Трејлерот за Крушево е тука, го очекуваме целосното видео

Најавното видео за Крушево кое го изработува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и партнерите е објавено. За многу скоро го очекуваме целосното видео, а по она што е објавено ќе биде неодоливо! #ДомаСиЕДома

Share on:

Во Крушево на малку историја, чувство на херојство и адреналин

Крушево е синоним за херојство и тоа е отсликано преку многу крушевски локалитети, споменици, музеи. Херојството е најмногу поврзано со Крушевската Република од 1903-та, но не е изоставен придонесот на Партизаните, односно оваа фаза од историјата.

Крушево е важно историско место не само заради битките кои се воделе, туку и заради самиот развој на Крушево кој опфаќал различни етнички заедници. Денес Крушево е тријазична општина и симбол на соработката меѓу различни етникуми која датира од векови претходно.

Овие неколку вредности играат главна улога во туристичката понуда на градот. Покрај понудата од аспект на авантуристички туризам Крршево може да понуди и историја, многу настани кои создале слика за Крушево дека се работи за херојско место со голем удел во македонската историја.

Споменикот Илинден е еден од најпрепознатливите споменици во Крушево. Симболот на борбата на македонскиот народ е од особен интерес на странските туристи. Дополнително, самата архитектура на споменик создава голема љубопитност да се види и посети музејот.

Прочитај повеќе: Илинденско востание од 1903: историски пораки и значење

Се одржуваат и многу настани кои ги одбележуваат историјата и херојството на Крушево, а заедничката битка за слобода за Крушево создала многу приказни секогаш интереси за туристите.

Крушево има широка понуда и имате навистина многу причини да не’ посетите, затоа овој викенд ајде во Крушево на малку историја, чувство на херојство, а неизбежен е и адреналинот.

Share on:

Швајцарска амбасада и Агенција за туризам со промотивно видео за Крушево

Промотивното видео за Крушево се подготвува од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со поддршка на програмата ИМЕ на Швајцарска амбасада.

Деновиве завршува снимањето на 10 промотивни видеа, за кои Програмата И.М.Е ја поддржа Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Целта на овие видеа е да претстават повеќе домашни туристички дестинации кои нудат содржини за активен одмор. Ова се места каде домашните, но и туристите од регионот и пошироко може да уживаат во активен и еко туризам, преку активности како што се планинарење, (планински) велосипедизам, спортско качување, параглајдинг, нуркање и многу други. И сето тоа во комбинација со традиционална храна, вино и културни содржини.“, пишува во објавата на официјалната стран на Програмата.

Видеото е дел од кампањата #ДомаСиЕДома.

Ова лето Крушево е вашата најбезбедна дестинација.

Share on:

Промотивно видео за Крушево #ДомаСиЕДома

Во сабота во Крушево ќе се снима видео спот за промоција на градот во рамки на кампањата #ДомаСиЕДома.

Видеото ќе ги опфати најголемите атракции во Крушево и сето тоа ќе биде комплетирано во едно видео парче за туристичка промоција насочена кон домашните туристи.

Вакви видеа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот подготвува за повеќе дестинации низ Македонија и истите имаат за цел да привлечат поголем број на туристи од државата.

Видеото ќе имате можност да го погледнете ексклузивно и на нашиот портал

Крушево – вашата најбезбедна дестинација за ова лето.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)