Препознатливо место за туристите од балканот – манастир Св. Преображение
Манастирот Свето Преображение се наоѓа надвор од Крушево на повеќе од 1 700 метри надморска висина и се смета за втор дом на познатиот македонски пејач Тоше Проески.
Овој манастир е преодна точка за планинските велосипедисти и планинарите на патот кон Мусица, на 1 780 м.н.в., а неговата изградба е почната од многу одамна.

Секој 18-ти август крушевчани се збираат тука по повод празникот Св. Преображение, а помладите ја поминуваат ноќта во шумата под отворено небо со запален оган.
Оддалечен 8 километри од градот манастирот е едно од најпопуларните места за балканските туристи.