On Top Apartments и пицерија Рома со одлична понуда за месец јули

On Top Apartments и пицерија Рома нудат 4 ноќевања со бесплатен појадок преку користење на ваучерите за туризам.

On Top Apartments се речиси исполнети за цел месец јули и затоа оваа понуда е вистинска придобивка за вас. Дополнително, имате можност да ги вкусите храната и амбиентот на една од најдобрите пицерии во градот.

Понуда бр.1 за користење на #ваучер за туризам во #OnTopApartments Крушево:
*4 ноќевања со доручек во Пица Ресторан Рома – Крушево, за 2 лица- без дополнителна доплата. Повелете, резервирајте ги последните термини за месец јули.
?Одберете уживање во #TopRated Апартман во Крушево, прекрасна глетка и превкусна, квалитетна храна во #Roma
☎️ 078 843 685

Линк до изворната објава официјалната Фејсбук страница на On Top Apartments тука.

Предлог активности за овој викенд во Крушево

Пред нас е уште еден викенд кој можете да го поминете во Крушево. Според временската прогноза не’ очекува сончево и топло време, односно време кое е соодветно за активности на отворено.

Овој викенд ви предлагаме да направите една мала тура со велосипед. Таа можете да ја пробате во сабота наутро и патем да уживате во убавите пејзажи на Крушево. Подолу во видеото погледнете ја предлог турата.

Дел од турата е одмор и пиење кафе во ресторан Алто на скијачките терени, а турата ќе ве одведе се до центарот на Крушево.

За ручек ви предлагаме да го посетите Ресторан Шапе и да пробате Грне А’ла Шапе.

Саботното попладне нека биде за малку одмор, а во вечерните часови ви предлагаме кафе во хотел Панорама спа.

За во недела резервирајте си јавање коњ. Ова е едно од поновите искуства што може да се пробаат во Крушево и затоа бидете меѓу првите кои ќе можат да раскажуваат за истото.

Пред заминување пробајте Крушевска сабја во Крушевска одаја.

Се на се’, овој викенд можете да направите многу повеќе од ова, но ние ќе се потрудиме секој викенд да ви предлагаме предлог активности кои можат да го направат вашиот престој во Крушево незаборавен.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)