Многу публика за новата авантура – пливачки маратон „Тоше Проески“

Во водите на Крушевско Езеро се одржа првиот пливачки маратон, а многубројната публика уживаше во оваа нова атракција во Крушево.

Натпреварувањето се одржа во неколку категории во машка и женска конкуренција, а првиот маратон во Крушево беше именуван по Тоше Проески.

На маратонот учествуваа од најмлади до највозрасни. Најмладиот учесник беше на возраст од 9 години, додека највозрасниот на 55 годишна возраст. Во Крушевско Езеро пливаа повеќе од 40 учесници.

Организаторот Пливачки клуб Вардар 2018 изрази задоволство од одржаниот маратон и се заблагодари на сите покровители:

Успешно завршен Првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” на Крушевското езеро ???????‍♀️?
Честитки за сите учесници, пливачи и клубови ??

Голема Благодарност до Градоначалникот на Општина Крушево и до Општина Крушево и до останатите покровители Jeep, Ординација Поп Ацеви, Ла Хемија, Хесен, Стокомак, Џорџ рент а кар, пицерија Скар Крушево, Кола, Адвентуре парк- Бегова Корија. Исто така благодарност до When in Krusevo за помошта при организацијата.
Учество на овој маратон зедоа 40 пливачи.
– напишаа на Фејсбук од пливачкиот клуб Вардар.

Овој настан се одржа во деновите кога се одржува и Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ која е поддржана од општествено одговорната ТТК банка.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)