Како да се регистрирате на Викенд во Крушево?

Уште од првиот ден веб платформата Викенд во Крушево забележува голема популарност. Тоа е единственото што треба да го знаете за да се регистрирате со вашата услуга на нашиот веб сајт.

Доколку сакате вашите апартмани, вила, ресторан, пицерија, кафеана, хотел и друго да имаат свое место на Викенд во Крушево – вашиот онлајн туристички водич направете го следново:

  1. Испратете ни инфо за вашиот производ или услуга (тип на услуга, назив, локација, цени и сл.)
  2. Испратете ни неколку фотографии,
  3. Испратете ни Ваши контакти.

Информациите испраќајте ги на нашиот мејл vikendvokrusevo@yahoo.com или на „Фејсбук“

Топено сирење во Андора

Топеното сирење е вредно за спомнување затоа што се подготвува на уникатен начин, а за вкусот не се доволни зборовите. Затоа, ви предлагаме да пробате топено сирење во пицерија Андора и да се уверите во ова што го зборуваме.

За подготовка на топено сирење потребни се следните состојки:

3 причини зошто да пробате топено сирење во Крушево

  • сирење
  • кашкавал
  • кечап
  • печурки

Се служи со уникатно подготвено лепче кое е толку вкусно што може да се јаде и без ништо друго.

Овие состојки го прават топеното сирење во Андора неодоливо. Топло препорачуваме.

Машина наспроти дрво, индустријализација наспроти природа – кој победува?

Често пати индустријализацијата, човечката рака преку машините што ги создала во желбата да си го разубави своето секојдневие навлегува длабоко и понекогаш ја злоупотребува природата. Онаа природа создадена од Виша сила која сите ја бараме. За да воздивнеме, да вдишеме и издишеме, да посакаме целиот живот да го поминеме во таа природа…

Фотографијата го симболизира судирот меѓу модерното време кое се’ повеќе е опкружено со бетон, високи згради и стеснет простор за природата. Често пати, природата ја губи бутката со машините. Во тој судир нема конечен победник, но сите ние имаме чувство како се повеќе ни’ фали природата која нос мир, тишина и духовно и физичко прочистување. Ни’ фали затоа што се повеќе живееме во простор каде што се што е природно го заменуваме со вештачко.

Туризмот во светски рамки се менува во насока кон природата. Туристите кои доаѓаат во Крушево сакаат да го почувствуваат природното и не сакаат да седат во затворен простор, туку се трудат целосно да ја восприемат природата кога се тука. Сакаат да пијат кафе под липите во центарот на градот додека листовите се лулаат низ воздухот. Сакаат да пробаат крушевско сирење, мед, локум… сите овие подготвени на природен начин. Сакаат да се оддалечат од реалноста во која нема природа и да се доближат до она изворното. Крушево тоа и го нуди.

Фотографијата погоре е симбол на судирот меѓу една машина и едно дрво. Машината навлегла на територија на природата, но дрвото, листовите, гранките и езерото не ја даваат своја територија така лесно, а се чини и ние туристите сме на страна на природното.

Фотографијата е и симбол на развојот на туризмот, каде што се’ повеќе преовладува чистиот воздух, зелената боја и природата во целина. Туристите се повеќе бараат места како Крушево отколку плажи и море.

Сотир Габелоски

Липа

Стеблото на липата може да порасне и до 30 метри, а чајот кој се подготвува од ова растение има прекрасна портокалова боја.

Липата помага во намалување на крвниот притисок и е добра за намалување на болка на заб со самото оплакнување на устата.

Растението се користи и во производството на таблети. Има три видови за оваа намена кои се употребуваат:

  1. Ситнолистеста (Лат. Tilia cordata),
  2. Крупнолистеста (Лат. Tilia platyphillos)
  3. Среднолистеста (Лат. Tilia argentea).

Во себе содржи состојки како витамин Ц, провитамин А, етерично масло и други корисни состојки.

Латинското име на растението е Tilia europaea l.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)