Ново место за нови спомени – Св. Никола Boutique Hotel {by skar}

Пицерија Скар, еден од најпрепознатливите брендови на Крушево, го подготвува својот нов проект кој ќе го носи името Св. Никола Boutique Hotel {by skar}.

Се работи за нов сместувачки капацитет кој треба да биде отворен до крајот на годината, а ќе содржи осум апартмани секој од нив со посебно име и приказна позади себе.

Апартманите ќе бидат дел од една уникатна зграда која е една од ретките со зачувана фасада симбол на уникатната крушевска архитектура.

Исто така, од самите апартмани има поглед кон неколку делови на градот.

Она што можеби е најинтересно, авторот на овој проект сака да создаде место, како што тие го нарекуваат, за создавање на нови спомени. Така што, бидете трпеливи Скар ви подготвува ново катче за вашите нови спомени од Крушево.

Очекувајте за многу скоро да ви ги презентираме прекрасните пејзажи кои ќе може да ги зграпчите од новите апартмани, како и самите апартмани подготвени само за вас. Наскоро…

Специјалитет со 100-годишна традиција – крушевски локум

Ако сте дошле во Крушево и си заминете без да си купите локум, тогаш… исто како и да не сте биле.

Ова е мотото на најголемиот број на туристи на Крушево, пред се’ домашни. Во недела продавниците во Крушево се преполни и се купува до последната кутија локум. Се купува за себе, за пријатели, за роднини и за многу луѓе што нарачале и не смееме а да не им купиме.

Инаку, крушевскиот локум е фамилијарна традиција долга повеќе од 100 години. Овој специјалитет во меѓународни рамки се доживува како македонска верзија на турски специјалитет.

Потребните состојки за подготовка на локумот се познати, но начинот на кој се подготвува е тајна и затоа вкусот е толку неодолив.

Ќе ви раскажам една лична приказна. Летово ги посетив Апартмани Наде во населбата Езерски лозја во Струга. Како благодарност за прекрасното сместување и топлиот однос си однесов локум. Според крушевските верувања на овој начин соодветно се заблагодарив за топлиот пречек и пријатниот престој.

Не правете и вие грешка, драги наши, дојдете во Крушево купете си, или нарачајте по ваш пријател или познаник.

Сотир Габелоски

Платформата Викенд во Крушево дел од стратегијата за развој на туризмот во општина Крушево

Нашата платформа Викенд во Крушево – Вашиот онлајн туристички водич е дел од стратегијата за развој на туризмот која ја изработи општина Крушево.

Платформата се карактеризира како еден важен сегмент во промоција на туристичката понуда на Крушево и служи за да ги обезбеди сите информации за туристите.

Ова за нас, целиот тим на Викенд во Крушево, е големо признание и показател дека сме фактор во развојот на туризмот и привлекување повеќе туристи во нашиот град.

Во недела концерт на Билјана Јосифов во спомен на Христо Мулар

Во недела крушевчанката Билјана Јосифов ќе одржи концерт во спомен на гитаристот и музичар од Крушево Христо Христоски Мулар. Коцнертот е закажан за 18 часот во храмот Св. Никола, а присуството е ограничено.

Програмата ќе содржи атрактивни арии, песни и трио од духовен и сериозен карактер.
Уметнички соработник е Андреј Наунов а гостин ќе биде виолончелистот Кирил Јосифов
.

Поради Ваша безбедност, капацитетот на седишта ќе биде ограничен, со што замолуваме да ги почитувате мерките за заштита, односно, да носите заштитна опрема – маска, држење на растојание, дезинфицирање пред влезот на Храмот Свети Никола, мерење на температура, како и, почитување на протоколот за влез на концертот кој ќе го контролира задолжено лице., велат од организацијата.

Повеќе детали за настанот на следниот линк.

Христу Мулар ( 1955, Крушево – 2017, Скопје) беше музичар со долгогодишно искуство како гитарист, автор, педагог, организатор, уредник и издавач на повеќе носачи на звук и книги со музички материјали. Во изминатите три децении успешно се занимаваше со повеќе музички жанрови- од изворната македонска и влашка музика, популарната па се до класичната музика. Тоа се гледа и од неговите музички изданија- неколку касети и компакт дискови со македонски и влашки народни песни од Крушево и крушевско, детски песни, а подоцна и два компакт диска со обработки на македонски забавни композиции за гитара и оркестар, избор од скопските фестивали, “ Макфест”.

Со свои композиции успешно учествувал на повеќе фестивали, а забележливи се и неговите концерти за класична гитара, во дуо гитари, со виолина, флејта, камерен оркестар.

Од 2002 година како уметнички директор успешно ја организираше ревијата за детски песни со влашки и македонски текстови “Primuveara” (“Детска пролет”), а од 2010 година беше уметнички директор на интернационалниот фестивал “П.С. Гитар-фест”. Во Крушево организираше летни и зимски семинари за гитара а на повеќе меѓународни гитарски фестивали беше член на жирија и држеше мастер часови.
Исто така, подолго време се занимаваше со етномузиколошка дејност. Собрал и евидентирал повеќе од 700 македонски народни песни а дел од нив се објавени во збирката “110 македонски фолклорни бисери”. Голем дел од неговите активности беа насочени кон проучување, собирање и презентирање на влашките народни песни. Во неговата архива евидентирал повеќе од 500 изворни влашки песни, а резултат на тие негови заложби се и петте збирки од едицијата “Антологија на влашки песни”.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)