Коронавирусот и новата мода што ја создава

Пред некое време пишував за позитивните работи кои ги донесе коронавирусот, заклучувајќи дека сепак е направена голема штета на туризмот. Рестрикциите не’ поттикнаа на блискост, на сочувство и на разбирање. Во сета мака разбравме дека има одредени работи кои се вредни, но пред пандемијата не сме ги препознавале.

Да не ви прераскажувам прочитајте го текстот за кој што зборувам на линкот подолу.

Во овој текст ќе зборувам за уште позитивни работи кои се случуваат, а се во насока да придонесат кон туризмот на долги патеки и истовремено нас да не сменат во начинот на живот.

По олабавувањето на ограничувањата и рестартирањето на туристичката сезона голем дел од луѓето станаа љубители на природата, на домашните дестинации, на планинарењето, велосипедизмот, трчање полумаратони и слично. На лугето активниот одмор им стана алатка за вистински да се одморат и опуштат. Денес сите во викенд патуваме некаде каде што ќе можеме да ја восприемеме природата и да споделиме фотографии на социјалните мрежи за да покажеме дека имаме нова навика, ново хоби, а можеби и, генерално, нов начин на живот.

Во оваа група се ставам јас. Во велосипедот сум заљубен уште од дете, но волкава потреба за физичка активност во природа досега не сум почувствувал. Некако стана мода, некако стана потреба, некако стана нов тренд во сабота или недела да возиме точак, да се фотографираме од некоја локација длабоко во природата, да бидеме надвор што е можно подолго.

И, да! Навистина, станува мода да си физички активен. Оваа мода е убава. Нешто ново. Нешто што произлезе од еден злобен вирус со кој се’ уште не можеме да се справиме.

Денес во Крушево има најразлични активности кои се поврзани со природата. Јавање коњи, мото тури и други активности кои се надополнение на стандардните како планинарење и велосипедизам.

Можеме да заклучиме дека коронавирусот создаде многу позитивни навики за сите нас и имам впечаток дека тие навики ќе потраат. Дури и кога сето ова ќе заврши мислам дека ќе бидеме уште поактивни и ќе ја избираме оваа нова мода.

Дали Крушево станува вело дестинација?

Не поминува викенд, а во летниот период не поминува ни ден, а да не се забележи возило со некрушевски регистарски таблички кое со себе носи барем еден велосипед. Само што заврши Крушево низ корија и When in Krusevo фестивали на кои се одржуваат велосипедски тури, а туристите и крушевчани продолжуваат со вело тури.

Имајќи го ова на ум, дали можеме да кажеме дека Крушево станува вело дестинација?

Крушево денес има 42 километри обележани велосипедски патеки, а Хотел Панорама работи на оспособување на нови патеки. Од хотелот најавуваат дека ќе се направат патеки за одржување на натпревари на меѓународно и светско ниво.

Кога ќе се погледне инфраструктурата која се унапредува и зголемениот интерес за ваков вид на активности дел од авантуристичкиот туризам можеме да очекуваме дека Крушево полека но сигурно станува вело дестинација. Крушево полека станува центар на многу вело настани и вело тури во сопствена режија од многу посетители.

Да не заборавиме, дека Крушево има и голем природен потенцијал за ваков туризам. Природата нуди многу, од потешки планински предели, полесни тури, градски тури, па се до можности за изнајмување велосипеди, вело водичи и друго.

Крушево станува се попривлечно за да го истражите на точак. Добредојдовте во Крушево – вашата омилена вело дестинација!

ВИДЕО Пролетна велосипедска тура низ крушевската корија

Направивме мала велосипедска тура поминувајќи дел од најубавите предели на крушевската природа.

Започнавме од историското место Гумење и се упативме во правец на авантуристичкиот парк Бегова Корија и чешмата викана АРМ.

По кратката пауза која беше наменета за восхитување на крушевската корија продолживме кон ски центарот Станич. Во Алто следеше пауза за кафе и Мохито.

Продолжуваме од ски центарот по земјен пат кон чешма Гума и излегуваме на асфалтниот пат кај бензиската пумпа.

Турата привршува со спуст до хотел Монтана Палас. Спустот е веројатно најголемото доживување, кога со брзина од 40 и повеќе километри на час ја одминуваме острата удолница

Подолу погледнете кратко видео од турата.

За оваа тура се заблагодаруваме на Наумче, Бале и Кочо за учеството во оваа тура.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)