Многу публика за новата авантура – пливачки маратон „Тоше Проески“

Во водите на Крушевско Езеро се одржа првиот пливачки маратон, а многубројната публика уживаше во оваа нова атракција во Крушево.

Натпреварувањето се одржа во неколку категории во машка и женска конкуренција, а првиот маратон во Крушево беше именуван по Тоше Проески.

На маратонот учествуваа од најмлади до највозрасни. Најмладиот учесник беше на возраст од 9 години, додека највозрасниот на 55 годишна возраст. Во Крушевско Езеро пливаа повеќе од 40 учесници.

Организаторот Пливачки клуб Вардар 2018 изрази задоволство од одржаниот маратон и се заблагодари на сите покровители:

Успешно завршен Првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” на Крушевското езеро ???????‍♀️?
Честитки за сите учесници, пливачи и клубови ??

Голема Благодарност до Градоначалникот на Општина Крушево и до Општина Крушево и до останатите покровители Jeep, Ординација Поп Ацеви, Ла Хемија, Хесен, Стокомак, Џорџ рент а кар, пицерија Скар Крушево, Кола, Адвентуре парк- Бегова Корија. Исто така благодарност до When in Krusevo за помошта при организацијата.
Учество на овој маратон зедоа 40 пливачи.
– напишаа на Фејсбук од пливачкиот клуб Вардар.

Овој настан се одржа во деновите кога се одржува и Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ која е поддржана од општествено одговорната ТТК банка.

ТТК банка со поддршка за најголемите настани во Крушево

Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ речиси секоја година е препознаена од многу приватни субјекти како настан кој привлекува туристи во Крушево и одбележува значајни настани од историјата на државата. Овој настан веќе не е поддржан само од државни донатори. Годинава, еден од тие правни субјекти беше ТТК Банка која дава силна поддршка на овогодинешното издание на Манифестацијата.

Оваа година манифестацијата е значително изменета, а програмата е редуцирана. Во рамки на овие 10 дена се одржа отворањето на настанот со импровизиран напад на Крушево, ќе се одбележи денот на Унгарците, неколку денови кои ќе ја одбележат влашката култура, пливачки маратон на Крушевско Езеро, а од 1-ви до 10-ти август се одржува и фестивалот на отворено When in Krusevo. Сите овие настани во рамки на овие денови привлекуваат туристи во Крушево и најголемиот дел од сместувачките капацитети се исполнети во деновите и по завршувањето на Манифестацијата. Исто така, организаторите на Десет дена Крушевска Република велат дека оваа година иако видоизменета манифестацијата ќе го одбележи можеби најголемиот македонски празник.

ТТК банка покрај тоа што дава силна финансиска и логистичка поддршка на Манифестацијата, таа ја покажува својата општествена одговорност преку промоција на препораките за заштита од коронавирусот и дезинфекција и делење на маски на денот на отворањето на Десет дена Крушевска Република. Исто така, Банката ги претстави поволностите за електронско и мобилно банкарство со цел подигнување на нивото на безбедност кај граѓаните во време на корона криза.

Така што банката, покрај услугата која ја дава на своите корисници посветува големо внимание на вакви настани од национално значење со посебен фокус на безбедноста на посетителите.

Тимот на Викенд во Крушево и Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ве покануваат во Крушево на настаните што претстојат и се организираат со поддршка на ТТК банка.

1 – 10 август – When in Krusevo

7,8,9 и 10 август – Денови на културата и уметноста на Власите

9 август – Пливачки маратон на Крушевско Езеро

10 август – Затворање на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)