н.в и Крушево ќе биде вашиот рај.

- 3. Неодоливи пејзажи
Пејзажите на Крушево ќе ги доживеете и на социјалнтие мрежи, но она што ќе го видите при самиот влез во градот, при прошетка низ градот и околната шума и престојот во хотелите ќе ви го одземе здивот. Ќе сакате и да се изнагледате и да направите фотографии од сите агли. Ќе се обидете да го зграпчите најдобриот пејзаж за кога од дома ќе го погледнете ќе замислувате како го вдишувате воздухот и го издишувате сиот насобран стрес.
Во Крушево можете да дојдете само заради пејзажите. Не мора да има попосебна причина од ова.
- 4. Параглајдерство
Веќе од април месец секоја година параглајдеристи од цела Европа започнуваат да доаѓаат во Крушево. Како што навлегуваме во летото небото е се почесто исполнето со параглајдеристи и се погусто со различни бои. Кога ќе почнат меѓународните првенства тогаш е уште повозбудливо да сте на Мечкин Камен и да следите како по неколку пилоти еден по друг полетуваат и чувствувате како адреналинот ви се крева додека ги гледате акробациите во воздух.

Начинот на дружење на крушевчани во летниот период е следниот: кафе во 12 часот, веднаш потоа се упатуваме кон полетиштето за параглајдери и со часови ги следиме полетувањата на параглајдерите и змајарите.
Ова лето е резериврано за чист воздух, неодоливи пејзажи и многу адреналин од авантуристички спортови.
Ова лето бидете во Крушево, затоа што Крушево е вашата најбезбедна дестинација за летување.
Ова се нашите четири причини за ова лето – кои се вашите?