Крушевската архитектура препознатлива на Балканот

Традиционалната крушевска архитектура е позната и прочуена како една од најспецифичните во Македонија, а и на Балканот.

Прво нешто што е специфично и интересно и што се забележува при самиот влез во градот е уникатно поставениот терен и амфитеатралната поставеност на куќите, тесните улички направени од калдрма (коцки) и секако – старите крушевски куќи. Старата крушевска чаршија, се’ уште го зачувала својот традиционален изглед со тесните испреплетени улички, плоштадот, малите дуќанчиња и едно од позначајните архитектонски дела – црквата св. Никола, која се наоѓа во срцето на чаршијата.

Црква Св. Никола

Карактеристични за Крушево се и маалските чешми кои ги имало во секое маало, дел од нив постојат и ден денес.Сепак, она што е најпривлечно и најинтересно за посетителите на Крушево, се старите крушевски куќи изградени со специфичен стил кој претставувал спој на знаењето и културата на Власите и Мијаците.

Самата надворешност на куќите која прва се забележува е карактеристична по белите фасади, покривите од кои најчесто биле од плочи, големиот број на прозорци обоени најчесто со сина боја, поретко со други бои. Куќите се опкружени со двор кој е ограден со камен ѕид (авлија) на кој се наоѓа влезната врата (порта) која е од дрво. Може да биде една голема порта или па комбинација од поголема и помала порта. Други надворешни елементи кои се карактеристични за крушевската куќа се балконите, со огради кои се декоративно изработени од ковано железо и со двокрилна врата со розета и два странични прозорци. Исто така карактеристични се и еркерите кои имаат најмногу естетска функција, исцртани од долната страна со флорални или митолошки елементи, како и тимпаноните (триаголен облик издигнат над терасата) кој исто така е исцртан во внатрешната страна или пак често таму е запишана годината на градење на куќата.

Решетките на прозорците за задолжителен елемент.Крушевските куќи, не се само интересни надворешно, туку и внат решно, а истовремено се мислело да бидат и функционални. Во внатрешноста на куќите преовладуваше дрвени елементи како: мусандри, долапи, миндери, а и самите скали во внатрешноста биле од дрво. Во долните спратови најчесто се наоѓале економските простории каде што се чувале сите потребштини на домаќините. Во горните спратови задолжителен е чардакот каде што често се седело и се пиело кафе, а таму се наоѓале и спалните и гостинските соби.

Сината боја на дрвото исто така е карактеристична и за внатрешниот простор на куќите. Во собите имало ѕидани камини, а за затоплување се користел и мангал (метален сад декоративно изработен во кружна форма). Подовите се прекриени со килими со богата орнаментика, а на прозорците се поставувале рачно извезени завеси. На камините се поставувале, свеќници, ламби и други украсни фигури, а на ѕидовите слики, часовници и огледала со дрвени резбарени рамки. Се седело на миндери кои биле покриени со покривки од волна или јамболии со перници за потпирање. Ѕидовите и таваните често биле насликани со елементи од флора и фауна. Таваните често биле и дрвени со централна розета која била изрезбарена и во вид на сонце. Осветлувањето во собите било со газиени ламби.Во неколку збора, старите крушевски куќи се спој на убавото, практичното и функционалното!

Градоначалникот на Крушево и неколку амбасадори во галеријата Никола Мартиноски

Кога се зборува за крушевската архитектура, не може а да не се спомене споменикот “Македониум” кој спаѓа во едно од најзначајните архитектонски дела во поранешна Југославија, каде што се наоѓа гробот на Никола Карев – претседателот на Крушевската Република, како и биста на нашиот Тоше Проески. Ова ремек дело е изградено во 1974 година од страна на Јордан и Искра Грабуловски и ги претставува вечната борба, непокорот и стремежот за слобода на македонскиот народ. Се протега на голема површина и започнува со раскинати пранги како симбол за ослободувањето на македонскиот народ, продолжува со дел каде што се испишани најголемите борци кои загинале во Илинденското Востание и Народноослободителната борба, потоа следи летна сцена со камени столчиња и колоритно-мозаични елементи од страните и на крај завршува со самата купола, издигната на 1320 метри надморска висина од каде што има и прекрасен поглед на градот. Внатрешноста на куполата импресионира со различните релјефи, мозаици и витражи кои едноставно ви го одземаат здивот! 

