Галерија ,,Никола Мартиноски”

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

На самиот влез во градот, ако погледнете нагоре од десната страна, ќе забележите една прекрасна градба – една од најубавите крушевски куќи. Во оваа куќа е изложено добар дел од творештвото на еден од позначајните македонски сликари на 20 век – Никола Мартиновски кој по потекло е од Крушево, а и живеел во Крушево доста години. Галеријата е отворена во 1968 година. Таму ќе ги погледнете некои од најзначајните дела кои го создал големиот сликар, како на пример делото “Мајка со дете” и многу други, а ќе видите и традиционални крушевски одаи, оригинално зачувани со сите карактеристики и обелеќја на тоа време!

Share on:

,,Македониум

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Кога ќе се спомне градот Крушево, една од првите работи кои ни “паѓаат на памет” дефинитивно е споменикот “Македониум”. Неговата изградба започнала во 1972 година, а започнал со работа во 1974 година. Идејното решение за овој музеј, кој претставува цел комплекс кој се протега на поголема површина, го изработиле познатите Јордан и Искра Грабуловски. Се наоѓа на одлична локација од каде што има прекрасен поглед кон градот и претставува еден врвен дострел на уметноста кој носи голема порака – непокор и вечен стремеж на македонскиот народ за слобода.

Share on:

Спомен куќа на Тодор Проески

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Тодор – Тоше Проески, иако за жал живееше релативно кратко, сепак неговата човечност и делото кое го остави го прават еден од најзначајните крушевчани воопшто, исто и најзначаен амбасадор на Крушево и на Македонија во светот. Спомен куќата се наоѓа на месноста “Гумење”, а во непосредна близина е и вечното почивалиште на легендата. Ова претставува еден објект кој е изграден во најмодерен стил, во форма на крст. Во внатрешноста можат да се погледнат многу лични предмети и облека на пејачот, многу фотографии од неговите концерти, текстови кои тој лично ги пишувал со рака, како и две восочни фигури. Сето тоа е надополнето со прекрасните звуци на песните кои ги создаваше нашиот Тоше, песни преку кои тој се уште продолжи да живее меѓу сите нас!

Share on:

Во центарот на Крушево – црква Св. Никола

Во Крушево има четири цркви. Во минатото нивниот број бил и поголем, меѓутоа тие биле попримитивни, се до изградбата на модерни градби што започнала со доселувањето во градот на најпознатите балкански градители – Мијаците. Крушевските цркви импресионираат со својата архитектура, особено со внатрешниот простор. Во концепцијата на овие цркви, присутни се влијанијата на домашната традиција во оживувањето на базиликалната форма, како и на современите тенденции на романтичарските движења, што е карактеристика на градбите од овој вид низ Македонија.

Во самиот центар на градот, или некогашно Влашко маало, се наоѓа црквата св. Никола. Првично била изградена во периодот помеѓу 1770 и 1780 година, а денешната црква таква каква што е била изградена во 1905 година, бидејќи старата црква која била на истото место, изгорела кога градот бил запален во времето на Илинденското востание. Црквата е сместена точно во центарот на крушевската чаршија. Изградена е како трибродна базилика, со тоа што е подигнат средниот брод. На јужната страна на црквата е изградена камбанаријата, на која е поставен градскиот сат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил, со синовите Данаил и Никола, а иконостасот е дело на познатите копаничари Петре Филиповиќ – Гарката и Димитар Станишев.

Црквите во Крушево и ден денес имаат голема улога и значење, не само во духовноста и животот на граѓаните, туку како значајни архитектонски обележја на градот и во функција на развојот на туризмот.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)