Град на историја, култура и традиција… и авантура

Крушево е град на историја, култура и традиција – ова е реченица која се почесто се користи меѓу крушевчани. На оваа реченица природно се додава и именката авантура за да добиеме совршена дестинација.

Крушево го има историското минато кое има голем туристички потенцијал. 5 од 6-те музеи во Крушево и бројните споменици се голема атракција за домашните и странските туристи на Крушево. Споменикот Илинден е најкарактеристичниот аспект од историско туристичката понуда која најмногу ги привлекува туристите.

Културата и традицијата на Крушево кои се состојат од специфичната храна, настаните кои ги одбележуваат корените на градот и крушевчани и традиционалните носии носат уште еден голем потенцијал. Туристите имаат причина плус да ги почувствуваат културата и традицијата со самиот влез на Крушево.

На крајот доаѓа авантурата, која во изминатите години се наметнува на културата, историјата и традицијата. Параглајдингот, планинарењето, велосипедизмот, кајак авантури и слично се една од алките кои сериозно ја збогатуваат понудата на Крушево.

Понудата на Крушево уште повеќе ќе се збогатува во иднината. Тоа е причина плус уште овој викенд да го посетите нашиот и ваш град.

Сотир Габелоски

Мајчина душица

Билката Мајчина душица е нашироко позната, собиран и употребувана во Крушево. Крушвчани секоја година ја собираат и ја подготвуваат како чај, а Мајчината душица е препознатлива како корисна за дезинфекција, намалување на стрес и помага во намалување на кашлица.

Растението има убава виолетова боја и е лесно препознатливо меѓу другите растенија.

Извор: Куќен лекар од Драган Пакашки

Како изгледа летото во Крушево?

Секое лето е посебна авантура во Крушево, особено изминатите години кога параглајдинг сезоната се проширува. Летотo трае барем 2-3 месеци подолго и затоа станува се повозбудливо, интересно и атрактивно.

http://weekendinkrusevo.com/?page_id=141

Првите групи на параглајдеристи пристигнуваат уште во април, а првите меѓународни натпревари започнуваат кон крајот на мај.

Првите попопуларни настани започнуваат во мај. Во овој месец се одржува фестивалот „Вечери во чест на Васил Иљоски“, а веќе од јуни Крушево има настани речиси секој викенд.

Јули е најжешкиот месец не само заради температурата, туку заради содржината. Тогаш се одржува „Крушево будно“, „Гитар фест“ и неколку параглајдинг натпревари. Градскиот парк е полн секој ден, локалните кафулиња, пицерии и ресторани се исполнети до последното место на пладне и во вечерните часови. Во Крушево владее пријатна атмосфера пропратена со мирис на добра храна и чист воздух.

Фестивал на храна и култура Taste Krusevo

Речиси секоја година во месец август се одржува или Светско или Европско првенство во параглајдинг или змајарство. Небото е исполнето со падобрани, а настанот Десет дена Крушевска Република е како шлаг на прекрасната крушевска торта. Тогаш се одржуваат и уникатни настани како Крушево низ корија со планинарски и велосипедски тури.

Сезоната продолжува и во септември со параглајдинг натпревари, одржување на настанот „Одбележување на 8-ми септември“ и еден од фестивалите со голем потенцијал Taste Krusevo.

paragliding krusevo

Октомври е месецот кога се одржуваат настани за Тоше и последните параглајдеристи ги завршуваат последните летови.

Летото трае подолго од порано и Крушево станува сезона за цела година. За брзо време Крушево ќе биде познато како дестинација за 4 сезони, а не како место кое има летна и зимска сезона. Крушево е вашата дестинација за ова лето.

Матерка

Покрај тука што на овие простори расте Матерката се користи широко како чај. Во себе содржи состојќи кои помагаат во работата на бубрезите и ги прочистуваат.

Оваа билка е особено вкусна како чај и топло ви ја препорачуваме да ја наберете во околината на Крушево и да ја вкусите.

DCF 1.0
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)