Град на историја, култура и традиција… и авантура

Крушево е град на историја, култура и традиција – ова е реченица која се почесто се користи меѓу крушевчани. На оваа реченица природно се додава и именката авантура за да добиеме совршена дестинација.

Крушево го има историското минато кое има голем туристички потенцијал. 5 од 6-те музеи во Крушево и бројните споменици се голема атракција за домашните и странските туристи на Крушево. Споменикот Илинден е најкарактеристичниот аспект од историско туристичката понуда која најмногу ги привлекува туристите.

Културата и традицијата на Крушево кои се состојат од специфичната храна, настаните кои ги одбележуваат корените на градот и крушевчани и традиционалните носии носат уште еден голем потенцијал. Туристите имаат причина плус да ги почувствуваат културата и традицијата со самиот влез на Крушево.

На крајот доаѓа авантурата, која во изминатите години се наметнува на културата, историјата и традицијата. Параглајдингот, планинарењето, велосипедизмот, кајак авантури и слично се една од алките кои сериозно ја збогатуваат понудата на Крушево.

Понудата на Крушево уште повеќе ќе се збогатува во иднината. Тоа е причина плус уште овој викенд да го посетите нашиот и ваш град.

Сотир Габелоски

Share on:

Музеј на Илинденското востание

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Оваа куќа-музеј се наоѓа во Мијачкото маало во Крушево, високо издигната стара градба од 19 век која надворешно ги има сите карактеристики како старите крушевски куќи. Оваа куќа е една од најзначајните воопшто, од причина што во оваа куќа, на 2-ри август 1903 година тука е прогласена Крушевската Република – прва на Балканот.

Музејот бил отворен на педесетгодишнината од востанието, на 2 август 1953 година и внатре можат да се погледнат важни артефакти, фотографии и експонати од оружје, како и оригиналниот крушевски манифест.

Посетете го овој музеј, почувствувајте го духот на Илинден и дознајте како се создавала македонската држава!

Share on:

Леарница

Крушево е еден од ретките градови со многу богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Влезот на леарницата

Ова претставува уште еден музеј – сведок за Илинденското востание. Многу значаен музеј, од причина што во таа иста куќа за време на Илинденското востание се изработувало оружје и муниција за востаниците. Музејот е отворен на 2 август 2003 година или на сто годишнината од Илинденското востание. Тука може да се погледнат доста оружја од времето на востанието, меѓу кои и личното оружје на претседателот на Крушевската Република – Никола Карев, како и оригиналните алати со кои се изработувале тие оружја. Доста причини љубителите на историјата да го посетат и овој музеј, нели?

Share on:

,,Музеј на народноослободителната борба

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Овој музеј локациски се наоѓа на месноста “Гумење”. И покрај тоа што не е некоја голема градба, сепак вреди да се посети и да се дознае нешто повеќе за времето од 1941 до 1945 година, или времето на Втората светска војна, во која секако дека учествувало и Крушево со борци од сите народности. Таму можат да се погледнат доста експонати од тоа време, како оружја, важни документи и други предмети. Значаен за овој музеј е ѕидниот мурал, на кој е отсликана народноослободителната борба, а го создал еден од најфголемите македонски уметници – Борко Лазески.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)