Во сабота во Крушево ќе се снима видео спот за промоција на градот во рамки на кампањата #ДомаСиЕДома.
Видеото ќе ги опфати најголемите атракции во Крушево и сето тоа ќе биде комплетирано во едно видео парче за туристичка промоција насочена кон домашните туристи.
Вакви видеа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот подготвува за повеќе дестинации низ Македонија и истите имаат за цел да привлечат поголем број на туристи од државата.
Видеото ќе имате можност да го погледнете ексклузивно и на нашиот портал
Крушево – вашата најбезбедна дестинација за ова лето.
National Geographic: Посетете го центарот на параглајдинг и највисок град на Балканот
National Geographic го стави Крушево на листата на најпривлечните дестинации за 2019-та година, меѓу градови и држави како Мексико, Дакар, Гренланд, Франција, Оман и други.
Крушево си го заработи ова место и заслужува да биде гордо со тоа што е рамо до рамо со погоре наведените туристички атракции.
Фото: Извадок од оригиналната објава
National Geographic го опишува Крушево како место од каде што може да се проба параглајдинг и да се лета над долината Пелагонија.
… и полетајте над долината Пелагонија од тревното полетиште на македонскиот столб на параглајдингот и највисокиот град на Балканот – Крушево, 1 250 метри надморска висина, стои во објавата на веб сајтот на National Geographic.
Крушево прераснува во светска дестинација за параглајдинг и ова признание тоа го потврдува. Ве очекуваме на параглајдинг тура во Крушево!
Крушево – атрактивна дестинација за авантуристички туризам во светски рамки
Полетиштето за параглајдинг е едно од централните места на случувања во Крушево. Овој терен ги има можеби најдобрите услови за параглајдинг во Европа и Светот, а точката за полетување е безбедна за параглајдеристите и публиката.
16-то Светско првенство во параглајдерство, Крушево 2019
Ова полетиште има нова вештачка трева, термална камера, а под дрвата во погорниот дел од полетиштето има поставено импровизирани клупи кои учесниците на параглајдинг натпреварите ги користат за т.н. „брифинзи“ и, според нивните изјави, уживаат во тоа.
Полетиштето е едно од централните места на авантурстичката туристичка понуда на Крушево, како и на Проектот за авантуристички туризам на општина Крушево финансиран од ЕУ.
На надморска висина од 1420 метри, на неколку минути оддалеченост од градот #Крушево се наоѓаат едни од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг со безбеден терен и пристапни точки за слетување. Спроведуваме низа активности за развој на параглајдерството како што се: набавка на мотор на 4 тркала за спасување, возило за транспорт на пилоти, едукација на аматери, итн. #LRCP#ЕУзаТЕБЕ#ОдржливиИнвестиции#ПотпроектНаНеделата#ОпштинаКрушево – стои во објавата на официјалната Фејсбук страна на Проектот за локална и регионална конкуренција – имплементатор на проектот за развој на авантуристички туризам на Крушево.
При имплементацијата на проектот пот-проектот на општина Крушево „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во неколку наврати беше прогласен на проект на неделата.
Ако и вие сакате да пробате параглајдинг можете да закажете летање со професионален инструктор од параглајдинг клубот Хели ХЦ од Крушево.
Ова е вистинското место за вас, Улицата на Тоше продолжува да се уредува
Сега улицата на Тоше изгледа уште поубаво. Бујни цвеќиња, креативни поставки и секако ангелскиот глас на Тоше. Оваа лица дефинитивно станува најубавата во Крушево.
Оваа улица е дело на крушевчани, особено на сите оние волонтери кои учествуваат во самото уредување со помош на општина Крушево.
Досега на оваа улица, која се нарекува Улицата на Тоше, беа засадени дрвца, се поставија саксии со цветови на канделабрите, на околните куќи и објекти и се изработија креативни поставки кои го разубавуваат просторот.
Крушевчани секојдневно поминуваат тука и се воодушевуваат на уредувањето, преостанува и вие да дојдете во Крушево и да ја почувствувате атмосферата на Улицата на Тоше. Почувствувајте го мирисот на цвеќињата. одморете ги очите со разноликите бои и за момент потсетете се на големината на Тоше Проески преку неговите песни.