Македонска, влашка, унгарска, албанска, турска – Крушево центар на многу култури
Во изминатите 10 дена Крушево беше центар на многу културни случување кои се традиционално разнолики и зборуваат за мултикултурниот аспект на Крушево.
Во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ се одбележуваат денови на унгарска, влашката култура, се одржуваат изложби кои ги симболизираат македонските, албанските, турските и други народни симболи. Се’ на се’ секоја година од 1-ви до 10-ти август Крушево е место каде што се пресретнуваат многу култури и етникуми. Оваа година, сето ова беше со особени придонес и поддршка на ТТК банка која е официјален покровител на Манифестацијата.
Од 7-ми до 10-ти август се одржаа деновите на влашката култура и традиција. Се одржаа изложби, концерти со влашка музика и други настани кои на традиционален начин го претставуваат овој народ еден од основоположниците на градот Крушево.
На 8-ми август се одржа и денот на унгарската култура кој беше одбележан со положување на цвеќе пред спомен плочата на унгарските бегалци кои престојувале во одморалиштето Шула Мина кон средината на минатиот век.
Во попладневните часови беше одржан гастрономски настан на кој беа приготвувани специјалитети карактеристични за унгарската кујна.
Во текот на сите денови на Манифестацијата поставена беше изложба на народни носии и други елементи од домаќинствата на македонскиот, албанскиот, влашкиот, турскиот народ и други.
Овие настани се традиционални за Крушево и истите секоја година имаат свое место во културната програма на градот. Тие се симбол на разноликоста на Крушево која отсекогаш била привлечна за посетителите.
Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ свечено беше затворена со спуштање на бајракот на слободата и со тоа се означи крајот на 10 дена на одбележување на различни култури, традиција, народи и друго.