Многу публика за новата авантура – пливачки маратон „Тоше Проески“

Во водите на Крушевско Езеро се одржа првиот пливачки маратон, а многубројната публика уживаше во оваа нова атракција во Крушево.

Натпреварувањето се одржа во неколку категории во машка и женска конкуренција, а првиот маратон во Крушево беше именуван по Тоше Проески.

На маратонот учествуваа од најмлади до највозрасни. Најмладиот учесник беше на возраст од 9 години, додека највозрасниот на 55 годишна возраст. Во Крушевско Езеро пливаа повеќе од 40 учесници.

Организаторот Пливачки клуб Вардар 2018 изрази задоволство од одржаниот маратон и се заблагодари на сите покровители:

Успешно завршен Првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” на Крушевското езеро ???????‍♀️?
Честитки за сите учесници, пливачи и клубови ??

Голема Благодарност до Градоначалникот на Општина Крушево и до Општина Крушево и до останатите покровители Jeep, Ординација Поп Ацеви, Ла Хемија, Хесен, Стокомак, Џорџ рент а кар, пицерија Скар Крушево, Кола, Адвентуре парк- Бегова Корија. Исто така благодарност до When in Krusevo за помошта при организацијата.
Учество на овој маратон зедоа 40 пливачи.
– напишаа на Фејсбук од пливачкиот клуб Вардар.

Овој настан се одржа во деновите кога се одржува и Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ која е поддржана од општествено одговорната ТТК банка.

Нова атракција во Крушево – пливачки маратон на Крушевско Езеро

Овој викенд во Крушево не’ очекува едно поинакво искуство. Настан кој за прв пат се одржува тука, а тимот на Викенд во Крушево се надева дека истиот ќе продолжи и во наредните години.

Во Крушево, на Крушевското Езеро, за прв пат ќе се одржи пливачки маратон!

Маратонот е во организација на пливачкиот клуб Вардар 2018 и истиот ќе биде во должина од 2,5 километри. Маратонот е закажан во недела на 9-ти август.

Овој маратон е уште позначаен затоа што го носи името на музичката ѕвезда и крушевчанец Тоше Проески.

???Пливачки Клуб ВАРДАР 2018 на ден 09.08.2020 год, го организира Првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” кој што воедно е и ПРВ маратон и натпревар организиран во Крушево‼️???

Маратонот ќе се одржи на Крушевското езеро, трката ќе биде кружна која ќе биде во должина од 2,5 км. ?‍♀️?‍♂️?
Се надеваме на успешен маратон и маратон кој што ќе стане традиција во нашата земја!!? ? ?
Името на овој маратон го одбравме во чест на нашата легенда Тоше Проески❤️
– се вели во официјалното соопштение на пливачкиот клуб Вардар 2018.

Пливачкиот маратон е уште една атракција во Крушево. Затоа, на 9-ти август сите во Крушево на несекојдневна спортска активност.

Официјална објава на клубот погледнете ја ТУКА

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)