Како изгледа летото во Крушево?

Секое лето е посебна авантура во Крушево, особено изминатите години кога параглајдинг сезоната се проширува. Летотo трае барем 2-3 месеци подолго и затоа станува се повозбудливо, интересно и атрактивно.

http://weekendinkrusevo.com/?page_id=141

Првите групи на параглајдеристи пристигнуваат уште во април, а првите меѓународни натпревари започнуваат кон крајот на мај.

Првите попопуларни настани започнуваат во мај. Во овој месец се одржува фестивалот „Вечери во чест на Васил Иљоски“, а веќе од јуни Крушево има настани речиси секој викенд.

Јули е најжешкиот месец не само заради температурата, туку заради содржината. Тогаш се одржува „Крушево будно“, „Гитар фест“ и неколку параглајдинг натпревари. Градскиот парк е полн секој ден, локалните кафулиња, пицерии и ресторани се исполнети до последното место на пладне и во вечерните часови. Во Крушево владее пријатна атмосфера пропратена со мирис на добра храна и чист воздух.

Фестивал на храна и култура Taste Krusevo

Речиси секоја година во месец август се одржува или Светско или Европско првенство во параглајдинг или змајарство. Небото е исполнето со падобрани, а настанот Десет дена Крушевска Република е како шлаг на прекрасната крушевска торта. Тогаш се одржуваат и уникатни настани како Крушево низ корија со планинарски и велосипедски тури.

Сезоната продолжува и во септември со параглајдинг натпревари, одржување на настанот „Одбележување на 8-ми септември“ и еден од фестивалите со голем потенцијал Taste Krusevo.

paragliding krusevo

Октомври е месецот кога се одржуваат настани за Тоше и последните параглајдеристи ги завршуваат последните летови.

Летото трае подолго од порано и Крушево станува сезона за цела година. За брзо време Крушево ќе биде познато како дестинација за 4 сезони, а не како место кое има летна и зимска сезона. Крушево е вашата дестинација за ова лето.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)