ВИКЕНД ПОНУДА Музеите се отворени, пробајте вкусна храна во Либра

Пред нас е првиот викенд за користење на ваучерите за туризам. Во Крушево има околу 20 сместувачки капацитети кои работат со овие ваучери, а деновите што претстојат носат уникатна понуда за вас.

Музеите се отворени по неколку месеци пауза и по подолго време можете повторно да ја почувствувате историјата на Крушево. Посетете ги Македониум, галеријата Никола Мартиноски и спомен куќата „Тодор Проески“ кои работат од 9 до 16 часот.

За вкусен ручек ви предлагаме да посетите еден од локалите во близина на музеите. Посетете го ресторан Либра и пробајте паста со кулен и растопен кашкавал.

За недела ви препорачуваме прошетка до манастирот Св. Преображение. Кога веќе сте на манастирот испешачете и до 33-метарскиот крст од каде што можете да го погледнете цело Крушево, околината и дел од Пелагонија. Крстот се наоѓа на 15 минути пешачење од самиот манастир.

Поглед од Св. Преображение

Посетете го Крушево уште овој викенд. Не’ очекува убаво време.

Од утре може да се користат ваучерите за туризам

Од утре, 15-ти јули, сите добитници на ваучери за туризам ќе можат да ги користат во еден од сместувачките капацитети во Крушево.

Ваучерите за туризам можат да се искористат само еднаш и само во еден угостителски објект.

Во Крушево корисници на ваучерот се двата хотели и 20-тина сместувачки капацитети од приватното сместување.

Ве очекуваме уште овој викенд!

Сместете се во вила Фила

Вила Фила се наоѓа во повисоките делови од Крушево, во околината на хотелската зона, но е оддалечена само 10 минути од центарот на градот. Нуди топло и гостопримливо сместување заедно со пристапни цени.

Како посетител можете да одберете соба или апартман опремени со интернет, парно загревање и одличен пејзаж кон градот.

Ако сте во Крушево ова лето тогаш вашата идеална опција за сместување е Вила Фила.

Контактирајте не’ за да ве сместиме во еден од поубавите апартмани во градот.

☎ 075 252 133
? vikendvokrusevo@yahoo.com

Посетете ги Апартмани ла Штабе

Апартмани Ла Штабе се сместени во непосредна близина на хотелската зона во Крушево и располагаат со два апартмани во кои има оспособен простор и за деца и за возрасни.

Овие апартмани се со долга историја на сместување, но во 2019-та беа целосно реновирани и приспособени да ги задоволат сите потреби и барања на туристите.

Посетете ги Апартмани ла Штабе кои имаат свој паркинг, бежичен интернет, клима и комоција.

Во апартманите можете да искористите и ваучер за туризам. 078/301-413

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor