Нови „бајкинг“ инвестиции во Крушево

Крушево отпочнува нови проекти за збогатување на туристичката понуда. Овој пат тоа се однесува на оспособување на нови велосипедски патеки во должина од 20 километри.

Заедно со претходно обележаните Крушево ќе има над 60 км велосипедски патеки. Звучи атрактивно за сите точакџии, нели?

На тема развој на вело туризмот во Крушево се разговараше во саботата во хотел Панорама и спа по повод Светскиот ден на туризмот.

Заедно со нашите партнери од Panorama All Seasons Adventure организираме средба со локални чинители од Крушево, како што се сместувачки капацитети, бајкинг заедницата во Македонија, претставници од тур операторите и други локални чинители. Целта е да дискутираме за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело туристичка дестинација.

И официјално ја претставивме новата иницијатива која ќе се спроведува во Крушево со швајцарска поддршка – трасирање рути по меѓународни стандарди за планински велосипедизам.“ стои во објавата на Фејсбук на Програмата за пазарна вработливост (ИМЕ)на Амбасадата на швајцарија.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по настанот изрази задоволство што оваа тема се отвори, а велосипедизмот станува се популарен и со тоа се збогатува понудата на Крушево.

Туризмот е една од значајните гранки која ја раздвижува локалната економија во Крушево дури и во едни вакви нови поинакви околности со пандемијата. Оваа година Мегународниот ден на туризмот го означивме работно со дводневна работилница за алтернативните форми на туризмот како што е вело туризмот. На работилницата во х.Панорама дебатиравме, разменивме искуства, мислења и имавме конструктивен дијалог со локалните давачи на услуги и чинителите и неколку десетици здруженија на велосипедисти и поединци од нашата држава, кои го препознаваат Крушево за посакувана дестинација. , изјави градоначалникот на Крушево.

На настанот присуствуваа локални угостители, претставници од бајкинг заедницата во Македонија, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, претставници на Швајцарската амбасада, организаторите на настанот Крушево низ корија и други.

Дали Крушево станува вело дестинација?

Не поминува викенд, а во летниот период не поминува ни ден, а да не се забележи возило со некрушевски регистарски таблички кое со себе носи барем еден велосипед. Само што заврши Крушево низ корија и When in Krusevo фестивали на кои се одржуваат велосипедски тури, а туристите и крушевчани продолжуваат со вело тури.

Имајќи го ова на ум, дали можеме да кажеме дека Крушево станува вело дестинација?

Крушево денес има 42 километри обележани велосипедски патеки, а Хотел Панорама работи на оспособување на нови патеки. Од хотелот најавуваат дека ќе се направат патеки за одржување на натпревари на меѓународно и светско ниво.

Кога ќе се погледне инфраструктурата која се унапредува и зголемениот интерес за ваков вид на активности дел од авантуристичкиот туризам можеме да очекуваме дека Крушево полека но сигурно станува вело дестинација. Крушево полека станува центар на многу вело настани и вело тури во сопствена режија од многу посетители.

Да не заборавиме, дека Крушево има и голем природен потенцијал за ваков туризам. Природата нуди многу, од потешки планински предели, полесни тури, градски тури, па се до можности за изнајмување велосипеди, вело водичи и друго.

Крушево станува се попривлечно за да го истражите на точак. Добредојдовте во Крушево – вашата омилена вело дестинација!

Нови велосипедски патеки, Крушево станува центар на светскиот планински велосипедизам

Во Крушево се подготвуваат нови патеки за планински велосипедизам и креирање на Flow Trail патека за многу светски натпреварувања да се одржуваат токму во Крушево.

Panorama All Seasson Adventure во соработка со општина Крушево и 7-кратниот светски првак во планински велосипедизам Ралф Неф работат на уредување на овие патеки. Патеките кои ќе се оспособат ќе бидат со различни нивоа на екстремност.

Од хотелот Панорама и спа велат дека во тек е првата фаза на расчистување на веќе постоечки патеки, по што ќе се поставуваат знаци и табли.

За наредната сезона, започнувајќи од март месец 2021, доколку се оди по планираното, конечно ќе се оствари посетата на Швајцарските експерти меѓу кои и Ралф Неф (7 кратен Светски првак и Олимписко злато) се со цел да се промовираат и усовршат сите патеки. Целата е секако и некој од познатите натпреварувања од Светски карактер да се одржат во Крушево.

Flow trail патеките се добро познати на брзите велосипедисти и љубиели на планинскиот велосипедзам, Планината Мусица 1788м.н.в. има голем потенцијал за вакви патеки и со помош на нашата компанија и Општината, планирано е да се креираат околу 15 километри вистинска адреналинска линија. – пишува на официјалниот веб сајт на хотел Панорама и спа.

Во видеото подолу погледнете какви трки би се одржувале во Крушево на новите flow trail патеки.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)