Секој слободен ден нова мото тура

Доцното лето е атрактивно за многу активности меѓу кои и мото турите. Нашите другари моторџии и денес се на разноликите предели на Крушево и ја истражуваат околината на мотор.

Денеска моторџиите се на пределот од скијачкиот центар Станич, кон крушевското село Острилци, манастирот во околината на с. Журче и се завршува преку Бирино до Мечкин Камен.

Денешната тура, која е во тек додека го пишуваме овој напис, е искористување на слободното време за ваква високо адреналинска активност. Тоа покажува дека Крушево е без малку совршена дестинација за активен одмор, за одмор со можности за ниско и високо адреналински активности.

Крушево е место каде што батериите можете да ги наполните преку мото тури, вело и планинарски, пешачење или возење четирицикл, параглајдинг и друго.

Крушево – твојата дестинација за активен одмор.

Тиквешките точакџии се упатија кон Крушево – Од срце за Тоше

Групата на Тиквешки точакџии вчера, 20-ти септември, го започна своето патешествие во чест на Тоше.

Од срце за Тоше – на велосипед низ цела Македонија во чест на музичката ѕвезда

Вчера официјално започна турата околу Македонија која треба да заврши на 25-ти во Крушево и со тоа да се оддаде почит на ликот и делото на Тоше Проески.

Овој зафат е насловен Од срце за Тоше.

Крушево на 25-ти септември ќе ви посака топло добредојде!

Од срце за Тоше – на велосипед низ цела Македонија во чест на музичката ѕвезда

И оваа година Тиквешки точакџии од Кавадарци ќе возат до Крушево во често на Тоше Проески. Драган Јованов, Марјан Хаџи Мустафов, Марјан Кузманов, Џоке Милевски и Арол Гечев се јунаците кои ќе возат низ цела држава во времетраење од 5 дена за да пристигнат во Крушево.

Оваа година заради состојбата со коронавирусот возењето во чест на Тоше ќе биде само на територија на Македонија, а не како претходно од Нова Градишка.

Поаѓањето е во недела на 20-ти септември, а ќе финишира на 25-ти пред спомен куќата „Тоше Проески“.

На линкот подолу погледнете го најавното видео.

https://www.facebook.com/watch/?ref=search&v=650914472513712&external_log_id=11a04e9a-6d9c-44aa-a176-0a2621cab9bb&q=%D1%80%D1%82%D0%BA

Овој септември најубав во Крушево

Ми се чини дека овој септември е поинаков и особено поубав од претходните. Некако овој септември го доживуваме послободен заради се’ уште топлото време, заради задоцнетото активирање на туристичката сезона и заради сфаќањето дека нашиот град е еден од поубавите.

Градот е жив, раздвижен. Рестораните и кафулињата околу пладне и во вечерните часови се полни. Улиците се свежи, како сега да почнало летото. Туристи гледаме секој викенд, а природата „на велико“ се истражува.

Септември е поинаков затоа што се’ уште не сме се наситиле од летото. Сакаме уште лето, сакаме авантура, сакаме да истражуваме, да зборуваме за убавините да перцепираме зелена боја.

Времето деновиве е посвежо. Ова е доцно лето и летото во септември не може да биде толку топло на 1 250 м.н.в. како во останатите месеци. Но, убаво е. Преубаво.

Речиси секоја вечер го посетувам Крушевското Езеро, а викендите се резервирани за прошетки кон Мечкин Камен, Црн Врв, Станич и други локалитети и области во бујната и широка природа на Крушево.

При моите прошетки покрај стандардните практикувачи на здрав живот гледам скараџии и риболовци кои не се откажуваат од Езерото и ги црпат и последните моменти за оваа година.

На Гумење е уште повеќе раздвижено, а спортските терени се исполнети до доцните вечерни часови.

Крушево, имам впечаток, живее поинаку овој септември. Живее убаво и мирно. Го пишувам ова не само заради моите впечатоци, туку и заради тоа што Крушево е привлечно за туристи. Немам параглајдинг натпревари, но имаме параглајдеристи, немаме фестивали како Taste Krusevo но програмата беше исполната со најпознатото дуо во моментов Дац и Александар Митевски.

Овој септември за мене е толку убав шо мислам дека нема никогаш да го заборавам. Нека биде и за вас.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)