Во спомен на Тоше и P.S. Guitar Fest Krushevo на Христо Христоски Мулар измина минатата недела. Домаќините победија на фудбалскиот турнир во чест на Тоше, а ние имавме чест да проследиме дел од музичкиот настан.
Во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржа 15-тото издание на фестивалот на гитара кој го започна сега покојниот Христо Христоски Мулар, а го прододолжи синот на Христо – Перо Мулар.
Настанот го најавивме преку едно пријатно интервју со Перо, а нашите фотографии зборуваат за високото ниво на уметност кое 3 дена се претставуваше во Крушево.
Дуо Балкан (Луна Лилиќ и Матеј Детељ)
Првиот ден од настанот започна со настап на Дарко Багески кој го заокружи своето претставување со една од најомилените нумери, како што кажа тој, на Христо Христоски Мулар.
2 настани викендов во Крушево. Утре, на 21.05.2024, започнува 15-тото издание на P.S. Guitar Fest Krushevo во често на Христо Христоски Мулар. Втор настан кој започнува со свечено отворање во петок е 14-от Меѓунарден турнир во мал фудбал „Тоше Проески“.
P.S. Guitar Fest Krushevo го најавивме преку интервју со синот на Христо Христоски Мулар, Перо Мулар. Фестивалот ќе трае 3 дена, а концертите ќе се одржуваат во спомен куќата „Тодор Проески“. Целосната програма проследете ја тука.
Програма – P.S. Guitar Fest Krushevo
Веќе во сабота во 10 часот во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ започнуваат натпреварите од меѓународниот турнир во чест на Тоше кој последните неколку години се одржува во родниот град на пејачот. Дел од турнирот ќе биде делегација од Нова Градишка, градот во чија близина Тоше Проески трагично го загуби животот.
Мулар: Guitar Fest е во чест на татко ми, музиката и Крушево
Advisor: Јубилејно издание на P.S. Guitar Fest. Што има на овогодинешната програма и дали ова издание е поразлично од претходните?
Како што напомена, оваа година ќе се одржи јубилејното 15-то по ред издание на П.С.Гитар-фест Крушево. Фестивалот и оваа година ќе се одржи во спомен куќа Тодор Проески од 31.05.-02.06.2024 година. На 31.05.2024 во 20:00ч фестивалот ќе го отвори гитаристот и професор по гитара Дарко Багескисо неговите гости Дуото “Балкан” кое го сочинуваат Луна Пилиќ и Матеј Детаљ.
Иако до сега сме имале учесници кои одржувале концерти од различни стилови на музиката како и интересни музички перформанси каде што секогаш гитарата била во прв план, за оваа година, како поразлична од претходните, би напоменал декаа ќе имаме концерт каде што ќе се спојат двете гитари на Дејан Лазаревски и Горан Тенев со женскиот младински хор “Менада” под дирегентската палка на Маестро д-р Ивица Зориќ. Концертот е закажан за 01.06.2024 во 20:00ч. Овие исклучителни уметници специјално за ова јубилејно издание на фестивалот подготвија многу интересен реперотоар на композиции.
Фестивалот ќе биде затворен на 02.06.2024 во 12:00ч со концерт на учесниците на летната школа за гитара која се одржува во рамки на самиот фестивал, под менторство на м-р Васко Пиличев.
P.S. Guitar Fest 2023
Advisor: Што те мотивираше да ја продолжиш организацијата на фестивалот кој го започна твојот татко и наш легендарен сограѓанин Христо Христоски Мулар? Дали е само оддавањето чест или тука спаѓа и посветување внимание на вредноста на музиката и уметноста?
Пред се , главната мотивацијата за одржување на сега веќе традиционалниот П.С. Гитар-фест, беше аманетот оставен од мојот татко Христо Христоски-Мулар, кој за жал почина во 2017 година. Со самото негово одржување на некој начин му се оддава почит за се што има направено за промоција на гитарата, а и музиката како уметност воопшто.
Исто така, би додал дека една од мотивациите за одржување на фестивалот е и самата промоција на градот Крушево, како град на историја, култура и уметност.
Кога сме кај промоцијата на фестивалот и градот Крушево, би сакал да напоменам дека оваа година од 15-19.05.2024 бевме поканети на јубилејниот 25-ти по ред Гитар-Арт Фестивал кој се одржува секоја година во Белград, Р.Србија. Во рамки на самиот фестивал беше одржано 9-то по ред издание на АСЕГ (Асоцијација на класични гитаристи на југоисточна европа) каде што членуваат 11 земји, а имавме можност да го промовираме нашиот фестивал П.С.Гитар-фест и секако градот Крушево како место каде што истиот се одржува.
