Крушево блиску до целосен рестарт

Крушево е многу блиску до целосен рестарт. Најголемиот дел од пицериите и рестораните работат со достава, а според најавите се очекува за многу брзо целосно отворање на угостителските објекти.

Од угостителските објекти кои работат со достава уште пред првомајските празници се следниве:

Пицерија Скар
Гостилница Марчело
Ресторан Шапе
Пицерија Рома
Етно гостилница
Ресторан Мета

Исто така, пред неколку дена и клуб Планет започна да работи со „Coffee to go“.

Крушево се подготвува за Вас. Крушево е вистинската домашна дестинација за ова лето #ДомаСиЕДома

Песните на Тоше одекнуваат во центарот на Крушево

Уредувањето на Улицата на Тоше продолжува со поставување на озвучување од каде што се слушаат безвременските песни на Тоше. Погледнете го видеото и почувствувајте ја атмосферата. Уште подобро – дојдете во Крушево и слушнете ги неговите песни и почувствувајте го неговото присуство.

Проектот за уредување на Улицата на Тоше започна со засадување дрвца и цвеќиња и поставување на систем за озвучување од каде се слушаат песните на Тоше. Општина Крушево и Платформата за развој на туризмот продолжуваат со уредување на оваа улица.

Олимпискиот спорт спортско качување достапен и во Крушево

Со поставувањето на карпата за искачување во спортската сала во Крушево градот станува уште попривлечна дестинација од аспект на понуда на модерни алатки за спорт и авантуристички туризам. Спортското качување станува олимписки спорт и за прв пат се воведува на олимписките игри во Токио 2021 година, а со поставувањето на карпата за искачување овој спорт е достапен за туристите во Крушево.

Проектот на општина Крушево со посебен фокус на карпата за искачување е избран за проект на неделата. Еве што пишуваат од официјалната „Фејсбук“ страница на Проектот за локална и регионална конкурентност.

„Спортското качување за првпат ќе биде воведено како спорт на летните Олимписки игри кои се одржуваат 2021 година во Токио, а болдерингот ќе биде една од трите негови дисциплини.

Фото: Проект за локална и регионалн конкурентност

Болдеринг е спортска дисциплина која обично се изведува на карпи високи до 6-7 метри, без никаква помошна опрема, а за заштита од повреди се користат единствено душеци, кои се поставуваат под карпата на која се качува натпреварувачот. #LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ПотпроектНаНеделата“, стои во објавата.

Поставувањето на карпа за искачување е во рамки на пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ кој е финансиран од ЕУ, а го имплементира општина Крушево со крајна цел збогатување на авантуристичката понуда и привлекување поголем број на авантуристички туристи.

ИЗГЛЕДА ПРЕУБАВО Започна уредувањето на улицата на Тоше

Иницијативата за разубавување на улицата кое го носи името на пејачот Тоше Проески започна со засадување на дрвца, а ќе продолжи со инсталирање озвучување од која ќе се слушаат песни на Тоше и засадување на цвеќиња.

Оваа акција ја спроведуваат општина Крушево, здруженијата од Платформата за развој на туризмот и Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“, а со цел да ја разубават оваа улица која е во центарот на градот.

Викенд во Крушево ја поддржува оваа акција која сигурни сме ќе помогне во кампањата #ДомаСиЕДома но и ќе го направи Крушево поубаво за туристите ова лето.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)