Швајцарска амбасада и Агенција за туризам со промотивно видео за Крушево
Промотивното видео за Крушево се подготвува од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со поддршка на програмата ИМЕ на Швајцарска амбасада.

„Деновиве завршува снимањето на 10 промотивни видеа, за кои Програмата И.М.Е ја поддржа Агенција за промоција и поддршка на туризмот.
Целта на овие видеа е да претстават повеќе домашни туристички дестинации кои нудат содржини за активен одмор. Ова се места каде домашните, но и туристите од регионот и пошироко може да уживаат во активен и еко туризам, преку активности како што се планинарење, (планински) велосипедизам, спортско качување, параглајдинг, нуркање и многу други. И сето тоа во комбинација со традиционална храна, вино и културни содржини.“, пишува во објавата на официјалната стран на Програмата.

Видеото е дел од кампањата #ДомаСиЕДома.
Ова лето Крушево е вашата најбезбедна дестинација.