Нови велосипедски патеки, Крушево станува центар на светскиот планински велосипедизам

Во Крушево се подготвуваат нови патеки за планински велосипедизам и креирање на Flow Trail патека за многу светски натпреварувања да се одржуваат токму во Крушево.

Panorama All Seasson Adventure во соработка со општина Крушево и 7-кратниот светски првак во планински велосипедизам Ралф Неф работат на уредување на овие патеки. Патеките кои ќе се оспособат ќе бидат со различни нивоа на екстремност.

Од хотелот Панорама и спа велат дека во тек е првата фаза на расчистување на веќе постоечки патеки, по што ќе се поставуваат знаци и табли.

За наредната сезона, започнувајќи од март месец 2021, доколку се оди по планираното, конечно ќе се оствари посетата на Швајцарските експерти меѓу кои и Ралф Неф (7 кратен Светски првак и Олимписко злато) се со цел да се промовираат и усовршат сите патеки. Целата е секако и некој од познатите натпреварувања од Светски карактер да се одржат во Крушево.

Flow trail патеките се добро познати на брзите велосипедисти и љубиели на планинскиот велосипедзам, Планината Мусица 1788м.н.в. има голем потенцијал за вакви патеки и со помош на нашата компанија и Општината, планирано е да се креираат околу 15 километри вистинска адреналинска линија. – пишува на официјалниот веб сајт на хотел Панорама и спа.

Во видеото подолу погледнете какви трки би се одржувале во Крушево на новите flow trail патеки.

ТТК банка со поддршка за најголемите настани во Крушево

Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ речиси секоја година е препознаена од многу приватни субјекти како настан кој привлекува туристи во Крушево и одбележува значајни настани од историјата на државата. Овој настан веќе не е поддржан само од државни донатори. Годинава, еден од тие правни субјекти беше ТТК Банка која дава силна поддршка на овогодинешното издание на Манифестацијата.

Оваа година манифестацијата е значително изменета, а програмата е редуцирана. Во рамки на овие 10 дена се одржа отворањето на настанот со импровизиран напад на Крушево, ќе се одбележи денот на Унгарците, неколку денови кои ќе ја одбележат влашката култура, пливачки маратон на Крушевско Езеро, а од 1-ви до 10-ти август се одржува и фестивалот на отворено When in Krusevo. Сите овие настани во рамки на овие денови привлекуваат туристи во Крушево и најголемиот дел од сместувачките капацитети се исполнети во деновите и по завршувањето на Манифестацијата. Исто така, организаторите на Десет дена Крушевска Република велат дека оваа година иако видоизменета манифестацијата ќе го одбележи можеби најголемиот македонски празник.

ТТК банка покрај тоа што дава силна финансиска и логистичка поддршка на Манифестацијата, таа ја покажува својата општествена одговорност преку промоција на препораките за заштита од коронавирусот и дезинфекција и делење на маски на денот на отворањето на Десет дена Крушевска Република. Исто така, Банката ги претстави поволностите за електронско и мобилно банкарство со цел подигнување на нивото на безбедност кај граѓаните во време на корона криза.

Така што банката, покрај услугата која ја дава на своите корисници посветува големо внимание на вакви настани од национално значење со посебен фокус на безбедноста на посетителите.

Тимот на Викенд во Крушево и Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ве покануваат во Крушево на настаните што претстојат и се организираат со поддршка на ТТК банка.

1 – 10 август – When in Krusevo

7,8,9 и 10 август – Денови на културата и уметноста на Власите

9 август – Пливачки маратон на Крушевско Езеро

10 август – Затворање на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

МИР, СПОКОЈ, ТИШИНА – Манастир Св. Спас

Кога сте во Крушево не смеете да го одминете манастирот Св. Спас кој се наоѓа во подножјето на Крушево. Покрај манастирот Св. Преображение овој манастир е еден од најпосетуваните, а се наоѓа длабоко во шумата под Крушево.

До манастирот Св. Спас се оди пеш за околу 45 минути по шумски патчиња, или со автомобил исклучувајќи се од регионалниот пат Кривогаштани – Крушево. До самиот манастир ве води асфалтен пат, така што не се вознемирувајте – до таму ќе стигнете со вашето возило.

Ова место ќе ви понуди близок контакт со природата, а самиот двор е уреден со многу цветови и уникатни плочки. Исто така, можете да ноќевате во овој манастир, односно во нови и свежо уредени соби.

Природата ќе ви даде мир и спокој, а ќе се изнадишете свеж воздух и ќе се освежите од летните температури. Тука климата е посвежа и е идеално за ваше реласкирање и тргање од бучава и градски хаос.

Можете да се напиете и чиста изворска вода. На тој начин да се освежите и да го почувствувате природното одблиску.

Црквата е исто така многу убава, а домаќините на манастирот одржуваат редовна дезинфекција.

Во дворот на манастирот, до самата црква има и стар конак со сини врати и прозорци, кои се карактеристични и за крушевските куќи од тој период. Конакот има и висок чардак од каде можете да уживате во прекрасниот поглед кон најголемата котлина во Македонија – Пелагонија, а од другите страни гледате кон прекрасната букова корија која ги менува боите во зависност од годишните времиња. Конакот на манастирот има голем број на соби, каде гостите имаат можност и да ноќева. Во поново време,  изграден е уште еден нов конак на другата страна од црквата.

На само 15 минути пешачење се наоѓа црквата Св. Василие која е релативно нова. До таму ви препорачуваме да отидете пешки по шумскиот пат.

Длабоко во планината – црква Св. Василие

Ова место ќе ви донесе мир, спокој и тишина. Свежите бои, цвеќињата и пријатната атмосфера се идеални за неколку часовен одмор. Посетете го манастирот Св. Спас.

Прочитајте повеќе: Предлог манастирска тура

За Илинден во Крушево

Илинден како еден од најголемите празници на Крушево е исполнет со туристи секоја година, многу содржини и допир со славното минато. Годинава нашиот Илинден ќе биде поразличен од минатите, но повторно овие денови ќе останат едни од најубавите за посета на Крушево.

Заради коронавирусот манифестација Десет дена Крушевска Република ќе биде значително изменета, но повторно ќе понуди содржини за поубав престој во нашиот град.

Во тој период од 10 дена се одржува и фестивалот на отворено When in Krusevo кој нуди планинарски, велосипедски, кајак и SUP тури.

Ве очекуваме во Крушево за Манифестацијата Десет дена Крушевска Република и ако се уште не сте резервирале место тогаш погледнете ја нашата листа на сместувачки капацитети.

Апартмани, вили и хотели во Крушево

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)