Крушевските жени и девојки ја создаваат најубавата улица на Тоше

Крушевски жени-волонтерки денеска продолжија со работа на Улицата на Тоше. Овој пат во значително поголем број, но волонтерките повикуваат и други волонтери да им се приклучат во уредувањето на оваа улица.

Фото: Нули Јованоска

Покрај членките на здруженијата дел од Платформата за развој на туризмот, другите крушевчанки на оваа акција се приклучија и волонтерите од ОО Црвен Крст Крушево. Како асистенција на денешната работа беа јавното претпријатие „Комуна“ и општина Крушево.

Жените и девојките работеа со задоволство не само заради честа да ја разубават оваа улица, туку и заради ангелскиот глас на Тоше кој што одекнува од поставеното озвучување.

Share on:

Крушево рестарт, угостителите започнаа со работа (Видео)

Крушево целосно се рестартира! Локалните кафулиња, пицерии и ресторани од денеска започнаа со работа и Крушево е веќе раздвижено.

Погледнете го видеото подолу и почувствувајте ја атмосферата.

Викенд во Крушево апелира до обожавателите да ги почитуваат мерките и сите заедно да се придржуваме до физичко растојание од 2 метра, задолжително носење заштитна опрема и одржување на хигиена.

Share on:

Улицата на Тоше со разнолики бои и богат мирис на цветови

Улицата на Тоше изгледа се поубаво. Сега е исполнета со мирис на различни цветови и бои кои ја оплеменуваат и даваат душа на оваа улица. Кога сето ова ќе се искомбинира со песните на Тоше Крушево добива едно пријатно место со кое покрај самата гостопримливост на улицата се чува и споменот на Тоше.

Прочитај повеќе –Песните на Тоше одекнуваат во центарот на Крушево

Припадничките на Платформата за развој на туризмот уште утре ќе продолжат со работа на улицата. Ќе се засадуваат уште цвеќиња, а општината ги повика сите угостителски објекти да постават свои банери на делови од улицата.

Досега на оваа улица се засадуваа и дрвца и се постави озвучување од кое 24/7 се слушаат песните на Тоше. Целта на општина Крушево е разубавување на оваа улица и нејзино означување како Улицата на Тоше.

Share on:

Крушево блиску до целосен рестарт

Крушево е многу блиску до целосен рестарт. Најголемиот дел од пицериите и рестораните работат со достава, а според најавите се очекува за многу брзо целосно отворање на угостителските објекти.

Од угостителските објекти кои работат со достава уште пред првомајските празници се следниве:

Пицерија Скар
Гостилница Марчело
Ресторан Шапе
Пицерија Рома
Етно гостилница
Ресторан Мета

Исто така, пред неколку дена и клуб Планет започна да работи со „Coffee to go“.

Крушево се подготвува за Вас. Крушево е вистинската домашна дестинација за ова лето #ДомаСиЕДома

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)