Скар: Со новиот проект сакаме да се заљубите во Крушево (уште повеќе)

За многу брзо пицерија Скар Крушево ќе го претстави својот нов проект – Свети Никола Boutique Hotel {by skar}.

Тоа ќе биде вашето ново место за нови спомени од Крушево. Тоа ќе биде ваше катче исполнето со традиција и историја, а секој ден ќе уживатe во прекрасните пејзажи од Крушево со самото будење.

23 години пицерија Скар ви овозможува уникатно уживање во традиционалните крушевски специјалитети и амбиент кој е уникатно крушевски. Оттука, тимот се одлучи вашето доживување на Крушево да го прошири и на гостите да им овозможи создавање на нови убави спомени од Крушево.

Поттикнати од желбата за претставување на Крушево на начин кој ќе ве натера уште повеќе да го засакате Скар започна нов проект кој го носи името Св. Никола. Бутик хотелот ќе ви овозможи пријатен престој, целосно восприемање на Крушево од апартмани кои имаат своја приказна и создавање на нови пријатни искуства од нашиот град.

Ве покануваме да бидете стрпливи уште малку. Проектот е речиси готов и ќе биде на ваше располагање за многу скоро.

Создавајте нови спомени со пицерија Скар и Св. Никола Boutique Hotel.

Следете ја официјалната страница на Св. Никола Boutique Hotel {by skar}

Share on:

И во зима и во лето ски терените привлекуваат

Наближува зимата, а ски центарот Алто ќе биде главната станица за сите љубители на снегот, зимското сонце и уживањето во новиот локал на ски терените во Крушево.

Времето се’ уште знае да не’ збуни и за момент да помислиме дека е пролет. Сончево е, пријатно и погодно за прошетка и спортување на отворено. Ски терените Станич во Крушево блескаат иако се’ уште без снег. Пределот е прекрасен, сонцето најдолго се задржува таму, а мирисот на природата ќе ве релаксира неизмерно.

Ски терените беа особено популарни изминатото лето. Многу од туристите ги користеа пријатните шумски предели за прошетка и застануваа на пијалок или закуска во Алто. Овој нов објект навистина ги популаризира ски терените дури и во останатите периоди од годината. Ова лето, а богами и оваа есен е доказ за тоа.

Така што очекуваме оваа популарност да се зголемува и во зимата. Ски терените се одлични за скијање, но и за прошетка и кафе муабет доколку не сте по скијањето.

Се чини дека конечно природните ресурси на Крушево го добиваат своето внимание. Ски центарот Станич е само еден од тие локалитети кои полека, но сигурно го реализираат својот потенцијал.

Оваа зима ве очекуваме во Крушево – вашата најбезбедна дестинација.

Share on:

Нови „бајкинг“ инвестиции во Крушево

Крушево отпочнува нови проекти за збогатување на туристичката понуда. Овој пат тоа се однесува на оспособување на нови велосипедски патеки во должина од 20 километри.

Заедно со претходно обележаните Крушево ќе има над 60 км велосипедски патеки. Звучи атрактивно за сите точакџии, нели?

На тема развој на вело туризмот во Крушево се разговараше во саботата во хотел Панорама и спа по повод Светскиот ден на туризмот.

Заедно со нашите партнери од Panorama All Seasons Adventure организираме средба со локални чинители од Крушево, како што се сместувачки капацитети, бајкинг заедницата во Македонија, претставници од тур операторите и други локални чинители. Целта е да дискутираме за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело туристичка дестинација.

И официјално ја претставивме новата иницијатива која ќе се спроведува во Крушево со швајцарска поддршка – трасирање рути по меѓународни стандарди за планински велосипедизам.“ стои во објавата на Фејсбук на Програмата за пазарна вработливост (ИМЕ)на Амбасадата на швајцарија.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по настанот изрази задоволство што оваа тема се отвори, а велосипедизмот станува се популарен и со тоа се збогатува понудата на Крушево.

Туризмот е една од значајните гранки која ја раздвижува локалната економија во Крушево дури и во едни вакви нови поинакви околности со пандемијата. Оваа година Мегународниот ден на туризмот го означивме работно со дводневна работилница за алтернативните форми на туризмот како што е вело туризмот. На работилницата во х.Панорама дебатиравме, разменивме искуства, мислења и имавме конструктивен дијалог со локалните давачи на услуги и чинителите и неколку десетици здруженија на велосипедисти и поединци од нашата држава, кои го препознаваат Крушево за посакувана дестинација. , изјави градоначалникот на Крушево.

На настанот присуствуваа локални угостители, претставници од бајкинг заедницата во Македонија, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, претставници на Швајцарската амбасада, организаторите на настанот Крушево низ корија и други.

Share on:

ПОГЛЕДНЕТЕ Панорамски приказ на неколку локации на Крушево

Од веб порталот macedoniafromabove.mk подготвија нови 360 степени панорами од неколку локалитети на Крушево:

  • Поглед на градот,
  • Крушевско Езеро
  • Крст на Св. Преображение,
  • Скијачки центар Станич
  • Мечкин Камен,
  • Споменик Илинден,
  • Спомен куќа „Тодор Проески“,
  • Споменик Слива,
  • Полетувалиште за параглајдинг,
  • Црквите Св. Никола, Св. Преображение и Св. Богородица

Панорамите од овие локалитети погледнете ги на следниот линк.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)