МИР, СПОКОЈ, ТИШИНА – Манастир Св. Спас

Кога сте во Крушево не смеете да го одминете манастирот Св. Спас кој се наоѓа во подножјето на Крушево. Покрај манастирот Св. Преображение овој манастир е еден од најпосетуваните, а се наоѓа длабоко во шумата под Крушево.

До манастирот Св. Спас се оди пеш за околу 45 минути по шумски патчиња, или со автомобил исклучувајќи се од регионалниот пат Кривогаштани – Крушево. До самиот манастир ве води асфалтен пат, така што не се вознемирувајте – до таму ќе стигнете со вашето возило.

Ова место ќе ви понуди близок контакт со природата, а самиот двор е уреден со многу цветови и уникатни плочки. Исто така, можете да ноќевате во овој манастир, односно во нови и свежо уредени соби.

Природата ќе ви даде мир и спокој, а ќе се изнадишете свеж воздух и ќе се освежите од летните температури. Тука климата е посвежа и е идеално за ваше реласкирање и тргање од бучава и градски хаос.

Можете да се напиете и чиста изворска вода. На тој начин да се освежите и да го почувствувате природното одблиску.

Црквата е исто така многу убава, а домаќините на манастирот одржуваат редовна дезинфекција.

Во дворот на манастирот, до самата црква има и стар конак со сини врати и прозорци, кои се карактеристични и за крушевските куќи од тој период. Конакот има и висок чардак од каде можете да уживате во прекрасниот поглед кон најголемата котлина во Македонија – Пелагонија, а од другите страни гледате кон прекрасната букова корија која ги менува боите во зависност од годишните времиња. Конакот на манастирот има голем број на соби, каде гостите имаат можност и да ноќева. Во поново време,  изграден е уште еден нов конак на другата страна од црквата.

На само 15 минути пешачење се наоѓа црквата Св. Василие која е релативно нова. До таму ви препорачуваме да отидете пешки по шумскиот пат.

Длабоко во планината – црква Св. Василие

Ова место ќе ви донесе мир, спокој и тишина. Свежите бои, цвеќињата и пријатната атмосфера се идеални за неколку часовен одмор. Посетете го манастирот Св. Спас.

Прочитајте повеќе: Предлог манастирска тура

ВИДЕО Пролетна велосипедска тура низ крушевската корија

Направивме мала велосипедска тура поминувајќи дел од најубавите предели на крушевската природа.

Започнавме од историското место Гумење и се упативме во правец на авантуристичкиот парк Бегова Корија и чешмата викана АРМ.

По кратката пауза која беше наменета за восхитување на крушевската корија продолживме кон ски центарот Станич. Во Алто следеше пауза за кафе и Мохито.

Продолжуваме од ски центарот по земјен пат кон чешма Гума и излегуваме на асфалтниот пат кај бензиската пумпа.

Турата привршува со спуст до хотел Монтана Палас. Спустот е веројатно најголемото доживување, кога со брзина од 40 и повеќе километри на час ја одминуваме острата удолница

Подолу погледнете кратко видео од турата.

За оваа тура се заблагодаруваме на Наумче, Бале и Кочо за учеството во оваа тура.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)