ПОНУДА 2: On Top Apartments и пицерија Рома

On Top Apartments и Пицерија Рома ја објавуваат понудата бр. 2 која е уште понеодолива од првата.

Понуда бр. 2 за користење на #ваучер за туризам во #OnTopApartments Крушево, во соработка со Пицерија Рома – Крушево :

?Одберете романтичен викенд во Крушево. Мир, прекрасна природа и тивки ноќи. Ви Нудиме пакет од:
* 3 ноќевања за две лица
* 3 доручеци за две лица
* 2 ручеци ( или вечери) за две лица.

* Оброците се користат по следниот редослед:
* Ден 1- Check In во апартманот после 12:00часот
* Ден 2- Доручек и ручек/вечера
* Ден 3- Доручек и ручек/ вечера
* Ден 4- Доручек, check out од 10:30 до 11:00 часот.

ОВАА ПОНУДА ВАЖИ ЗА ДВЕ ЛИЦА СО КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРОТ ЗА ТУРИЗАМ БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНА ДОПЛАТА.

* За секој дополнителен оброк се доплаќа на лице место во Ресторан Рома Крушево.
* За дополнително ноќевање се доплаќа на лице место во On Top Apartments Крушево.
– За секакви дополнителни информации, екстра кревети, модификации на понуди, јавете се на телефон:
☎️ 078 843 685

Дома си е дома – Дали конечно ќе „не освести“ ова?

Од дамнешни времиња, или поточно од кога постои човекот, постои и потребата за патување, првенствено заради потреби како менување на местото на живеење, наоѓање на храна, плодна почва итн. Од друга страна, човекот патува и за одмор и релаксација, за да го запознае светот и да го види начинот на живеење и културите на другите народи, што претставува нешто од кое може најмногу да се научи и да се добие едно животно искуство кое вреди повеќе од пари или било какви материјални нешта и е искуство кое никој не може да ни го земе. Секое место во светот е вредно да се посети, меѓутоа, не секое место може да се пофали со природни услови за развој на туризмот.

Некаде природата не штедела од таа гледна точка и го создала она што е ретко, необично, несекојдневно и вреди да се види секако. Таква една земја е нашата Македонија. Земја која поседува многу природни богатства како планини, котлини, езера, кањони и други природни реткости кои треба да се видат. Земја позната по производството на тутун, пиперки, земја во која се произведуваат едни од најдобрите вина кои се светски познати.

Името Македонија и Македонците како народ се познати од многу одамна. Можеби, нашата држава е една од најстарите во светот. Така што, тука освен тоа што постојат природни реткости кои вреди да се видат, постојат и многу споменици и места каде се одиграле клучни историски настани. Исто така, има и многу антички локалитети и градби кои се зачувани до денес, а потекнуваат од римско, византиско, турско, па и од поново време. Сето ова ја прави нашата земја една интересна туристичка дестинација која вреди да се истражи.

Македонците, пак, како народ се познати по тоа што се гостопримливи и пријателски расположени. За да некој каже дека патувал и вистина научил нешто од тоа, добил некое искуство, треба прво да патува низ својата земја, да го осознае прво своето, да е свесен кој е и од каде потекнува, каква е неговата култура, па дури потоа да патува низ светот и да научи нови места, нови култури, а истовремено и да ја претстави својата земја таму каде што оди, а во случајот со нашата земја има многу што да се претстави. Секој човек треба да е амбасадор прво на местото од каде што потекнува, а потоа и на својата држава и својата култура.

Кај нас, за жал, од една страна постојат многу луѓе кои не прошетале или недоволно прошетале и недоволно ја запознале нашата држава, па сметаат дека Македонија нема некој голем потенцијал за патување и истражување. Од друга страна пак, постојат луѓе кои го посетиле скоро секое место низ нашата држава и се свесни дека имаме нешто кое вреди да се посетува одново и одново, како и да се промовира секаде низ светот.

Во последните неколку месеци, заради светската криза со вирусот Ковид 19, се почести се патувањата низ нашите туристички центри и се почесто може да се видат различни реклами кои ги претставуваат нашите дестинации и нивните потенцијали, нешто што реално требаше да се случи многу порано. Се наметнува прашањето, дали треба да се случи светска криза, за ние како народ конечно да се сетиме дека треба да си ја запознаеме нашата земја, да си ја цениме како што сите нормални народи си ги ценат своите земји, своите култури и се она нивно што е посебно и специфично во однос на другите земји и народи?

Секое нешто што се случува на Земјата, си има свои позитивни и негативни страни. Во црното секогаш има бела точка и обратно, според законот на „јинг и јанг“, еден од основните концепти во кинеската филозофија. Можеби коронавирусот ќе не „освести“ на некој начин и конечно ќе почнеме да си ја цениме и сакаме нашата држава.

Или, сепак не?

Наум Прешоски

Крушево голем играч на македонската туристичка сцена

Викендот што измина екипа на туристичката компанија ЈК травел беше на истражување на потенцијалите и на фотосесија на Крушево. Ова е втора посета на Крушево од еминентни туристички работници во насока на промоција на домашните дестинации.

Една од најголемите туристички агенции во Македонија направи одлични фотографии во кои спаѓа параглајдингот, јавање коњи и слично. Фотографиите ги очекуваме за многу скоро.

Прочитајте повеќе Локалните вили започнуваат соработка со најголемите туристички агенции

Крушево станува се попримамлива дестинација и се поголем играч на теренот на туризмот. Тоа се покажа преку посетата на Агенцијата за промоција и поддршка туризмот, а сега и преку компанијата ЈК травел.

Локалните вили започнуваат соработка со најголемите туристички агенции

Неколку сместувачки објекти од Крушево започнуваат со соработка со најголемите туристички агенции од Македонија. Ова е нешто релативно ново во крушевскиот туризам со оглед на фактот дека претежно туристичките агенции подготвуваат аранжмани за надвор од државата.

Засега On Top Apartments објави дека веќе отпочнува соработка со една од најголемите туристички агенции ЈК Травел, а очекуваме и други хотели, вили и апартмани да се придружат на овие нови текови.

Тимот на Викенд во Крушево ја поддржува ваквата соработка и се надеваме дека истата ќе се проширува и продлабочува. Соработката меѓу локалните хотели, вили и апартмани со туристичките агенции може да донесе многу придобивки за Крушево како туристичка дестинација на долг рок.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)