Екипата го подготвува видеото за Крушево, Агенцијата за туризам продолжува со #ДомаСиЕДома
Екипата на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во саботата го снимаше промотивното видео за Крушево во рамки на кампањата Дома си е дома.
Дел од видеото ќе бидат најголемите атракции на Крушево како параглајдинг, велосипедизам, споменикот Илинден и многу други.
Тимот на агенцијата ја обиколува цела Македонија и подготвува промотивни спотови преку кои се промовираат домашните дестинации меѓу кои и Крушево.
Викенд во Крушево ја поддржува кампањата Дома си е дома и се приклучува на секој труд домашните дестинации да се прoмовираат и да се посетуваат од македонски туристи ова лето и до крајот на годината.
Ретки се земјите во светот и местата кои ја имаат таа привилегија и можност за развој на т.н. алтернативен туризам. Тоа пред се се должи на природните услови кои ги поседуваат тие места. Во светот, веќе одамна се застапени различни форми и типови на алтернативен туризам, нешто што кај нас се популаризира во последните десетина години. Македонија и градот Крушево имаат одлични услови за развој баш на овој вид на туризам кој за туристите претставува едно поинакво доживување кое нуди можност покрај стандардните форми на туризам, да внесeме и малку природа, адреналин, возбуда и голем број на несекојдневни активности, кои дефинитивно престојот во некое туристичко место го прават повозбудлив и поинтересен.
Во последните неколку години, многу места во Македонија се веќе на светските туристички карти, како едни од најдобрите дестинации за различни алтернативни форми на туризам. Меѓу нив, неизоставен дел е и нашиот град Крушево, кој спаѓа во топ десетте дестинации во светот кои имаат најдобри услови за параглајдинг и змајарство. За тоа сведочат и бројните светски и европски првенства кои се организираат во Крушево со што градот полека прераснува во една од омилените дестинации на сите љубители на овој спорт, не само поради тоа, туку и поради прекрасната природа и чистиот планински воздух кои престојот во Крушево го прават многу пријатен, особено во летните месеци кога температурите се високи, а во Крушево се идеални.
Кога се зборува за Крушево како топ дестинација за алтернативен туризам, не се мисли само на параглајдингот и змајарството. Крушево поседува и други големи потенцијали. Градот е опкружен со многу планини и врвови, така што нуди одлична можност за пешачки и планинарски тури. Големиот број на патеки едноставно им нудат избор на самите туристи, дали ќе се одлучат за рекреативни тури, или па за некои потешки тури, кои бараат физичка спремност и претходно искуство. Еден од највисоките врвови во околината на градот е врвот на планината Мусица (1788 м.н.в) кој се протега северно од градот, на потегот кон манастирот св. Преображение. Одлична тура која бара претходна подготовка и нуди можност да се види прекрасната природа, како и дивите коњи кои се наоѓаат таму.
Исто така, има многу добри патеки за
планински велосипедизам кој претставува уште една многу интересна активност.
Има најмалку десетици патеки, дел од нив водат и до некои од крушевските села.
Овие тури бараат претходна подготвеност и секако, добро познавање на теренот по
кој се движиме. Големиот број на патеки во околината, пак ни нуди некој избор,
со тоа што секој во зависност од тоа колку е подготвен нормално, може да избира
која тура ќе ја вози, дали тоа ќе биде тура од 10 км, 20 км, а за најспремните
велосипедисти има и тура која е цели 40 км која се вози еден дел низ тежок
планински предел, а еден дел по асфалт.
Убавата природа ни дава и можност за
кампинг на отворено, на повеќе локации во околината на Крушево. Едни од
најдобрите и најпосетените се месноста Мечкин Камен, како и Крушевското Езеро
кое нуди можност за спортски риболов, како и за кајакарење. Предноста на овие
локации е што нудат простор и услови за поставување на кампови, престој преку
денот, а и од градот се оддалечени на само неколку километри, што овозможува
лесен пристап и набавување на основните продукти кои се потребни за време на
престојот.
Кога е Крушево во прашање, природата не штедела во создавањето на услови за алтернативен туризам. Наше е да ги препознаеме тие потенцијали и понатаму силно да ги развиваме преку промоција, која во денешно време со експанзијата на интернетот и социјалните мрежи не е воопшто тешко да се направи. Потребна е само желба и секој со свој личен придонес да помага не само во промоција на сопствениот град и можностите кои тој ги нуди, туку и во континуирано одржување и развој на овие природни капацитети, кои не секоја држава и место ги поседуваат, а значат непроценливо многу!
Во сабота во Крушево ќе се снима видео спот за промоција на градот во рамки на кампањата #ДомаСиЕДома.
Видеото ќе ги опфати најголемите атракции во Крушево и сето тоа ќе биде комплетирано во едно видео парче за туристичка промоција насочена кон домашните туристи.
Вакви видеа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот подготвува за повеќе дестинации низ Македонија и истите имаат за цел да привлечат поголем број на туристи од државата.
Видеото ќе имате можност да го погледнете ексклузивно и на нашиот портал
Крушево – вашата најбезбедна дестинација за ова лето.
Сместувачките капацитети започнуваат со работа – Крушево 100 % рестарт!
Хотелите и сите останати сместувачки капацитети во Крушево се пред целосен рестарт! Протоколите се изготвени и на 22-ри јуни хотелите Монтана Палас и Панорама Спа започнуваат со работа.
Ова го најави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка туризмот Љупчо Јаневски преку својот Фејсбук профил.
Донесени се протоколите за работа на хотелите и сместувачките капацитети во Македонија. Истите ќе отпочнат да се применуваат од 22.06.2020 година ??? #домасиедома– пишува Јаневски на својот профил.
Од наредната недела Крушево целосно се рестартира и токму таа е дестинацијата која е најбезбедна за вас ова лето. Добредојдовте! #ДомаСиЕДома