Крушево има иднина во алтернативниот туризам

Ретки се земјите во светот и местата кои ја имаат таа привилегија и можност за развој на т.н. алтернативен туризам. Тоа пред се се должи на природните услови кои ги поседуваат тие места. Во светот, веќе одамна се застапени различни форми и типови на алтернативен туризам, нешто што кај нас се популаризира во последните десетина години. Македонија и градот Крушево имаат одлични услови за развој баш на овој вид на туризам кој за туристите претставува едно поинакво доживување кое нуди можност покрај стандардните форми на туризам, да внесeме и малку природа, адреналин, возбуда и голем број на несекојдневни активности, кои дефинитивно престојот во некое туристичко место го прават повозбудлив и поинтересен.

            Во последните неколку години, многу места во Македонија се веќе на светските туристички карти, како едни од најдобрите дестинации за различни алтернативни форми на туризам. Меѓу нив, неизоставен дел е и нашиот град Крушево, кој спаѓа во топ десетте дестинации во светот кои имаат најдобри услови за параглајдинг и змајарство. За тоа сведочат и бројните светски и европски првенства кои се организираат во Крушево со што градот полека прераснува во една од омилените дестинации на сите љубители на овој спорт, не само поради тоа, туку и поради прекрасната природа и чистиот планински воздух кои престојот во Крушево го прават многу пријатен, особено во летните месеци кога температурите се високи, а во Крушево се идеални.

            Кога се зборува за Крушево како топ дестинација за алтернативен туризам, не се мисли само на параглајдингот и змајарството. Крушево поседува и други големи потенцијали. Градот е опкружен со многу планини и врвови, така што нуди одлична можност за пешачки и планинарски тури. Големиот број на патеки едноставно им нудат избор на самите туристи, дали ќе се одлучат за рекреативни тури, или па за некои потешки тури, кои бараат физичка спремност и претходно искуство. Еден од највисоките врвови во околината на градот е врвот на планината Мусица (1788 м.н.в) кој се протега северно од градот, на потегот кон манастирот св. Преображение. Одлична тура која бара претходна подготовка и нуди можност да се види прекрасната природа, како и дивите коњи кои се наоѓаат таму.

            Исто така, има многу добри патеки за планински велосипедизам кој претставува уште една многу интересна активност. Има најмалку десетици патеки, дел од нив водат и до некои од крушевските села. Овие тури бараат претходна подготвеност и секако, добро познавање на теренот по кој се движиме. Големиот број на патеки во околината, пак ни нуди некој избор, со тоа што секој во зависност од тоа колку е подготвен нормално, може да избира која тура ќе ја вози, дали тоа ќе биде тура од 10 км, 20 км, а за најспремните велосипедисти има и тура која е цели 40 км која се вози еден дел низ тежок планински предел, а еден дел по асфалт.

            Убавата природа ни дава и можност за кампинг на отворено, на повеќе локации во околината на Крушево. Едни од најдобрите и најпосетените се месноста Мечкин Камен, како и Крушевското Езеро кое нуди можност за спортски риболов, како и за кајакарење. Предноста на овие локации е што нудат простор и услови за поставување на кампови, престој преку денот, а и од градот се оддалечени на само неколку километри, што овозможува лесен пристап и набавување на основните продукти кои се потребни за време на престојот.

            Кога е Крушево во прашање, природата не штедела во создавањето на услови за алтернативен туризам. Наше е да ги препознаеме тие потенцијали и понатаму силно да ги развиваме преку промоција, која во денешно време со експанзијата на интернетот и социјалните мрежи не е воопшто тешко да се направи. Потребна е само желба и секој со свој личен придонес да помага не само во промоција на сопствениот град и можностите кои тој ги нуди, туку и во континуирано одржување и развој на овие природни капацитети, кои не секоја држава и место ги поседуваат, а значат непроценливо многу!

Наум Прешоски

Share on:

Сместувачките капацитети започнуваат со работа – Крушево 100 % рестарт!

Хотелите и сите останати сместувачки капацитети во Крушево се пред целосен рестарт! Протоколите се изготвени и на 22-ри јуни хотелите Монтана Палас и Панорама Спа започнуваат со работа.

