Ова е вистинското место за вас, Улицата на Тоше продолжува да се уредува

Сега улицата на Тоше изгледа уште поубаво. Бујни цвеќиња, креативни поставки и секако ангелскиот глас на Тоше. Оваа лица дефинитивно станува најубавата во Крушево.

Оваа улица е дело на крушевчани, особено на сите оние волонтери кои учествуваат во самото уредување со помош на општина Крушево.

Досега на оваа улица, која се нарекува Улицата на Тоше, беа засадени дрвца, се поставија саксии со цветови на канделабрите, на околните куќи и објекти и се изработија креативни поставки кои го разубавуваат просторот.

Крушевчани секојдневно поминуваат тука и се воодушевуваат на уредувањето, преостанува и вие да дојдете во Крушево и да ја почувствувате атмосферата на Улицата на Тоше. Почувствувајте го мирисот на цвеќињата. одморете ги очите со разноликите бои и за момент потсетете се на големината на Тоше Проески преку неговите песни.

Share on:

Град на историја, култура и традиција… и авантура

Крушево е град на историја, култура и традиција – ова е реченица која се почесто се користи меѓу крушевчани. На оваа реченица природно се додава и именката авантура за да добиеме совршена дестинација.

Крушево го има историското минато кое има голем туристички потенцијал. 5 од 6-те музеи во Крушево и бројните споменици се голема атракција за домашните и странските туристи на Крушево. Споменикот Илинден е најкарактеристичниот аспект од историско туристичката понуда која најмногу ги привлекува туристите.

Културата и традицијата на Крушево кои се состојат од специфичната храна, настаните кои ги одбележуваат корените на градот и крушевчани и традиционалните носии носат уште еден голем потенцијал. Туристите имаат причина плус да ги почувствуваат културата и традицијата со самиот влез на Крушево.

На крајот доаѓа авантурата, која во изминатите години се наметнува на културата, историјата и традицијата. Параглајдингот, планинарењето, велосипедизмот, кајак авантури и слично се една од алките кои сериозно ја збогатуваат понудата на Крушево.

Понудата на Крушево уште повеќе ќе се збогатува во иднината. Тоа е причина плус уште овој викенд да го посетите нашиот и ваш град.

Сотир Габелоски

Share on:

Музеј на Илинденското востание

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Оваа куќа-музеј се наоѓа во Мијачкото маало во Крушево, високо издигната стара градба од 19 век која надворешно ги има сите карактеристики како старите крушевски куќи. Оваа куќа е една од најзначајните воопшто, од причина што во оваа куќа, на 2-ри август 1903 година тука е прогласена Крушевската Република – прва на Балканот.

Музејот бил отворен на педесетгодишнината од востанието, на 2 август 1953 година и внатре можат да се погледнат важни артефакти, фотографии и експонати од оружје, како и оригиналниот крушевски манифест.

Посетете го овој музеј, почувствувајте го духот на Илинден и дознајте како се создавала македонската држава!

Share on:

Леарница

Крушево е еден од ретките градови со многу богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Влезот на леарницата

Ова претставува уште еден музеј – сведок за Илинденското востание. Многу значаен музеј, од причина што во таа иста куќа за време на Илинденското востание се изработувало оружје и муниција за востаниците. Музејот е отворен на 2 август 2003 година или на сто годишнината од Илинденското востание. Тука може да се погледнат доста оружја од времето на востанието, меѓу кои и личното оружје на претседателот на Крушевската Република – Никола Карев, како и оригиналните алати со кои се изработувале тие оружја. Доста причини љубителите на историјата да го посетат и овој музеј, нели?

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)