Крушево голем играч на македонската туристичка сцена

Викендот што измина екипа на туристичката компанија ЈК травел беше на истражување на потенцијалите и на фотосесија на Крушево. Ова е втора посета на Крушево од еминентни туристички работници во насока на промоција на домашните дестинации.

Една од најголемите туристички агенции во Македонија направи одлични фотографии во кои спаѓа параглајдингот, јавање коњи и слично. Фотографиите ги очекуваме за многу скоро.

Прочитајте повеќе Локалните вили започнуваат соработка со најголемите туристички агенции

Крушево станува се попримамлива дестинација и се поголем играч на теренот на туризмот. Тоа се покажа преку посетата на Агенцијата за промоција и поддршка туризмот, а сега и преку компанијата ЈК травел.

Предлог активности за овој викенд во Крушево

Пред нас е уште еден викенд кој можете да го поминете во Крушево. Според временската прогноза не’ очекува сончево и топло време, односно време кое е соодветно за активности на отворено.

Овој викенд ви предлагаме да направите една мала тура со велосипед. Таа можете да ја пробате во сабота наутро и патем да уживате во убавите пејзажи на Крушево. Подолу во видеото погледнете ја предлог турата.

Дел од турата е одмор и пиење кафе во ресторан Алто на скијачките терени, а турата ќе ве одведе се до центарот на Крушево.

За ручек ви предлагаме да го посетите Ресторан Шапе и да пробате Грне А’ла Шапе.

Саботното попладне нека биде за малку одмор, а во вечерните часови ви предлагаме кафе во хотел Панорама спа.

За во недела резервирајте си јавање коњ. Ова е едно од поновите искуства што може да се пробаат во Крушево и затоа бидете меѓу првите кои ќе можат да раскажуваат за истото.

Пред заминување пробајте Крушевска сабја во Крушевска одаја.

Се на се’, овој викенд можете да направите многу повеќе од ова, но ние ќе се потрудиме секој викенд да ви предлагаме предлог активности кои можат да го направат вашиот престој во Крушево незаборавен.

Во Крушево на малку историја, чувство на херојство и адреналин

Крушево е синоним за херојство и тоа е отсликано преку многу крушевски локалитети, споменици, музеи. Херојството е најмногу поврзано со Крушевската Република од 1903-та, но не е изоставен придонесот на Партизаните, односно оваа фаза од историјата.

Крушево е важно историско место не само заради битките кои се воделе, туку и заради самиот развој на Крушево кој опфаќал различни етнички заедници. Денес Крушево е тријазична општина и симбол на соработката меѓу различни етникуми која датира од векови претходно.

Овие неколку вредности играат главна улога во туристичката понуда на градот. Покрај понудата од аспект на авантуристички туризам Крршево може да понуди и историја, многу настани кои создале слика за Крушево дека се работи за херојско место со голем удел во македонската историја.

Споменикот Илинден е еден од најпрепознатливите споменици во Крушево. Симболот на борбата на македонскиот народ е од особен интерес на странските туристи. Дополнително, самата архитектура на споменик создава голема љубопитност да се види и посети музејот.

Прочитај повеќе: Илинденско востание од 1903: историски пораки и значење

Се одржуваат и многу настани кои ги одбележуваат историјата и херојството на Крушево, а заедничката битка за слобода за Крушево создала многу приказни секогаш интереси за туристите.

Крушево има широка понуда и имате навистина многу причини да не’ посетите, затоа овој викенд ајде во Крушево на малку историја, чувство на херојство, а неизбежен е и адреналинот.

Ресторан Мета

Градот Крушево има голема бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафеани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претежно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Во непосредна близина на локалните кафулиња кои ги организираат најдобрите вечерни журки се наоѓа ресторан Мета со привлечен амбиент и големо мени со вкусна храна. Ресторанот, поточно, се наоѓа на Улицата на Тоше и околината е уште една причина да ја посетите и летната тераса на овој ресторан.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)