Во Крушево на малку историја, чувство на херојство и адреналин

Крушево е синоним за херојство и тоа е отсликано преку многу крушевски локалитети, споменици, музеи. Херојството е најмногу поврзано со Крушевската Република од 1903-та, но не е изоставен придонесот на Партизаните, односно оваа фаза од историјата.

Крушево е важно историско место не само заради битките кои се воделе, туку и заради самиот развој на Крушево кој опфаќал различни етнички заедници. Денес Крушево е тријазична општина и симбол на соработката меѓу различни етникуми која датира од векови претходно.

Овие неколку вредности играат главна улога во туристичката понуда на градот. Покрај понудата од аспект на авантуристички туризам Крршево може да понуди и историја, многу настани кои создале слика за Крушево дека се работи за херојско место со голем удел во македонската историја.

Споменикот Илинден е еден од најпрепознатливите споменици во Крушево. Симболот на борбата на македонскиот народ е од особен интерес на странските туристи. Дополнително, самата архитектура на споменик создава голема љубопитност да се види и посети музејот.

Прочитај повеќе: Илинденско востание од 1903: историски пораки и значење

Се одржуваат и многу настани кои ги одбележуваат историјата и херојството на Крушево, а заедничката битка за слобода за Крушево создала многу приказни секогаш интереси за туристите.

Крушево има широка понуда и имате навистина многу причини да не’ посетите, затоа овој викенд ајде во Крушево на малку историја, чувство на херојство, а неизбежен е и адреналинот.

Кога е основано Крушево?

Многу научници кои што пишувале за Крушево, мислеле дека Крушево било нова населба основана во 18ти век, со наслување на Влашките одгледувачи на говеда во оваа област. Подоцна се докажало дека Крушево е многу постара населба.

Последните достапни документи потврдуваат дека Крушево е за прв пат спомнато во 1767 година како мезра (место без популација кое што понекогаш е населувано и подоцна мигрирано, или никогаш не било населено, но требало да биде дадено во сопственост на земјопоседник со цел да се насели) во сопственост на земјопоседникот Хусеин Бег, заедно со Прилеп и другите села.

Има и други турски и други извори кои што тврдат дека Крушево постоело како населба долго пред 18ти век. Изгледа дека првите жители на Крушево биле Македонци кои што го дале името на оваа населба. 

На почеток, Крушево било мала населба за одгледување говеда, а брзиот раст е поврзан со населувањето на Власите во 18ти век, за потоа да следи бројна македонска популација. Најголемиот број на Власи дошле од Москополе, Албанија, и други региони, бегајќи од Отоманската опресија, додека Македонците се од Дебарскиот регион и други места од западна Македонија кои исто така бегале од насилството барајќи подобар живот. Меѓу нив имало вешти трговци (особено меѓу Власите), а исто така имало и доста занаетчии, одгледувачи на стока, професии кои што дале одреден карактер на градот.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)