Во спомен на Тоше и P.S. Guitar Fest Krushevo на Христо Христоски Мулар измина минатата недела. Домаќините победија на фудбалскиот турнир во чест на Тоше, а ние имавме чест да проследиме дел од музичкиот настан.
Во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржа 15-тото издание на фестивалот на гитара кој го започна сега покојниот Христо Христоски Мулар, а го прододолжи синот на Христо – Перо Мулар.
Настанот го најавивме преку едно пријатно интервју со Перо, а нашите фотографии зборуваат за високото ниво на уметност кое 3 дена се претставуваше во Крушево.
Дуо Балкан (Луна Лилиќ и Матеј Детељ)
Првиот ден од настанот започна со настап на Дарко Багески кој го заокружи своето претставување со една од најомилените нумери, како што кажа тој, на Христо Христоски Мулар.
Трејлерот за Крушево е тука, го очекуваме целосното видео
Најавното видео за Крушево кое го изработува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и партнерите е објавено. За многу скоро го очекуваме целосното видео, а по она што е објавено ќе биде неодоливо! #ДомаСиЕДома
?Одберете романтичен викенд во Крушево. Мир, прекрасна природа и тивки ноќи. Ви Нудиме пакет од: * 3 ноќевања за две лица * 3 доручеци за две лица * 2 ручеци ( или вечери) за две лица.
* Оброците се користат по следниот редослед: * Ден 1- Check In во апартманот после 12:00часот * Ден 2- Доручек и ручек/вечера * Ден 3- Доручек и ручек/ вечера * Ден 4- Доручек, check out од 10:30 до 11:00 часот.
ОВАА ПОНУДА ВАЖИ ЗА ДВЕ ЛИЦА СО КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРОТ ЗА ТУРИЗАМ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНА ДОПЛАТА.
* За секој дополнителен оброк се доплаќа на лице место во Ресторан Рома Крушево. * За дополнително ноќевање се доплаќа на лице место во On Top Apartments Крушево. – За секакви дополнителни информации, екстра кревети, модификации на понуди, јавете се на телефон: ☎️ 078 843 685
Дома си е дома – Дали конечно ќе „не освести“ ова?
Од дамнешни времиња, или поточно од кога постои човекот, постои и потребата за патување, првенствено заради потреби како менување на местото на живеење, наоѓање на храна, плодна почва итн. Од друга страна, човекот патува и за одмор и релаксација, за да го запознае светот и да го види начинот на живеење и културите на другите народи, што претставува нешто од кое може најмногу да се научи и да се добие едно животно искуство кое вреди повеќе од пари или било какви материјални нешта и е искуство кое никој не може да ни го земе. Секое место во светот е вредно да се посети, меѓутоа, не секое место може да се пофали со природни услови за развој на туризмот.
Некаде природата не штедела од таа гледна точка и го создала она што е ретко, необично, несекојдневно и вреди да се види секако. Таква една земја е нашата Македонија. Земја која поседува многу природни богатства како планини, котлини, езера, кањони и други природни реткости кои треба да се видат. Земја позната по производството на тутун, пиперки, земја во која се произведуваат едни од најдобрите вина кои се светски познати.
Името Македонија и Македонците како народ се познати од многу одамна. Можеби, нашата држава е една од најстарите во светот. Така што, тука освен тоа што постојат природни реткости кои вреди да се видат, постојат и многу споменици и места каде се одиграле клучни историски настани. Исто така, има и многу антички локалитети и градби кои се зачувани до денес, а потекнуваат од римско, византиско, турско, па и од поново време. Сето ова ја прави нашата земја една интересна туристичка дестинација која вреди да се истражи.
Македонците, пак, како народ се познати по тоа што се гостопримливи и пријателски расположени. За да некој каже дека патувал и вистина научил нешто од тоа, добил некое искуство, треба прво да патува низ својата земја, да го осознае прво своето, да е свесен кој е и од каде потекнува, каква е неговата култура, па дури потоа да патува низ светот и да научи нови места, нови култури, а истовремено и да ја претстави својата земја таму каде што оди, а во случајот со нашата земја има многу што да се претстави. Секој човек треба да е амбасадор прво на местото од каде што потекнува, а потоа и на својата држава и својата култура.
Кај нас, за жал, од една страна постојат многу луѓе кои не прошетале или недоволно прошетале и недоволно ја запознале нашата држава, па сметаат дека Македонија нема некој голем потенцијал за патување и истражување. Од друга страна пак, постојат луѓе кои го посетиле скоро секое место низ нашата држава и се свесни дека имаме нешто кое вреди да се посетува одново и одново, како и да се промовира секаде низ светот.
Во последните неколку месеци, заради светската криза со вирусот Ковид 19, се почести се патувањата низ нашите туристички центри и се почесто може да се видат различни реклами кои ги претставуваат нашите дестинации и нивните потенцијали, нешто што реално требаше да се случи многу порано. Се наметнува прашањето, дали треба да се случи светска криза, за ние како народ конечно да се сетиме дека треба да си ја запознаеме нашата земја, да си ја цениме како што сите нормални народи си ги ценат своите земји, своите култури и се она нивно што е посебно и специфично во однос на другите земји и народи?
Секое нешто што се случува на Земјата, си има свои позитивни и негативни страни. Во црното секогаш има бела точка и обратно, според законот на „јинг и јанг“, еден од основните концепти во кинеската филозофија. Можеби коронавирусот ќе не „освести“ на некој начин и конечно ќе почнеме да си ја цениме и сакаме нашата држава.