ТУРИСТ ОД ОХРИД: Морам одново да се вратам во Крушево, чистиот воздух ви е најголемо богатство

Точно една недела од моето доаѓање во Крушево. Бевме заедно со мојата братучетка и со зетот иси поминавме преубаво. Само да ви кажам – Ви благодарам од срце на гостопримството. Ние си поминавме супер само ни фалеше снегот, но Крушево е убаво во секое време…

Најпрво бевме на манастир Свето Преображение. Не остави без здив. Се е добро осмислено и добро напредува. Иконостасот е толку жив. Секоја црква е убава но таму има нешто посебно… Се гледа дека се работи внимателно и вредно..В и благодарам на тоа… (не бевме единствено на крстот што ми е малку криво но ајде тоа за следниот пат)

Бевме и во Македониумот, бевме кај Тоше, таму не можевме да се доближиме поблиску поради градежните работи, но направивме еден круг. Драго ми е што конечно се осмелија да му го изградат вечното почивалиште кое веќе одамна требаше да е изграено… како и да е… ја посетивме и Спомен куќата ни се допадна многу, има топлина, љубов … носталгија….

И на крај отидовме во Скар. Храната беше на врв, топла и вкусна. Нарачавме две топени лути сирења и едно Крушевско грне, превкусно…се спријателивме со едно преслатко маченце таму кое не сакаше да се оддели од нас, а исто и јас би сакала да знам како се вика….

На заминување отидовме на Мечкин Камен, јас таму одам прв пат. И навистина ми е мило што ете го осетив тоа место лично и одблиску… И едно од најважните работи, љуѓе, имате пре, пре пречист воздух. Додека патувавме секаде беше магла-бело како се доближувавме до Крушево градовите назад останаа долу се ама се, буквално се беше бело, во Крушево си го измивме погледот и се ни се избистри. Не давајте никој да ви го земе тоа…

Ви Благодарам уште безброј пати на гостопримството…на се… Едвај чекам да се вратам.

За малку ќе заборавев. Имате превкусни колбаси, моето семејство ги бендиса многу на мое огромно задоволство. Нешто превкусно немам пробано, навистина. Ви благодарам и на тоа….. Ќе го заборавев езерото, имав огромна желба да го видам, зашто секогаш го гледав на интрнет и ми се допаѓа многу таму навистина, местото е како разгледница, не знам, барем јас го доживувам така….

До следното доаѓање, голем и срдечен поздрав од Охрид Среќен нека ви е утрешниот празник Водици за многу години Наташа.

Крушевско Езеро – мир, тишина, природна убавина

Крушевското езеро е едно од најпријатните места во Крушево. Опколено со зеленило, постелено со клупи, чист воздух и позитивни луѓе особено во летниот период.

Ова место е едно најраздвижените во пролетниот, летниот период и во текот на рана есен. Во близина се „Гумење“, повеќенаменското спортско игралиште, двојното тениско игралиште, фитнес зона и терените на ФК Питу Гули и овие содржини се фактор плус за популарноста на местото.

Езерото е опколено со патеки за пешачење и велосипедизам и тука ќе сретнете многу спортисти и рекреативци кои се одлучиле да го искористат убавото време. Можете да седнете на некој аод клупите и да ги почувствувате тишината и мирот што ова место ги носи.

Ви препорачуваме да „свртите еден круг“ околу Крушевско Езеро, да се восхитувате на пејзажите и ви ветуваме дека она што ќе го почувствувате тука ќе ве натера повторно да се вратите на ова место.

Пишува: Сотир Габелоски

Пробајте ја пита „Скар“ за незапаметено задоволство

Секој ресторан и пицерија има свој специјалетит. Затоа, Крушево брои многу специјалите кои за да ги пробате мора неколку пати да се навратите во Крушево.

Пита „Скар“

Како што и самото име сугерира ова јадење е во авторство на пицерија „Скар“, едно од најпопуларните места во Крушево за локалците и за туристите. Ајде да погледнеме за што се работи, како се подготвува и зошто мора да го пробате

Тесто за пита

За ова јадење најпрво се подготвува тесто кое е во основата на ова јадење. Карактеристично е што тестото се подготвува во кујната на пицеријата на традиционален начин. Потоа се сечат парчиња свинско и пилешко месо и истите се ставаат врз тестот. Покрај двата вида на месо се става и сувомеснато прелиено со кашкавал. Така подготвената смеса се печи.

Пита „Скар“ – http://www.pizzaskar.mk/index.html

Ова јадење најчесто се подготвува за 4 лица, а може да биде и за двајца.

Традиционалниот начин на подготовка, староградскиот амбиент на пицеријата Скар и професионалниот однос на вработените ќе ви помогнат вистински да го вкусите ова јадење.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)