Крушевско грне – богато вкусно задоволство

Крушевското грне е уште едно уникатно задоволство во Крушево. Овој специјалитет ви препорачуваме да го пробате во пицерија Рома.

Еве што содржи и како се подготвува:

Состојќи: 150 гр. кашкавал, 80 гр. моцарела, 70 гр. фета, 30 гр. павлака, 50 гр. пелате, 20 гр. шунка, 30 гр. чаден врат, 30 гр. шампињони.

Ова јадење се подготува и служи во традиционално грне.

Се пече 10 минути, а покрај самото јадење се подготвуваат уникатно подготвени лепчиња – фурнаринки.

Пробајте го и ова задоволство во Крушево!

Што посетуваат амбасадорите од целиот свет во Крушево?

Крушево го посетиле многу Амбасадори кои претставуваат земји од Европа и Светот. Во изминатите неколку година тука дошле амбасадори на Чешка, Швајцарија, Кина, Јапонија, Унгарија, Програмата за развој на Обединетите Нации, ЕУ, Крушево го посетиле и претставници од Стејт департментот и многу друго.

Нивниот престој во Крушево е краток и во организацијата на ангендата мора да се размислува како најефикасно да се искористи краткиот период.

Што најчесто посетуваат амбасадорите во Крушево?

Споменик Илинден

Споменикот „Илинден“ е објект кој не смее да се одмине и амбасадорите не го одминуваат без оглед на тоа колку време имаат. Овој архитектонски уникат кој изложен во Музејот на современа уметност во САД, е дел од агендата сите посетители.

Галерија Никола Мартиноски

Најпознатото дело на Никола Мартиноски – „Мајка со дете“ изложено во галеријата

Крушевчанецот Никола Мартиноски е основоположник на македонската уметност. Тој е познат надвор од границите и затоа е привлечно место за посета. Речиси сите амбасадори ја посетиле галеријата Никола Мартиноски.

Полетувалиште за параглајдинг

Крушево станува една од најатрактивните светски дестинации за параглајдерство и змајарство. Скоја година од април до октомври на полетувалиштето се организираат десетици меѓународни натпревари. Ова е уште едно популарно место кое амбасадорите го посетуваат.

Овие 3 места не се единствените, но можеби се најпопуларни за сите туристи. Секако, амбасадорите кои го посетиле Крушево не ги одминале „Илинден“, галеријата на Никола Мартиноски и полетувалиштето за параглајдинг и змајарство. Посетете ги и вие!

3 причини зошто да пробате топено сирење во Крушево

Крушево има многу специјалитети, но доколку одлучите да посетите некои од пицериите или рестораните дефинитивно ќе ви биде препорачано да пробате топено сирење. Топеното сирење (сирење во фурна) не спаѓа во групата на уникатни јадења, но сепак мора да го ставите на листата на јадења и специјалитети кои мора да ги пробате во Крушево.

Еве ги нашите 3 причини зошто да го пробате сурењето во фурна кога сте во Крушево:

Топено сирење, пицерија Скар

Прво Крушево е поднебје кое што произведува вкусно сирење. Кравјото и овчкото сирење се дел од „опусот“ на овие јадења. И затоа сирењето во Крушево е особено вкусно и мора да го пробате истото во нашиот град.

Второ Топеното сирење во Крушево се служи на традиционален начин. Послужувањето ќе ве направи нетрпеливи да го пробате овој специјалитет. Подготвено и послужено во грне заедно со совршено подготвенo лепче сирењето во фурна е едно големо задоволство.

Трето Ова јадење можете да го комбинирате со некои традиционални јадења. Можете да го комбинирате со пита Скар, како едно од традиционалнтие јадења, но може и со светски познатата пица во било која од пицериите. Ваквата комбинација се прави за повеќе луѓе, а може да служи како закуска.

Ова се нашите три предлози зошто да пробате топено сирење во Крушево. Кои се вашите впечатоци за крушевската кујна? Вашите одговори испраќајте ги на vikendvokrusevo@yahoo.com или на „Фејсбук“

Еднодневна тура на ТВ 21 за Крушево

Телевизиската куќа ТВ 21 направи еднодневна тура на Крушево во која ја претстави зимската идила на градот, богатството што со себе го носи и ги слушна проблемите на граѓаните заедно со ставот на носителите на одлуки.

Емисијата се вика Урбан таг, а прилогот за Крушево е наречен Репортажа за Крушево: Град музеј и зимската идила.

Емисијата погледнете ја на следниот линк:

https://krusevo.mk/mk/blog/video-prilog-na-tv-21-za-krusevo

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)