Жолта, сина, кафеава – боите на крушевската архитектура
Многу куќи во Крушево дури и денес ја зачувале уникатната архитектура во која преовладува сината боја. Се верува дека доминантната сина боја е наследство на крушевските печалбари во Грција.
Но, во некои домови преовладува и жолтата боја за што се верува дека е наследство на печалбарите во Романија. На дел од нив се забележува жолта боја на една четвртина од една страна од фасадата, што е уште една карактеристика на традицијата на крушевските куќи.
Сепак, некои куќи иако се изградени во 19-ти век нешто подоцна го промениле изгледот под влијание на печалбарите.
Уникатната инфраструктура сведочи за богатото наследство на крушевчани. Преостанати се само неколку куќи со ваков уникатен изглед, но овие домови се симбол на наследството на Крушево и блискоста што овој град ја има со својата историја.
Светски познат уметник од Крушево – Никола Мартиноски
Меѓу најпосетените места во Крушево е галеријата на слики на познатиот сликар Никола Мартиноски чија работа го прави еден од најистакнатите фигури во македонската култура во 20-от век.
Покрај големите дела на Мартиноски, како сликата „Мајка со дете“, во галеријата посетителот може да дознае многу за македонскиот начин на живот за време на 20-от век.
Дел од ентериерот на староградск крушевска куќа
Галеријата е основана во 1968, а најстариот цртеж датира од 1928-ма година.
„Мајка со дете“
Авторот Никола Мартиноски е роден во 1903-та година, на 15 август, само неколку дена по задушувањето на Илинденското востание. Родум е од Крушево.
Своето образование го здобил во Букурешт, Романија, и Париз, Франција и веднаш по завршувањето започнал со свои изложби.
Неговите дела, покрај во Крушево, се изложени во музеи во други градови од државата.
Никола Мартиноски
Галеријата Никола Мартиноски е отворена за посетители од вторник до недела од 9 до 16 часот.
„Десет дена Крушевска Република“ – настан за сите возрасти
Минатата 2019 година веројатно беше исклучок кога се работи за квалитетот на програмата на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ и се исполнија очекувањата дека годинава заедно со Светското првенство во параглајдинг овие настани ќе дадат особен импулс во привлекувањето на повеќе туристи.
Доаѓање на коњаница
Со години од организаторите на Манифестацијата се бараше модернизација на програмата, но тоа не значи внесување на активности како журка до зори и електронска музика исклучиво. Дополнителна вредносна тежина на настанот дава и цврстата поддршка која доаѓа од еден општествено одговорен субјект како што е НЛБ банка АД Скопје. Банката покрај низата настани што ги поддржува, како Европското првенство во змајарство 2018 година, П.С. Гитар фест и други, дава силна финансиска и логистичка поддршка на настанот.
Поддршката од банката значи дека овој настан ги надминал сите политичко-партиски бариери и прераснува во исклучиво културен настан со понуда за различен тип на посетители на Крушево, возрасни години и зачувување на историјата.
Но, да преминеме на програмата за „Десет дена Крушевска Република“ 2019 година:
Манифестацијата се отвора со Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ и презентирање на албумот „Крушево“, а после нив настап на македонската филхармонија. На 2-ри се одвива централната прослава на Мечкин Камен, заедно со вечерен настап за повозрасната популација и повозрасните туристи. На 3-ти и 4-ти предвидени се Унгарската и Влашка вечер со презентација на песни и книги, концерти, а во рамки на одбележувањето на влашката култура е одржување на јавна трибина за пописот кој треба да се одржи во државата. Го спомнувам овој дел во функција на разноликоста на настанот, односно понудата која се движи од забава, преку одбележување на историските настани и едукација.
На 5-ти започна Светското првенство во параглајдерство кое броеше рекорден број на учесници во историјата на овој спорт, и тоа 49 земји – учеснички од целиот свет. Отворањето се одбележува со групата „Фолтин“, а потоа следува концерт на Влатко Груевски – тенор и отворање на т.н. Летна сцена која за крушевчани буди многу спомени.
Во рамките на Манифестацијата до 10-от ден од настанот се одржаа театарски претстави за деца и возрасни („Зеленковци“ и „Првин ќе ме земеш ,па после ќе ме..“), концерти на групата Бона Деа (8-ми август), Шербет и Галоски (9-ти август) и на затворањето настапи Викторија Лоба.
Ден посветен на унгарската култура
„Десет дена Крушевска Република“ е само еден од настаните кои го исполнуваат Крушево со атрактивни содржини во текот на летото, но и цела година. Од тие причини, понудата на Крушево како туристичка дестинација содржи можности за активен туризам како параглајдерство, планински велосипедизам, планинарење, јавање на коњи и културни настани како концерти (Крушево будно), уметност (П.С. Гитар фест) и спортски настани (турнир во мал фудбал „Илинден 2019“).
Крушево се смета за едно од најдобрите места за параглајдинг во светот. Полетиштето за параглајдери и змаеви на Мечкин Камен секоја година е домаќин на десетина интернационални натпревари во параглајдинг и змајарство.
Во 2019 година тука се одржа 16-тото Светско првенство во параглајдинг со 150 учесници од рекорден број на земји – 49 од целиот свет. Во 2021 година во Крушево ќе се одржи Светско првенство во змајарство.
Полетиштето се наоѓа на повеќе од 1 400 метри надморска висина, а причината зошто се смета за едно од најдобрите места за овие спортови е неговиот пристапен и безбеден терен со фактот што точките за слетување се блиску до патиштата кои водат до Крушево. Исто така, учесници на 16-тото Светско првенство во параглајдинг го ставаат полетиштето во топ 3 дестинации за овој спорт, пред се’, заради ружата на ветрови кои овозможуваат правилни подигнување од површината.
Општина Крушево сериозно инвестира во авантуристичкиот туризам каде што централно место има параглајдингот. Неколку проекти го ставаат параглајдерството во фокусот и очекуваните резултати се Крушево да стане една од топ 3 дестинации за параглајдинг и змајарство.
Последната инвестиција која се очекува на овој простор е поставување на двојно поголем вештачка трева, која ќе овозможи побезбедно полетување и одржување на уште поголеми меѓународни натпревари во параглајдинг.
На ова место општина Крушево ќе изгради и објект за самите параглајдеристи, а во функција на одржување на повеќе меѓународни првенства.
Пред Европско првенство, 2019
Местото Мечкин Камен, кој е во околината на полетиштето, е место за пикник во летниот период за туристите и крушевчани, а патот до таму е соодветен за пешачење и планински велосипедизам. Околните шуми нудат адреналин, чист воздух и плодна вегетација.
Мечкин Камен е уште едно историско место во градот Крушево и затоа не пропуштајте да го посетите кога сте во Крушево.
Месноста Мечкин Камен
И покрај тоа што ова место е едно од поубавите и популарните излетнички места во себе со споменикот Мечкин Камен овој локалитет носи голема историска вредност за градот.
Споменик Мечкин Камен
Споменикот Мечкин Камен е симбол на Илинденското востание кое се издигнало на 1-ви август 1903 година. Споменикот ги означува последните и очајнички обиди на малубројните членови на одредот на Питу Гули за заштита на градот од турскиот окупатор. Споменикот е спомен на загубените комитски животи за слободно Крушево од 1903-та година.
Спомениот е подигнат во 1983 година и е креација на македонскио вајар и академик Димо Тодоровски.
Што претставува ова место за Крушево?
Ако споменикот Мечкин Камен е поглед кон минатото, кон едно славно минато кое градот Крушево го има, местото за параглајдинг е поглед кон иднината, за крушевчани и затуристи од Европа и Светот.