Ова го најави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка туризмот Љупчо Јаневски преку својот Фејсбук профил.

Донесени се протоколите за работа на хотелите и сместувачките капацитети во Македонија. Истите ќе отпочнат да се применуваат од 22.06.2020 година ???
#домасиедома
– пишува Јаневски на својот профил.

Од наредната недела Крушево целосно се рестартира и токму таа е дестинацијата која е најбезбедна за вас ова лето. Добредојдовте! #ДомаСиЕДома

Share on:

На велосипедска тура во Крушево, градот има голем неистражен потенцијал

Крушево е се’ уште недоволно истражен терен од страна на патеки за планински велосипедизам. Околината на Крушево нуди голем потенцијал и на тие предели се организираат многу велосипедски и планинарски тури, а секако и дел од активностите на фестивалите на отворено When in Krusevo и Крушево низ корија.

Овој потенцијал на Крушево беше препознат од страна на странските донатори и општина Крушево обележи и подготви патеки во должина од 42 километри.

Прочитајте повеќе: When in Krusevo – светот на адреналинот а едно место

#Крушево нуди возбудливи патеки за незаборавно велосипедско доживување низ прекрасните планински предели. Турите започнуваат од историскиот Мечкин Камен, поминуваат покрај Спомен куќата на Тоше, манастирот „Св. Преображение“, Македониумот и останатите Крушевски знаменитости, а вклучуваат и офроуд делови низ дебелата сенка на Крушевската корија. Нудат спектакуларен поглед кон #Крушево и целата дестинација, при што неизбежно е да се направи некоја фотографија во преубавата природа.
#LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ОдржливиИнвестиции #ПотпроектНаНеделата #ОпштинаКрушево
– пишуваат од Канцеларијата на Проектот за локална и регионална конкурентност во чии рамки општинта ги означи велосипедските патеки.

Прочитајте повеќе: Велосипедизам во Крушево

И покрај овие 42-километарски патеки тие се само мал дел од понудата на Крушево. Колку за илустрација Крушево низ корија и When in Krusevo во своите тури користат и предели кои се подлабоко во крушевската корија.

Планинскиот велосипедизам е уште една алтернатива во авантуристичката понуда на градот. Доколку доаѓате без велосипед тогаш можете да изнајмите во Центарот за авантуристички туризам во самиот центар на градот или во хотел Панорама спа.

Share on:

Машина наспроти дрво, индустријализација наспроти природа – кој победува?

Често пати индустријализацијата, човечката рака преку машините што ги создала во желбата да си го разубави своето секојдневие навлегува длабоко и понекогаш ја злоупотребува природата. Онаа природа создадена од Виша сила која сите ја бараме. За да воздивнеме, да вдишеме и издишеме, да посакаме целиот живот да го поминеме во таа природа.

Фотографијата го симболизира судирот меѓу модерното време кое се’ повеќе е опкружено со бетон, високи згради и стеснет простор за природата. Често пати, природата ја губи бутката со машините. Во тој судир нема конечен победник, но сите ние имаме чувство како се повеќе ни’ фали природата која нос мир, тишина и духовно и физичко прочистување. Ни’ фали затоа што се повеќе живееме во простор каде што се што е природно го заменуваме со вештачко.

Туризмот во светски рамки се менува во насока кон природата. Туристите кои доаѓаат во Крушево сакаат да го почувствуваат природното и не сакаат да седат во затворен простор, туку се трудат целосно да ја восприемат природата кога се тука. Сакаат да пијат кафе под липите во центарот на градот додека листовите се лулаат низ воздухот. Сакаат да пробаат крушевско сирење, мед, локум… сите овие подготвени на природен начин. Сакаат да се оддалечат од реалноста во која нема природа и да се доближат до она изворното. Крушево тоа и го нуди.

Фотографијата погоре е симбол на судирот меѓу една машина и едно дрво. Машината навлегла на територија на природата, но дрвото, листовите, гранките и езерото не ја даваат своја територија така лесно, а се чини и ние туристите сме на страна на природното.

Фотографијата е и симбол на развојот на туризмот, каде што се’ повеќе преовладува чистиот воздух, зелената боја и природата во целина. Туристите се повеќе бараат места како Крушево отколку плажи и море.

Сотир Габелоски

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)