P.S. Guitar Fest во Белград, Србија
Advisor: Кој е Христо Христоски-Мулар? Татко, уметник, првиот учител на Тоше, носител на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“?
Христо Христоски-Мулар пред се е мојот татко, човек кој беше вљубен во гитарата, музиката, јогата и Крушево. Христо како гитарист, композитор и музиколог има издадено две цедиња со класична гитара, збирка на “110 македонски фолкорни бисери”, серијал од шест едиции на влашки песни. Исто така е и познат како првиот музички учител на нашата музичка икона Тоше Проески за кој ја има компонирно и неговата прва песна на влашки јазик “Паплу амел” со која настапи на Златно Славејче. Во последните неколку години од својот живот пишуваше школа за гитара со која сакаше да им помогне на младите на што полесен и поедноставен начин да ги совладаат тајните на гитара, но за жал не успеа да ја издаде.
Advisor: Како сметаш дека Крушево треба да му се оддолжи на Христо Христоски-Мулар за сиот придонес за културата во Крушево, уметноста, музиката, манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ и друго?
Како фамилија сме благодарни што Градот Крушево во 2018 година му оддаде почит на Христо со доделување постхумно осмо-септемвриска плакета за заслужен граѓанин на градот Крушево. Исто така постхумно му е доделена плакета за заслуги од страна на манифестациајта “Десет дена Крушевска Република” која тој ја водеше долги години.
Периодов сме во исчекување на конечен одговор од градот Крушево, дали ќе биде прифатена иницијативата од влашкото здружението “Тихе”, младинскиот културен центар во Крушево да го носи неговото име, како знак на благодарност за целиот негов придонес во музичкото и културно наследство на градот, а пред се во помагањето на младите кои преку него го имаа првиот допир со музиката.
Перо Мулар(лево), Петар Чулиќ, Антина Мулар, сопруга на Перо Мулар(десно)
Advisor: Кажи ни нешто повеќе за тебе. Како твои сограѓани знаеме дека си играл пинг понг, но својот живот го продолжуваш во Скопје каде што се насочуваш на друга кариера. Кој е Перо Мулар?
Перо Мулар: На кратко за мене. Целата младост ја поминав во Крушево, тука завршив основно и средно образование. Во 2006 година се запишав на економскиот факултетет во Прилеп каде што ја завршив првата година, а потоа од втора година се префрлив на П.М колеџ во Белград, Р.Србија каде што и дипломирав во 2010 година и се здобив титула Проектен менаџер. Во 2011 година се преселив во Скопје каде што и живеам моментално со мојата сопруга и мојот син. Тринаесет години работев во финансискиот сектор, поточно во една од комерцијалните банки, а од неодмна поточно од март оваа година почнав да работам во логистика.
На крај, би сакал да ви се заблагодарм за ова интервју и посакувам голем услех на вашиот виртуелн туристички водич.
Се заблагодаруваме за издвоеното време и убавите желби. Наша чест беше да поразговараме со синот на Христо Христоски-Мулар и се приклучуваме на иницијативата младинскиот културен центар во Крушево да го носи името на познатиот гитарист, уметник и крушевчанец Христо Христоски-Мулар.
Крушево и без снег атрактивно! Доказ се бројните туристи секој ден во Новата година. Така ни’ почна оваа 2024-та
Годината носи многу возбуда во Крушево, а почетокот на истата покажа дека Крушево станува се повеќе атрактивно. Сега не зависиме од снег, или пак ја делиме сезоната на лето и зима. Се е во едно. Крушево е се во едно во секој месец од годината. И тоа се потврдува во текот напрвите речиси 6 месеци.
Ги имавме првите настани. Настанот посветен на Тоше во јануари, Macedonian 4X4 Trophy а пред нас се турнир во фудбал во чест на Тоше Проески и P.S. Gutar Fest Krushevo. Најавата за неколку параглајдинг натпревари секако се’ уште важи.
Од прошетки, преку посета на споменици до забави на ски терените и уживање на гости кај угостителите… Тоа се активностите и содржини кои секогаш ги привлекуваат луѓето да дојдат во градот на 1250 м.н.в. Згусната агенда на секој посетител оваа година. Љубителите на Крушево очигледно е дека уживаат во нашиот град.
Бројни туристи се тука од понеделник до недела. Тоа значи дека Крушево расте од туристички аспект. Многу од вас веќе се уверија уште на почетокот на 2024…
…..
Во 2024 навистина ќе биде возбудливо. Се очекуваат параглајдинг првенства, традиционалните настани кои се одржуваат (When in Krusevo, 10 дена Крушевска Република, Крушево низ корија, пливачки маратон, трки во трчање…), но и авантуристички тури со оф роуд возила и тури со коњи и многу други возбудловости.