На мото тура во Крушево

Крушево и околината се одлични за велосипедизам, планинарење, собирање билки, но исто така и за мото тури.

Нашите другари Таки Јуца, Ташули Стојкоски, Валентин Мургоски и Стефан Новески речиси секоја недела ги користат пределите околу Крушево за тура со нивните мотори.

Мото турите се уште еден извор на адреналин во Крушево.

Најчесто главната цел на турата е врвот Мусица на 1788 метри надморска висина до кој се доаѓа користејќи ги земјените и т.н. стари патишта во Крушево.

Турата започнува од месноста Гумење и се движи по стариот пат за манастирот Св. Преображение. Од манастирот мото турата продолжува по нагорнините кои водат се до врвот.

Турата може да се движи и од Мечкин камен преку околината на и самиот ски центар. По патот се поминува низ трла, историски споменици како Слива, предели со билки и др.

Во оваа тура се опфаќаат многу предели на околината на Крушево, дури и подалечни делови кои се граничат со Македонски Брод и селата како Св. Митрани.

Ако сте љубители на мотори и невообичаена доза на адреналин тогаш искористете ги пределите опишани погоре.

Трејлерот за Крушево е тука, го очекуваме целосното видео

Најавното видео за Крушево кое го изработува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и партнерите е објавено. За многу скоро го очекуваме целосното видео, а по она што е објавено ќе биде неодоливо! #ДомаСиЕДома

ВИКЕНД ПОНУДА Музеите се отворени, пробајте вкусна храна во Либра

Пред нас е првиот викенд за користење на ваучерите за туризам. Во Крушево има околу 20 сместувачки капацитети кои работат со овие ваучери, а деновите што претстојат носат уникатна понуда за вас.

Музеите се отворени по неколку месеци пауза и по подолго време можете повторно да ја почувствувате историјата на Крушево. Посетете ги Македониум, галеријата Никола Мартиноски и спомен куќата „Тодор Проески“ кои работат од 9 до 16 часот.

За вкусен ручек ви предлагаме да посетите еден од локалите во близина на музеите. Посетете го ресторан Либра и пробајте паста со кулен и растопен кашкавал.

За недела ви препорачуваме прошетка до манастирот Св. Преображение. Кога веќе сте на манастирот испешачете и до 33-метарскиот крст од каде што можете да го погледнете цело Крушево, околината и дел од Пелагонија. Крстот се наоѓа на 15 минути пешачење од самиот манастир.

Поглед од Св. Преображение

Посетете го Крушево уште овој викенд. Не’ очекува убаво време.

Од утре може да се користат ваучерите за туризам

Од утре, 15-ти јули, сите добитници на ваучери за туризам ќе можат да ги користат во еден од сместувачките капацитети во Крушево.

Ваучерите за туризам можат да се искористат само еднаш и само во еден угостителски објект.

Во Крушево корисници на ваучерот се двата хотели и 20-тина сместувачки капацитети од приватното сместување.

Ве очекуваме уште овој викенд!

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)