Најдоброто место за параглајдинг
Крушево се смета за едно од најдобрите места за параглајдинг во светот. Полетиштето за параглајдери и змаеви на Мечкин Камен секоја година е домаќин на десетина интернационални натпревари во параглајдинг и змајарство.
Во 2019 година тука се одржа 16-тото Светско првенство во параглајдинг со 150 учесници од рекорден број на земји – 49 од целиот свет. Во 2021 година во Крушево ќе се одржи Светско првенство во змајарство.

Полетиштето се наоѓа на повеќе од 1 400 метри надморска висина, а причината зошто се смета за едно од најдобрите места за овие спортови е неговиот пристапен и безбеден терен со фактот што точките за слетување се блиску до патиштата кои водат до Крушево. Исто така, учесници на 16-тото Светско првенство во параглајдинг го ставаат полетиштето во топ 3 дестинации за овој спорт, пред се’, заради ружата на ветрови кои овозможуваат правилни подигнување од површината.
Општина Крушево сериозно инвестира во авантуристичкиот туризам каде што централно место има параглајдингот. Неколку проекти го ставаат параглајдерството во фокусот и очекуваните резултати се Крушево да стане една од топ 3 дестинации за параглајдинг и змајарство.
Последната инвестиција која се очекува на овој простор е поставување на двојно поголем вештачка трева, која ќе овозможи побезбедно полетување и одржување на уште поголеми меѓународни натпревари во параглајдинг.
На ова место општина Крушево ќе изгради и објект за самите параглајдеристи, а во функција на одржување на повеќе меѓународни првенства.

Местото Мечкин Камен, кој е во околината на полетиштето, е место за пикник во летниот период за туристите и крушевчани, а патот до таму е соодветен за пешачење и планински велосипедизам. Околните шуми нудат адреналин, чист воздух и плодна вегетација.
Мечкин Камен е уште едно историско место во градот Крушево и затоа не пропуштајте да го посетите кога сте во Крушево.
Месноста Мечкин Камен
И покрај тоа што ова место е едно од поубавите и популарните излетнички места во себе со споменикот Мечкин Камен овој локалитет носи голема историска вредност за градот.

Споменикот Мечкин Камен е симбол на Илинденското востание кое се издигнало на 1-ви август 1903 година. Споменикот ги означува последните и очајнички обиди на малубројните членови на одредот на Питу Гули за заштита на градот од турскиот окупатор. Споменикот е спомен на загубените комитски животи за слободно Крушево од 1903-та година.
Спомениот е подигнат во 1983 година и е креација на македонскио вајар и академик Димо Тодоровски.
Што претставува ова место за Крушево?
Ако споменикот Мечкин Камен е поглед кон минатото, кон едно славно минато кое градот Крушево го има, местото за параглајдинг е поглед кон иднината, за крушевчани и затуристи од Европа и Светот.
